Машко со долга коса ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Хакет Мен
  • Време на започнување Време на започнување
Јас во средно имав долга коса последно и сега после доооооооооолго време повторно ја растам....и шишање више денехи нееема...
 
Значи ја сум наркоман. И тоа од 5-то одделение, па се до сега, 2ра година средно. На тешки дроги сум да. :pipi:
 
Ја неам баш долга коса,али може да влезам во вашата категорија.Ми викаат да се шишам,али јок бре.После да ми студи на главата.
 
Зависи на кој како, јас мењам помеѓу битлс долга и 0, ко друг човек изгледам, и кога сум нула, и кога имам долга + има фази додека ми расте :)
 
Имав до 8-мо итоа прилично долга косица :tv: Али сега кратка си ја носам
 
Се истрижив пред две години заличив на чоек по малку
 
ИМам огромна коса и не планирам да се Стрижам (шишам) освен да ја ретчам нормално.
 
носев долга коса.. ме нервираше ептен коа требаше да се сушам или летно време.. мука невидена!!!

Инаку.. шознам.. зависи на кој како му стои.. ако му изгледа убаво нек си тера ако не берберот го чека :smir:
 
Дааааааа сакам машки со долга коса..... и секогаш се енрвирам оти тие имаат подолга и поубава коса од девојчината :)
 
Секој има право на свој избор и на личен вкус. Така да апсолутно не ми пречи доколку машкото има долга коса ( или во случај женското доколку има кратка ). Мислам ако им стои убаво и доколку тие се чувствуват убаво во сопствената кожа на тој начин, тогаш од моја страна ја имат целосната подршка.
 
Ако може да има женско со кратка коса, може и машките да имаат долга коса. Секако, доколку им стои.

Ме нервираат предрасуди од типот "машко си, ишишај се, наркоман, дрогер, пијаничиште итн". Ако некој сака да има долга коса, тоа е негов избор и никој нема право да му се меша во личната одлука, особено кога станува збор за изгледот.
 
Долга коса кај машките

Зошто кога ќе кажеме долга коса кај машките некои луѓе помислуват дека тоа се наркомани, нездрави и многу други работи...што тоа не е точно

Дали луѓето размислуват правилно на оваа тема ???
 
Па тоа е бидејки металците носат долга коса и простата раја мисли дека сите металци се дрогаши што е сосема неправилно бидејки знам многу луѓе кои се успешни а слушаат метал.Потоа мислат дека тие со долга коса не си ја мијат косата и не одржуваат хигиена доволно (што пак не мора да значи тоа варира од личност до личност).А тука е и нашиот македонски менталитет-се што е надвор од „нормата“ е нездраво.А самата наша „норма“ е нездрава бидејки секој му посакува лошо на другиот и мисли дека е ненормален само затоа што не сакаат исти нешта и не слушаат иста музика.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom