Crazy in Love
Here's looking at you kid.
Масакр во Омаха
Девет мртви и пет ранети лица е крајниот биланс од масакрот во трговски центар во Омаха, Небраска. Убиецот, кој имал само 19 години, во крвавиот поход тргнал со пушка и откако убил 8 луѓе на крајот се самоубил.
Двајца од повредените се наоѓаат во критична ситуација. Според изјавите на локалната полиција, пукањето било планирано, но убиените се жртви на случаен избор. Момчето, идентификувано како Роберт А. Хокинс, во својот дом оставило самоубиствена порака во која, освен тоа што се извинува за сè, напишало "Си заминувам со стил".
Пред да се случи инцидентот, истиот ден претседателот Џорџ Буш допатувал во Омаха каде што одржал говор, но заминал пред масакрот.
извор овде + видео прилог