- Член од
- 13 февруари 2012
- Мислења
- 2.733
- Поени од реакции
- 1.226
Реакција на Тирана за протестите во Скопје
Албанското министерство за надворешни работи реагираше по повод случувањата на протестите во Скопје, при што изрази загриженост поради, како што се наведува, насилството на полицијата врз демонстрантите.
Во соопштението што го објавија албанските медиуми се вели:„Албанското МНР изразува загриженост поради насиството што го употреби полицијата за време на демонстрациите на Албанците во Скопје“.
Тирана бара од македонските власти, судските институции да гарантираат праведен судски процес кој ќе се се базира на аргументи против шестмината Албанци.
„Насилството кое е применето не служи за да помогне во осветлувањето на случајот и ги нарушува меѓуетничките односи и хармонија на заедниците“, стои во соопштението.
Албанското МНР ќе продолжи со внимание да ги следи настаните во Скопје и ги повикува страните да искажат воздржаност.
Македонското министерство за внатрешни работи, пак, во петокот попладне соопшти дека во насилните демонстрации биле повредени дваесетина полицајци и неколку демонстранти, а биле проведени шест лица.
Според македонската полиција, поголем број демонтранти со камења и тврди предмети попладнето ги нападнаа полициските службеници кои ги обезбедуваа ненајавените протести. Демонстрантие палеа предмети по булеварите во централното градско подрачје и ја оштетија фасадата и неколку прозорци на Основниот суд Скопје 1 - Скопје.
http://kajgana.com/reakcija-na-tirana-za-protestite-vo-skopje