Малцинствата во Албанија со заедничка декларација против пописните резултати

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување
Во секој случај треба да не радува фактот што и Албанија малку по малку се демократизира, зашто мислам вака...
На претходните ’’пописи’’ испаѓаше дека етнички Албанци се 98%, а само 2% малцинства !
Но на овој попис безмалку 20% од населението не се изјаснило како Албанци, значи сепак малку по малку народот го губи стравот од режимот ........ во иднина процентот на НеАлбанците сигурно ќе биде уште повисок преку 20% ........ ова е знак дека Албанија се демократизира, а националистите(Албански) нека си лајат !

Да бе се гледа ефектот од демократизирањето, од 60.000 грци за време на комунизмот (1989) , во 2011 останаа 25.000.

Сонувајте вие дека тие 14% се нешто друго а не албанци. Крешник Спахиу ти се смее.
 
Да бе се гледа ефектот од демократизирањето, од 60.000 грци за време на комунизмот (1989) , во 2011 останаа 25.000.

Сонувајте вие дека тие 14% се нешто друго а не албанци. Крешник Спахиу ти се смее.

Да де според вас во Албанија има само Албанци и Албанци 102,3% и нитуеден НеАлбанец .......... :facepalm:
Како може човече во една држава сите 100% да се од една нација, на планетава не постои таква држава во која нема малцинства, секаде има малцинства во секоја држава и доколку државата е навистина демократска мора да ги признае и да им даде права ............ кога некоја држава одбрала да биде плурална и демократска мора да оди по тој пат, јас лично сум за плурализам и демократија и не ме интересира како било во времето на Хитлер, Сталин, Мао, Тито-Мито, Хоџа, Чаушеску и.т.н. !
И кој ти е тој Крешник Спахиу ........ :confused:
 
Па како можеш да очекуваш да има малцинство , 2/3 од албанците останаа надвор од Албанија , провери ги старите мапи и види , Албанија се граничеше на сите страни со албанци.
Ќе имаше малцинства во Албанија , ако границите на Албанија беа како на соседите , политички а не етнички.

Албанија не може да измисли малцинства , за да биде како соседните држави , доколку Македонија имаше граници до Македонски Брод , Охрид , Центар , и Македонија ќе имаше 90 и кусур % македонци.

Еве ти мапа од 1911 , шти е крива Албанија што ни тогаш немало малцинство , односно што им е крива Албанија на соседите што се согласиле да имаат албанци во своите држави.
Албанци до Подгорица , до Ниш , до Скопје , до Јанина ... и сеуште бараш малцинства во Албанија.

balkan_asia_minor_1911.jpg
 
Од која година ти е картава ?!!

И сакаш да кажеш дека Албанија треба вака да изгледа ко на картата што си ја постирал ...... Шќипри Етнике ! :facepalm:

П.С. И сакаш да кажеш дека според картава сме Бугари ............ :sleep::facepalm:
 
Од која година ти е картава ?!!
И сакаш да кажеш дека Албанија треба вака да изгледа ко на картата што си ја постирал ...... Шќипри Етнике ! :facepalm:

Ајде сега паника, вклучи го алармот, се појави албански националист, еве дарди сака Голема Албанија.................
Срам да му е, што потикнува омраза............
 
Ајде сега паника, вклучи го алармот, се појави албански националист, еве дарди сака Голема Албанија.................
Срам да му е, што потикнува омраза............

Ако одиме според овие карти од пред 100 и повеќе години тогаш јасно се гледа дека и Македонците биле распространети на поголема територија од оваа денешнава, до Солун, Костур, Бер, Серес, Кавала и.т.н. но дали тоа значи дека сега после 100 год. треба пак да ги правиме границите исти како тие горе на картата постирана од Дарданија ............... границите се тие кои што се и не се менливи б.т.в. вашата цел е и остварена џабе скокате имате две Албански држави .......... море две и пол ......... :tapp:
 
Јас лично не видов македонци во картава........

Според мене целта на албанците никогаш нема да биде комплетна без решавање на албанското прашање во Грција.................
 
Јас лично не видов македонци во картава........

Според мене целта на албанците никогаш нема да биде комплетна без решавање на албанското прашање во Грција.................

Па не си видел Македонци на картава бидејќи баш на оваа карта(незнам од каде ја ископал Дарди) Македонците се претставени како Бугари што е една огромна грешка, но има и карти од тој период на кои убаво си пишува Македонци/Macedonians ............ ќе се обидам да најдам нешто од интернетов карти од тој период !
--- надополнето: 16 декември 2012 во 21:49 ---
Balkan-nations.jpg

Се надевам колку толку разбираш Унгарски/Маѓарски !!!
 
