dragonsky
Hate leads to suffering
- Член од
- 25 декември 2010
- Мислења
- 42.912
- Поени од реакции
- 84.317
"Maniac" е мини-серија (или што би се рекло на амерички limited series) во 10 епизоди кои што траат во просек 40ина минути. Серијава е искуство on its own и е тешко и неблагодарно да се опише во описов за темава.
Бидејќи дел од задоволството е да се искуси серијава без премногу знаење за истото (нешто што може да се заклучи и откако ќе го погледнете трејлерот кој што доволно ќе ве заинтригира без да ви објасни премногу) ќе бидам краток во описот за серијавa која жанровски во описот на ИМДб е сметана како Комедија,Сај-фај, драма, а богами има и романтични елементи.
Во главните улоги се човекот со 2 номинации за оскар - Џона Хил и добитничката на една оскаровска статуетка Ема Стоун. Актерското дуо кое што се прослави во Холивуд со комедијата "Superbad", сега може да ги видиме во сосема поинакво светло. Џона Хил го глуми Овен, црната овца на успешната фамилија Милгрим. Овен има шизофренија и поради тоа често има проблеми во разликување на реалноста и фантазијата. Судбината го праќа во една компанија за тестирање на лекови за луѓе со психички проблеми.
Ако сакате може и трејлерчето да си го погледнете.
"Maniac" има фантастична режија. маестрална кинематографија и супер глума, и дефинитивно може да очекуваме дека ќе има богами солидна бројка на номинации на Еми наградите во 2019.
Последно уредено: