Вака, дефинитивно не ги оправдувам децава кои решиле да си го затрујат животот со нешто ептен долно како цигарите. Одвратно е кога ќе видам како мои врсници палат цигари кајшто ќе наидат. Незнам точно, но дали со тоа тие сакаат да изиграваат фраери, бидејќи тоа им е и намерата (зашто не гледам друга причина). Нивна работа е доколку сакаат така да продолжат, тоа е нивен живот, нивни проблем. Немам намера да се замарам со таквите, едноставно треба да се остават сами да ја воочат грешката.