Еве ти и оф топик:
Има планински венци, мориња...,многу сличен релјеф на Земјата, сепак неможе да се испрати човечки екипаж. КАТАСТРОФА е таму да се спушти човек, во било каков скафандер нема да издржи ни 5 сек
Оваа композиција од неколку фотографии, направени од вселенското летало Касини, ја прикажуваат најголемата површинска структура исполнета со течност на сателитот Титан (лево). Регионот се наоѓа впо близина на северниот пол на сателитот. Десно, за споредба, прикажано е езерото Супериор (Lake Superior), во Северна Америка.
Споредба помеѓу најголемата површинска структура исполнета со течност на Титан (лево) и езерото Супериор на Земајата (десно)
Езерото на Титан има површина од најмалку 100 000 km2, со што е поголемо од Супериор (82 000 km2), едно од најголемите езера на Земјата. Интересна е уште една споредба: Црното море на Земјата покрива 0,085 % од нејзината површина, додека ова езеро на Титан покрива 0,12 % од површината на сателитот. Поради неговите димензии, заслужува да биде наречено и море.