E сега, тоа е прашањето. Која му е намената. Како што видов по нет, овие имаат и блокажа на диференцијалот, нешто што Нива и Уаз го немаат, а е доста корисно. Од друга страна имаат срање мотор, ги нарекуваат и Украински Хамер, но под хауба имаат мотор со 40 кс. Тоа што битолското има мотор од Лада, највероватно е заменет.
Дека се уникатни, нема збор, исто така одлични се ако си мерак за отворен кров, а исто така јако би било на муцката да му нацрташ некои заби или незнам интересен трајбол, има да привлекува внимание секаде каде што ќе се појави.
п.с. Ако во ова влегува мотор од Лада, дефинитивно влегува и дизелаш од Фиат без поголеми преправки, така да со малку пари и креативност може да се има уникатно и препознатливо возило.
п.п.с. Ако најдеш Уаз или Нива за 1000 евра (да се во солидна состојба) да ми јавиш

Сите кршови ги продаваат над 1500. Вакво ако го земиш за 400-500 евра имаш уште 1000 за да го досредиш. А да не ти споменувам колку ќе фрлиш за Нива или Уаз од 1500 евра да го направиш во возна состојба.