Машински Факултет

  • Креатор на темата Креатор на темата DimceY
  • Време на започнување Време на започнување
Hello again. Јас изгледа се одлучив 95% за ИИМ...и сега слушам муабети дека демек со овој смер иако ќе станам инжинер не би можела да работам како таков..бидејќи акцентот е и на економските предмети...Дали е тоа навистина така? Има ли овде на форумов некој завршено ИИМ па си работи на струката (машински инженер)? Што е случај со нашиве факултети обично малку тешко им е на студентите да ја применат теоријата во пракса, но јас сметам дека тоа што ќе го научам би можела да го искористам потоа... Може ли некој совет бидејќи сите различно ми кажуваат ( како демек џабе ќе се мачиш нема да те третираат како инжинер, итн..) стварно ми е важно o_O
Благодарам
Ако сакаш да работиш како инженерка зошто едноставно не запишеш друг чисто машински смер со кој сигурно ќе бидеш третирана како инженер?? Јас не сум ИИМ ама од тоа што зборуваат и професорите на мојот смер не би ти го препорачал ИИМ. Не дека смерот е лош или нема да бидеш ништо со него меѓутоа ако те интересира инженерството бирај друг смер. Тоа е од мене.
 
Јас тие што ги знам од ИИМ 90% работат или во банки или во некои такви институции. И јас нема да те сметам за инженер неможе другите 4 години да си го дупнат газот од учење а студентите на ИИМ 2 години учат исто што и другите смерови а другите 2 менаџерски предмети...Ти ќе имаш диплома за машински инженер ама за многу луѓе нема да бидеш баш тоа затоа што сепак ко на некој друг смер проблематика конкретна што ќе си учела вамо учиш менаџмент.
 
Благодарам многу за мислењето што го споделивте. А што би можеле да ми кажете за Транспорт механизација и логистика, за Производно Инженерство, или пак за ЕЕ?
 
Blood1 RHCP
Според мене ПИ е најдобар смер во моментов на машински. Кога сега би се запишувал, без мислење ќе се запишам на ПИ. Интересна студиска програма е, плус според мене има најдобри можности за вработување по дипломирањето. Разгледајте си на страната на факултетот,за секоја насока ги има предметите,па видете што ве интересира.
 
Може некој да ми каже како е на машински на УКИМ,и како е на УГД?И постои ли можност смерот ЕЕ да се воведе од оваа година на УГД?
 
Здраво на сите,јас сум ех-Електраш ( прва година ми е почеток и крај бидејќи на квадрат ми е и се отпишав во 2011),иначе завршив во Орце,економско правна насока,иначе математиката не ја сакам многу,но си имав тројка просек оцена отсекогаш ....Сеа еве правев и сум во тек во 2 годишен распуст од отпишувањето на фкултет .....Да се вратам на главното, дали е навистина полесно на Машински,и заинтересиран сум да се вратам на факултет и го одбрав Машински .....Термичко инженерство и Индустриско инж. и менаџмент ?! Планирам на некоја од овие насоки да одам,но ми треба малку ваши коментари,која е вашата препорака или критика за овие насоки .....Иначе малку ја подзаборавив математиката за сето ова време ..... Од Скопје сум,имам 22 години ....Позз и чекам мислења :) Благодарам многу зошто вашите мислења ќе имаат сериозно влијаниа врз мојата крајна одлука ..... Ќе допринесат де :) не мора толку екстремни ....
 
Би замолил некој од колегите или студенти кои скоро завршуваат а се од насоката Заварување и дизајн на конструкции, а доколку сакаат да ги споедлат проектните задачи по предметот "Процесни постројки и системи", така се викаше јас кога го слушав, сега е можно да е сменето името.Потребни ми се ургентно, а не сум во состојба да ги најдам. Би ја ценел таа помош и секако би возвратил со услуга. Пожелно е да се во Word формат. Ова е мојот емаил: vrska41@yahoo.com ..... Благодарност од напред
 
Дали има некој што студира или завршил Индустриски дизајн (3 годишни)? И колку е задоволен од студиите? Од предметите? Од предавањата? Дали доволно се изучува дизајн и дали има доволно проекти?
Мислам на некој што навистина го интересира дизајн, а не е запишан на смерот само за да заврши факултет.
Прашувам зашто јас сум на ФИНКИ (не оти не можам да го поминам туку повеќе ме интересира дизајн) и сакам да се префрлам на машински на тој смер, па дали е исплатливо тоа да го направам.
 
