Манчестер Јунајтед - Челзи | 26.08.2013; 21:00h | Олд Трафорд

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување

Со каков исход ќе заврши натпреварот?


  • Вкупно гласачи
    137
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.889
Поени од реакции
44.436
Возраст
30
Manchester-United-vs-Chelsea-1.png
Mанчестер Јунајтед - Челзи | 26.08.2013 | Олд Трафорд | 2ро коло Премиер Лига
Новата сезона започна претходниот викенд, а веќе во второто коло ни го носи првото големо дерби од многуте што не очекуваат во наредните десетина месеци. Шампионот, Манчестер Јунајтед го пречекува тимот на Челзи на Олд Трафорд. Заедничкото кај двата тима е тоа што и едните и другите ја започнаа сезоната со нов менаџер. Кај домаќините тоа е Дејвид Мојс, кој дојде од Евертон да го замени легендарниот сер Алекс Фергусон, додека во тимот на Челзи тоа е повратникот - Жозе Мурињо, чија цел е да го врати трофејот на Стемфорд Бриџ, откако тимот на Челзи не успеа да го направи тоа во претходните 3 сезони. Несомнено и двата тима се меѓу главните фаворити за освојување на титулата, па можеби ова е вистинскиот меч да покажат до каде се стигнати после предсезонскиот дел и припремните турнеи и утакмици. Дејвид Мојс досега донесе само едно засилување во тимот на Манчестер Јунајтед. Тоа е младиот Уругваец, Гиљермо Варела, кој тешко ќе го видиме на овој дерби натпревар. Ширле, ван Гинкел и Шварцер се фудбалерите кои го засилија тимот на Челзи, заедно со повратниците од минатогодишните позајмици - Де Брујн и Лукаку. Во досегашниот дел од сезоната, Јунајтед го освои Комјунити Шилдот, славејќи 2-0 против освојувачот на ФА Купот од минатата сезона, тимот на Виган, а во првото коло од Премиер Лигата славеа 1-4 на гостувањето кај Свонси. Од друга страна, Челзи изигра 2 утакмици во рамките на ПЛ, дома против новите прволигаши - Хал Сити ги освоија трите поени со победа од 2-0 и исто така на домашен терен беа подобри од Астон Вила, победувајќи ги со резултат 2-1.​
Последни 5 меча помеѓу овие 2 екипи:​
Јунајтед - Челзи 0:1 (Премиер Лига)​
Челзи - Јунајтед 1:0 (ФА Куп)​
Јунајтед - Челзи 2:2 (ФА Куп)​
Челзи - Јунајтед 5:4 *после продолженија (Лига Куп)​
Челзи - Јунајтед 2:3 (Премиер Лига)​
Интересното е што сите 5 меча беа изиграни минатата сезона, кога Јунајтед и Челзи освен во Премиер Лигата се сретнаа и во Лига и во ФА Купот.​
Можни состави:​
Манчестер Јунајтед:
Де Геа​
Рафаел - Џонс - Видиќ - Евра​
Керик - Клеверли​
Заха - Кагава - Велбек
Ван Перси​
Челзи:
Чех
Ивановиќ - Луиз - Тери - Кол​
Рамирес - Оскар​
Де Брујн - Мата - Хазард​
Лукаку​
На крај остануваат неколку прашања: Дали Мојс ќе покаже дека е многу потценет тренер и ќе успее да победи против големиот Мурињо? Дали Мурињо ќе го добие првото големо дерби после враќањето во Англија? Дали Вејн Руни ќе добие шанса против тимот во кој сакаше да заврши овој трансфер период? Дали Фернандо Торес конечно ќе им даде гол на Манчестер Јунајтед после трансферот во Челзи? Дали судијата Мартин Аткинсон ќе биде на ниво и натпреварот ќе заврши без поголеми судиски грешки?

Одговорите ќе ги добиете во понеделник, од 21:00 на Спорт Клуб...или Олд Трафорд, ако некој се смета доволно финансиски моќен.​
Поздрав и со среќа на двата тима. Се надевам на квалитетна дискусија.​
 
Сакам натпреваров да биде на ниво од куп натпреварите од лани.
 
Ќе биде интересен натпревар , ќе има што да се гледа :)
 
офф:Запнавте со тој Варела. Ако гледаме така Ливерпул овој преоден рок има донесено 7-8 играчи па никој од нас се нема пофалено :icon_mrgr:

Он:Очекувам нерешено.Така навивачите на комшиките ќе се попалат како Мојс е вистинскиот човек :icon_lol:.
 
Успут, нека се постави анкета, јас секогаш заборавам. :D
 
Како навивач на УТД јанза ме фаќа кога и да се спомене Мурињо. Горки спомени имаме од човекот (со исклучок на дво-мечот против Интер од ЛШ). Ќе ја врати типот дражта на овој дерби меч, која ја наметна кога прв пат се појави во ПЛ, а згасна кога тој си замина. Плус-минус составите и на двете екипи се истите од лани, така да од таа страна нема што многу да се крие. Ама затоа клучната битка ќе се води од клупата и од таму шах ќе играат двата менаџери. Едниот желен за докажување дека е кадарен за голем клуб, а другиот дека сеуште го има она ''специјалното'' во него што ја прави разликата на вакви натпревари.

Да нема само циркуси и судиски глупости како лани на СБ, друго што сака нека се дешава. Верувам дека ќе гледаме квалитетен меч и на крај ќе добиеме слика кој до каде стои на стартот од сезоната. Ќе си навивам за УТД нормално и се надевам на победа .. 2-1 нека биде.


ПС - Руни стартер ! :нинџ:
 
Сакам Руни да го започне натпреварот во првите единаесет, заслужува да добие шанса, да си ги покаже квалитетите, да влезе во форма и да остане во Манчестер Ј.
Прогнозирам победа на Јунајтед.
 
Mурињо изјавил оти до мечот во понеделник нема да го чепкаат Руни, после тоа ќе пуштат трета понуда.
 
Ќе биде јако. Очекувам да бидат изедначени двата тима и еден гол да ја направи разликата.
 
Челзи ќе тепа, имаат помош од судиите и Мурињо им се дере во фаца на судиите и тие се плашат и судат во корист на нафташите.
Плус Манчестер без Фергусон се дрва.
 
Гласав за Челзи ама шознам, многу натпревари им се собраа една ќе зезнат, се надевам таа со Баерн. :icon_lol:
 
Одвај чекам да дојде дерби, салата ракиица хатеце...
Иамо Челзаши и ...Наши у друштфо
жустро е увек на овој дерби, поготово у лигу на шампиони : P
а и премиер лига е ... премиер
Мноо тежак распоред на црвени, на почетак мислу
3 дербиња ааааааа али овој прво ке га добиемо, па што сака нека е ! Mурињо ке га еде бш затој што сака да ни га земе Рунита, Руни ке му шибне гол,Робин Худ два нула
кец у кец и три плус, два едн,ајт поздраф
 
Последниве утакмици беа доста атрактивни за гледање мада овој пат очекувам тврда игра без многу шанси.
Хмм Рафаел нели е повреден??

И жити све не ги пуштајте Рамче и Лукаку.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom