Martial arts-тренинг

  • Креатор на темата Креатор на темата <<Goku>>
  • Време на започнување Време на започнување
@stipsburg Me интересира дали правите вежби за развивање на брзината на удари со раце?-И какви вежби? :)

Еве неколку тренинг видеа :love: :D.




Побарајте на Youtube Fight quest,има 13 епизоди во кои двајца пријатели одат во различни земји и тренираат боречки вештини.Кој го интересира може да погледне.
 
Ова Fight Quest не сум го гледал, ама мислам дека и Human Weapon серијалот е исто, двајца пријатели одат во матичните земји на сите боречки вештини и "совладуваат" по неколку клучни потези и на крај на секоја епизода имаат борба со локалниот шампион. Порано кога го гледав најинтересни ми беа анимациите за силината и брзината на одреден удар или потег и како тој се изведува.

 
@stipsburg Me интересира дали правите вежби за развивање на брзината на удари со раце?-И какви вежби? :)
:D
Јас лично секој ден правам по 600-700 ударци со chain punching, и обрнувам доста внимание на трицепсот, стварно брзи удари можам да зададам.
 
@<<Goku>> Za brzina voglavno izveduvame chain punching. Sepak brzinata se dobiva od celosnoto vezbanje na vestinata po moe mislenje.
 
Инаку имам едно прашање до тие што тренирате дали правите вежби за зацврстување на коските на реце и нозе??-И дали е тоа штетно,имам прочитано дека можеш да добиеш артритис??

Ако не се вежба правилно може да се добијат деформитети на коските а рскавиците да се излижат. Има повеќе мајстори што на постари години имаат проблеми (но и многу такви кои немаат).

Системот на тренинг мора да е прилагоден на сопствената анатомија и тогаш нема да има проблем.
 
Јас тренирам веќе 3та година џит кун до...тоа е слично на мма,само што има удари во гениталии,бодење очи и слично,нормално на тренинг не се бодеме во очи туку се фаќаме погоре кај аркадата некаде и исто така имаме техники со нож и ескрима...

Тренингот секогаш започнува со 20-25 круга во сала,истегнување,колук напред-назад-во страна,одреденото за тој тренинг(дали БЏЏ,винг чунг,бокс,кик бокс,борба на под и слично) потоа следува повторно трчање со склекови,во просек околу 80 на тренинг,некогаш и 120,ама ги осеќаш како 500 да се,пошто на крај на тренинг се прават :D стомачни 8 вида по 10-15 повторувања,трчање шпринтови,скокање препреки,супермен склекови,често правиме вежби за издржливост,како мавање подлакт во подлакт,потколеница во потколеница,исто така се редиме како сардини и прво не газат тренерите па како му доаѓа редот на секој гази по другите на стомак,некогаш тренерите не маваат а некогаш некој од постарите членови додека трчаме,со бокс,отворена дланка,нога во стомак,исто така правиме и по 1 минута да те мава во стомак со голи раце со боксови,па 5 секунди одмор па ти него,така 4-5 минути секој...исто имаме и медицинки од по 2-3 кила,правиме и стомачни па да ти ја фрла на стомак,или правиш склек-те мава со нога во стомак,и така до 25 склекови,правиме чучњави со човек на грб,трчаме со човек на грб,ползиме со човек околу тебе како мајмуни :D и да,покрај с томачните и склековите,секогаш правиме и по 100 чучњави одеднаш,и по 50-60 грбни.


За возраста нема граница,ако сакаш да учиш,ќе се вклопиш брзо.Ниту килажата игра улога,доколку сакаш рекреативно да ти е тоа,односно да не вадиш пари од тој спорт(мада не ни можеш во државава ама ај)
 
@JETKUNDO со нунчаки вежбате??
Eдно прашање до сите што тренирате,можете ли да кршите даски,тули..? :D
 
Back
На врв Bottom