Ima nekoj sto moze da mi objasni nesto za inzinier za sobrakaj ? :)
 
Здраво на сите,јас сум ех-Електраш ( прва година ми е почеток и крај бидејќи на квадрат ми е и се отпишав во 2011),иначе завршив во Орце,економско правна насока,иначе математиката не ја сакам многу,но си имав тројка просек оцена отсекогаш ....Сеа еве правев и сум во тек во 2 годишен распуст од отпишувањето на фкултет .....Да се вратам на главното, дали е навистина полесно на Машински,и заинтересиран сум да се вратам на факултет и го одбрав Машински .....Термичко инженерство и Индустриско инж. и менаџмент ?! Планирам на некоја од овие насоки да одам,но ми треба малку ваши коментари,која е вашата препорака или критика за овие насоки .....Иначе малку ја подзаборавив математиката за сето ова време ..... Од Скопје сум,имам 22 години ....Позз и чекам мислења :) Благодарам многу зошто вашите мислења ќе имаат сериозно влијаниа врз мојата крајна одлука ..... Ќе допринесат де :) не мора толку екстремни ....
http://www.fakulteti.mk/news/13-03-15/oglas_za_vrabotuvanje_vo_alkaloid.aspx
Вакво нешто имам сретнато во повеќе огчаси! Термичко ти е најдобриот смер на Машински, а кога го споредуваш со ИИМ нема потреба од никакви коментари, ако сакаш да студираш машинство не прави споредба помеѓу овие смерови туку одбери го Термо без размислување ;)
 
Здраво. Ако може да ми каже некој машинец каде би можело да се видат(на нет) сликите од овогодишните(2013год) апсолвенти од машински доколку се објавени, а доколку не се каде да ги очекувам(некоја фб-страна на фотостудио или слично)? Фала :)
 
Здраво
Оваа година сум матурант. Учам средно стручно, смер Автотехничар-мехатроничар. Па планирам да продолжам на машински, размислувам помеѓу моторни возила и мехатроника. Па ќе ве замолам за некои совети, ваши размислувања и некои информации за овие два смерови.
 
Мехатроника важи за еден од најтешките смерови, но е доста просперитетен, така да ти го препорачувам. Јас за жал сум на ИИМ, со овој памет пред две години не би го одбрала смерот :D
 
Мехатроника важи за еден од најтешките смерови, но е доста просперитетен, така да ти го препорачувам. Јас за жал сум на ИИМ, со овој памет пред две години не би го одбрала смерот :D

Многу е заебано искрено во оваа држава да го студираш она што го сакаш .... Имам 23 години .... Имаш талент,способности за тоа поле што го сакаш но неможеш да го студираш поради преголемиот обем на студенти или не можеш да најдеш работа ..... Завршив во Орце .... Извинете за оффтопиков ,но ми дојде момент на емотивност Сакав на Економски или на Правен да одам,но ја знаете ситуацијата одлучив на Електро да одам и покрај со математиката така и така имам некои проблеми и бев таму 2 години ..... но сфатив дека едноставно не сум таму и се отпишав ајде да речеме и покрај тоа имав некој успех со полагање на испити редовно .... моментално сум дома и планирам да се запишам на Машински можеби на термодинамика,така мислам се викаше струката ..... ми се допаѓа навистина тоа .... топло ладно ... користење ..... нешто некој малку да ми објасни како е таму ..... викаат доста потенцијал има таму за во иднина како поле .... но за студирање било малку тешко ..... може некој да ми помогне со совети како е сега таму моментално,кои професори се таму,како е со полагање .... во кратки црти да ми објасни општо како е ,одлично ли е ?! има ли доста студенти кои сакаат да студираат тоа .... :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom