Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Ги знаат сите дупки, мме. Ќе се најде некој будала во затвор да им пресуди, идиоти.
 
ЌЕ СВЕТНЕ ХРАМОТ КАЈ СМИЛКОВСКО ЕЗЕРО

Црквата „Свети четириесет маченици младенци“ потсетник на свирепото убиство: „Само господ знае зошто ни ги убија децата“

„Ако, нека се градат цркви, да има народот каде да запали свеќа, каде да се помоли. И без тој објект споменот за момчињата, четирите млади фиданки на Радишани, засекогаш ќе биде со нас. Тие беа мирни деца, никого не задеваа, никому ништо му немаа згрешено. Само господ знае зошто ни ги убија децата", завиени во црно и во грч од болка ни рекоа роднини на убиените момчиња.
mkd-78719.jpg

Црквата „Свети четириесет маченици Mладенци“ кај Смилковско Езеро, која се воздигнува во спомен на четирите убиени момчиња Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Трпковски, и Борче Стевковски, рибарот од Црешево, до крајот на месецов ќе биде осветлена, ќе добие врата и прозорци, ограда.
mkd-78728.jpg

На објектот, потсетник на масакрот од пред две години, има уште работа и покрај желбата на граѓаните од селата Стајковци, Смилковци, Црешево и Виниче светиот храм да биде пуштен во употреба што поскоро. Токму по иницијатива на месните заедници од овие села на местото наречено Кршиколе или Крст, близу скопската заобиколница беше подигната црквата, а со благослов на архиепископот охридски и македонски г.г Стефан осветена на 24 февруари годинава.
mkd-78720.jpg

Темпото на градежните активности зависи од приливот на донациите од граѓаните. Освен месните заедници на околните села, изградбата на овој објект ја помагаат фирми од земјава, но има интерес за донации и од странство. Благојче Трпковски, член на иницијативниот одбор за изградба на „Светите четириесет маченици младенци“, е охрабрен дека работата ќе може да се забрза по најавата дека наскоро ќе стаса донација и од еден наш иселеник во Австралија.
Како што доаѓаат донации, така и се изведуваат градежните работи на објектот. Секој ден сме на градилиштето и за еден месец планираме да ја затвориме црквата, да поставиме врата и прозорци и струја. Досега се потрошени околу 30.000 евра, а само за изградба на камбанаријата ќе бидат потребни 10.000 евра. Со помош на граѓаните од Македонија и надвор од земјава ќе го изградиме овој црковен храм во спомен на невините жртви кај Смилковското Езеро“, вели Трпковски и открива дека на тоа место многу одамна исто така имало црква.
mkd-78722.jpg

Црквата во основата се простира на околу 150 квадратни метри. Предвидено е околината да биде уреден парк од 6.000 квадратни метри, ќе има камбанарија со голем крст, пет видиковци и пет бора во спомен на убиените. Проектот е изработен од градежната фирма Жикол.
Немаше работници кога денеска го посетивме градилиштето. На црквата работеле до вчера, а денеска ги избркал дождот. Крај високите трски околу езерото затекнавме само тројца рибари. Едниот од нив, чест посетител на езерото ни потврди дека иницијативата за изградба на црква на злокобното место е на граѓани од околните села и дека многу пати летово тука бил сведок на градежните работи.
mkd-78719.jpg

Храмот во изградба е оддалечен на два чекора од брегот на Смилковско Езеро, каде што на кобниот Велики Четврток, беа свирепо убиени четири момчиња, матуранти од Радишани на возраст од 18 до 21 година, и четириесет и петгодишен рибар.
Ако, нека се градат цркви, да има народот каде да запали свеќа, каде да се помоли. И без тој објект споменот за момчињата, четирите млади фиданки на Радишани, засекогаш ќе биде со нас. Тие беа мирни деца, никого не задеваа, никому ништо му немаа згрешено. Само господ знае зошто ни ги убија децата“, завиени во црно и во грч од болка ни рекоа роднини на убиените момчиња.
mkd-78723.jpg

Судењето за монструозното убиство се очекува да продолжи во октомври, откако минатата недела беше одложено затоа што еден од адвокатите на обвинетите му бил роднина на еден од поротниците.
Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, првообвинети за масакрот, сè уште се на Косово, каде што се осудени на по две години затвор поради нелегално поседување оружје, по што, како што неодамна најавија косовските власти, ќе ѝ бидат испорачани на Македонија. Обвинети се и Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди и Хаки Азири.
 
Монструм, нема докази за седмиот обвинет


Против седмиот обвинет за случајот Монструм, Сами Лута, сѐ уште не е поднесено обвинение. По неговото апсење на 25 август почна истрагата против Лута кој е обвинет за пружење логистика на убијците.

И после 40 дена притвор, обвинителството не успеа да обезбеди доволно докази за да поднесе обвинување. Адвокатот Насер Рауфи рече дека на следното рочиште на 16 октомври, се очекува да се добие разрешница и за случајот на Лута.

„Сѐ уште нема обвинение. Процесот е во фаза на истрага. Сега чекаме обвинителството дали ќе го прошири обвинението и против Сами Лута или ќе одат со посебно обвинение или пак, ќе се прекине истрагата, бидејќи јас сум убеден дека нема докази. Исто како и за другите за кои нема докази, така и за Сами Лута нема докази. Ќе чекаме на наредното рочиште да видиме дали ќе се прошири обвинението и за Лута“, рече Насер Рауфи, адвокат.
http://alsat.mk/index.php/vesti/od_zemjata/5131-Монструм,-нема-докази-за-седмиот-обвинет.html

Срамота е ова бре аман, ајде да се реши случајот веќе, што прави обвнителството цело време?:facepalm:
 
Кутрите тие невини момчиња кои скапуваат во затвор оти нема докази... Извор: Алсат.
 
Секој нека се стави во положба ако е невин да те оптужат за убиство.природна човечка реакција е да се вика,тропа негодува,...буквално да неможат да те смират.

овие `типовите` уште на приведувањето се однесуваа доста смирено за такво обвинение.

нека проба секој во мислите да се стави во позиција невин да те обвинат.баш би сакал да чујам мисења околу реакциите што би ги направиле.

`невиниве` само барат дупки во обвинението,а никако да покажат реакција на невино обвинет човек
 
Имам пречувство дека овие ќе бидат ослободени..:(

тешко тогаш ке има судење на улица кому иде.
Ако се кабает тешко нив.
А пропеал шоферот.
 
Тројца од обвинетите, Алил Демири, кој е во бегство, Фејзи Азири и Хаки Азири имаат нов адвокат, Ѓорѓи Настевски кој бил во роднинска врска со еден од поротниците во судењето. Поротникот му бил внук од прва братучетка на адвокатот.


Кој е копуков што се нафатил да ги брани све по список...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom