Клипче
asd
- Член од
- 8 јануари 2012
- Мислења
- 14.044
- Поени од реакции
- 36.924
Добро го реши случајот.Crniot dzip e na bratucedot na Mijalkov
Приложи ги доказите за да можат да се апсат виновниците.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Добро го реши случајот.Crniot dzip e na bratucedot na Mijalkov
ЌЕ СВЕТНЕ ХРАМОТ КАЈ СМИЛКОВСКО ЕЗЕРО
Црквата „Свети четириесет маченици младенци“ потсетник на свирепото убиство: „Само господ знае зошто ни ги убија децата“
„Ако, нека се градат цркви, да има народот каде да запали свеќа, каде да се помоли. И без тој објект споменот за момчињата, четирите млади фиданки на Радишани, засекогаш ќе биде со нас. Тие беа мирни деца, никого не задеваа, никому ништо му немаа згрешено. Само господ знае зошто ни ги убија децата", завиени во црно и во грч од болка ни рекоа роднини на убиените момчиња.![]()
Црквата „Свети четириесет маченици Mладенци“ кај Смилковско Езеро, која се воздигнува во спомен на четирите убиени момчиња Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Трпковски, и Борче Стевковски, рибарот од Црешево, до крајот на месецов ќе биде осветлена, ќе добие врата и прозорци, ограда.
![]()
На објектот, потсетник на масакрот од пред две години, има уште работа и покрај желбата на граѓаните од селата Стајковци, Смилковци, Црешево и Виниче светиот храм да биде пуштен во употреба што поскоро. Токму по иницијатива на месните заедници од овие села на местото наречено Кршиколе или Крст, близу скопската заобиколница беше подигната црквата, а со благослов на архиепископот охридски и македонски г.г Стефан осветена на 24 февруари годинава.
![]()
Темпото на градежните активности зависи од приливот на донациите од граѓаните. Освен месните заедници на околните села, изградбата на овој објект ја помагаат фирми од земјава, но има интерес за донации и од странство. Благојче Трпковски, член на иницијативниот одбор за изградба на „Светите четириесет маченици младенци“, е охрабрен дека работата ќе може да се забрза по најавата дека наскоро ќе стаса донација и од еден наш иселеник во Австралија.
„Како што доаѓаат донации, така и се изведуваат градежните работи на објектот. Секој ден сме на градилиштето и за еден месец планираме да ја затвориме црквата, да поставиме врата и прозорци и струја. Досега се потрошени околу 30.000 евра, а само за изградба на камбанаријата ќе бидат потребни 10.000 евра. Со помош на граѓаните од Македонија и надвор од земјава ќе го изградиме овој црковен храм во спомен на невините жртви кај Смилковското Езеро“, вели Трпковски и открива дека на тоа место многу одамна исто така имало црква.
![]()
Црквата во основата се простира на околу 150 квадратни метри. Предвидено е околината да биде уреден парк од 6.000 квадратни метри, ќе има камбанарија со голем крст, пет видиковци и пет бора во спомен на убиените. Проектот е изработен од градежната фирма Жикол.
Немаше работници кога денеска го посетивме градилиштето. На црквата работеле до вчера, а денеска ги избркал дождот. Крај високите трски околу езерото затекнавме само тројца рибари. Едниот од нив, чест посетител на езерото ни потврди дека иницијативата за изградба на црква на злокобното место е на граѓани од околните села и дека многу пати летово тука бил сведок на градежните работи.
![]()
Храмот во изградба е оддалечен на два чекора од брегот на Смилковско Езеро, каде што на кобниот Велики Четврток, беа свирепо убиени четири момчиња, матуранти од Радишани на возраст од 18 до 21 година, и четириесет и петгодишен рибар.
„Ако, нека се градат цркви, да има народот каде да запали свеќа, каде да се помоли. И без тој објект споменот за момчињата, четирите млади фиданки на Радишани, засекогаш ќе биде со нас. Тие беа мирни деца, никого не задеваа, никому ништо му немаа згрешено. Само господ знае зошто ни ги убија децата“, завиени во црно и во грч од болка ни рекоа роднини на убиените момчиња.
![]()
Судењето за монструозното убиство се очекува да продолжи во октомври, откако минатата недела беше одложено затоа што еден од адвокатите на обвинетите му бил роднина на еден од поротниците.
Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, првообвинети за масакрот, сè уште се на Косово, каде што се осудени на по две години затвор поради нелегално поседување оружје, по што, како што неодамна најавија косовските власти, ќе ѝ бидат испорачани на Македонија. Обвинети се и Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди и Хаки Азири.
А дали е тоа вистината.Кутрите тие невини момчиња кои скапуваат во затвор оти нема докази... Извор: Алсат.
Имам пречувство дека овие ќе бидат ослободени..![]()
Тројца од обвинетите, Алил Демири, кој е во бегство, Фејзи Азири и Хаки Азири имаат нов адвокат, Ѓорѓи Настевски кој бил во роднинска врска со еден од поротниците во судењето. Поротникот му бил внук од прва братучетка на адвокатот.
Кој е копуков што се нафатил да ги брани све по список...
Ко така се надевам дека нема со прст да мрдне додека трае процесот.nema lutish, rabota mu e.
Inaku bi se vikalo linch ne sudenje.