Правилата на работа на масонството се достапни за секој обичен смртник. Јас дури и на форумов имам поставено линкови кон нив - тоа е Уставот на Андерсон пред се.
Колку до останатите прашања - навистина имам зборувано за сите тие теми - не сум љубител на теории на заговор и изјави од типот "ако се знае дека фармацевтските компании се управувани од масони" ми се смешни! Се знае? Од каде? Имаш видено дека некој од директорите на тие компании е масон? Имаш видено негова членска книшка, некој го снимил како влегува во масонска ложа, нешто, било што?
А целата идеја околу штетноста на вакцините... тоа па ич не сакам да го коментирам, затоа што ќе избега темата во друг правец. Спореди ја смртноста од грип во 20-тите години на 20-тиот век, пред да почне да се користи масовно вакцината за грип, и денес. Од Шпанскиот грип имаат починато повеќе луѓе, отколку за време на Првата Светска Војна.
Денес, гледаш во Македонија што се случува - не се вакцинираат луѓе - па ете почнаа да умираат од грип, нешто што кај нас порано не се случуваше... Дали вакцините се штетни? Да, веројатно. Дали се корисни? Да, тоа е потврдено. Секој сам треба да си избере што е за него помало зло. Никој нема да те натера на сила да се вакцинираш, ниту пак било што друго да направиш - така да - за својата неспособност, немој да ги обвинуваш другите!