Прво не бев со него на саем.
Не можам да знам дали си бил или не, ваљда ти е јасно дека мојот заклучок сум го донел врз база на тоа што си напишал на форумов.
Второ, зошто тоа не се прикажува на ниту еден медиум? Зошто премиерот тоа не го спомна никаде? Зошто ниту една опозициона партија не изјави нешто такво?
Ако ти не си видел, значи не се објавува?
Сакаш да соберам се што имаше еве за последниве месец дена, па со линкови да видиш дали нема у просек еднаш неделно (или можда е повише). Нема гајле кажи си ти, ја ќе ти покажам, ако сакаш.
Еве ти кога ги истражував пред две години тие работи (два поста се, по доле на страната), па ти види кој е просекот. (мада, ти реков дека ако сакаш, ќе се потрудам да ти предочам и сега како стојат работите)
Сосема друга работа е тоа што добар дел од нападите не се објавуваат.
Прво на власта не и одговара тоа да се покаже, а опозицијата и самата е на тој колосек.
Така, на пример, за годишнинава од Смилковско, медиумите како Република или Курир, не ни објавија ништо, за нив тоа е нешто небитно сега, а датумот за изборите беше намерно избран, за изборната галама да го надјача двегодишниот плач на мајките од Радишани.
Од друга страна, види како опозиционите медиуми известуваат, на пример за последниов настан во Радишани. На пример, сите опозицијски медиуми ја покажаа само страната на Албанците, Нова тв, проследи интервју со еден од Албанците. Малку после кога се објави видеото , се покажа дека тој лаже. Да не продолжувам (а можам), пошто сеа се избори, а на форумов тоа е табу.
Македонскиот народ има да бира помеѓу власта, која го шитна миљон пати на Албанците, за ситни дневнополитички поени, амнестираше воени злосторници, надвор од секаков разум (и што е најбитно за нив - надвор од препораките на ЕУ), која замижува пред она што им се случува на Македонците константно и која му ги мачка очите на народот со глупи споменици, кои дремат у сред град, додека околу нив ловечки дружини од Крушопек и Кондово ги бркаат нашите деца да ги тепаат. Види како прекрасно го изменаџираа Смилковскиот настан (еве две години)
Која ни е утехата на нас, што опозицијата е иста по тоа прашање?
Никаква.
На денешен ден (овој пат според црковен календар) Велики Четврток, се случи тоа (всушност ако ги гледате црковните канони, тоа се случи по зајдисонце, што се смета како Велики Петок). Како и да е добро темпирано беше, со јака симболика. Имено, за тие што не знаат, Велигден е најголемиот христијански празник, кој ја симболизира победата над смртта. Симбол, носител на животот се децата - највредниот "посед" на било која заедница.
Точно две години и точно илјада страни на темава.
Состојбата е оваа:
- Починителите не се уапсени сите. А нивниот злостор не е судски процесуиран.
- Главноосомничените се под заштита на Косово, кое не сака да ги предаде.
- Албанската и Муслиманската заедница продолжува со подршката за осомничените.
- Годишнинава речиси да остана само во сеќавањето на луѓето. (мал дел од медиумите само ја споменаа веста, после многуте реакции на интернет, а дел од нив - Курир и Република не ни споменаа ништо). Црна иронична среќа е тоа што Албанците под полна пареа продолжуваат со притисоците и нападите, па се повеќе засегнати има у земјава, што не им дава ни да го заборават масакрот.