Па не си видел Македонци на картава бидејќи баш на оваа карта(незнам од каде ја ископал Дарди) Македонците се претставени како Бугари што е една огромна грешка, но има и карти од тој период на кои убаво си пишува Македонци/Macedonians ............ ќе се обидам да најдам нешто од интернетов карти од тој период !

Тоа го кажувам и јас.......

Во мапата се претставени само албанците муслимани, а ортодоксните се поделени меѓу соседите.........
И македонците се мешаат во мапи со бугарите заради верата....
Тогаш при поделбата на народите пресудна била верата......
И ортодоксните албанци во грција бидна грци, во македонија македонци, во Црна Гора црногорци........
 
Не си ја погледнал и разбрал најдобро мапата која ја постирав ........... се надевам разбираш колку толку Унгарски/Маѓарски !
Интересно е тоа што според мапата во јужна Албанија уште тогаш имало Грци т.е. мешани средини со Грци и Албанци, а исто така и Албанци имало во Атика, Евбеја и делови од Пелопонез !!!
 
И во ова мапа не гледам македонци, но остави, не е во тема...............

Но пак не верувам во мапиве, затоа што главен параметар при дефинирање на нациите била верата, а во мапава само албанците муслимани се претставени............
А ортодоксните се впивани од поголемите ортодоксни соседни нации.........
Тие во 19 век ги мобилизираа кон себе сите ортодоксни населениа.......
Тоа се случи за несреќа на мекедонците и албанците.........
 
Имаш на мапата лево доле со зелено обележано Срби и Македонци(Szerbek es Macedoniaiak) но направена е грешка бидејќи тогаш немало воопшто Срби на овие простори, Србите се доселуваат на овие простори(денешна МКД/Вардарски дел) дури после 1912/13 год. пред тоа немало Срби ............ но ете според религијата на некои карти Македонците се претставени како Бугари, а на некои карти сако Срби поради истата религија и сличниот јазик ........ но сепак има и карти каде што стои Македонци но тие карти се во помал број али ЈБГ во тој период религијата играла многу јака улога, тогаш нацијата и религијата биле ставани во едно, а и проблемот бил во тоа што Македонците имаат сличен јазик и со Србите и со Бугарите па затоа и најмногу го изеле стапот, Албанците барем јазично биле неутрални т.е. јазикот не им/ви е сличен со ниту еден друг јазик !
Македонците биле најлесни за асимилација и за лажно претставување на историските карти баш поради истата религија со своите соседи, но и поради сличниот јазик !
И ден денешен било кој рандом Македонец ако отиде во Србија по автоматизам го рачунаат за Србин поради истата религија и сличниот и разбирлив јазик, а пак ако истиот тој Македонец отиде во Бугарија таму по автоматизам ќе биде сметан за Бугарин и поради истата религија, но и поради сличниот и разбирлив јазик !
На Балканот отсекогаш владеела и владее силата, никој никого не прашува што навистина е т.е. како се чувствува !
 
Албанската православна црква не ги признава резултатите од пописот

Montenegro - Census Form, undated
Големина на буквите
18.12.2012
Албанската православна црква официјално соопшти дека не ги признава пописните резултати, јавува дописникот на МИА од Тирана.

„Процентот од 6,75 отсто колку што Институтот за статистика на Албанија тврди дека има православни во Албанија е нереален и лажен, навредлив за православните, за христијаните и тој го замрачува целокупниот изглед на верските заедници во земјата“, стои во соопштението во кое се тврди дека 24 отсто од граѓаните на Албанија се православни христијани.

Според Црквата, начинот на кој е спроведен пописот за верската припадност ни минимално не ги запазило стандрадите за попис кои ги алицираат европските земји. Претходно, претставниците на македонското, грчкото, влашкото, ромското и српско-црногорското малцинство во Тирана потпишаа Декларација против официјалните резултати од пописот.
 
Еве ти мапа од 1911 , шти е крива Албанија што ни тогаш немало малцинство , односно што им е крива Албанија на соседите што се согласиле да имаат албанци во своите држави.
Албанци до Подгорица , до Ниш , до Скопје , до Јанина ... и сеуште бараш малцинства во Албанија.

Постојат тапии, модерно се викаат имотен лист, со кои може да се покаже чив е имотот и кој кога дошол. Македонија е поделена во 1913 година, па така, во некои области, вие имате мнозинско македонско население. Проблемот е што во Албанија последниот попис се фалсификуваше, па така испаднаа онолку Македонци, колку што испаднаа.

Малцинство постоело секогаш и секаде. Имаш староседелци, домашно население и дојденци, инаку зошто би имало поделби и пописи???

Пописот не е модерен термин измислен на Балканов за да се преброиме.
 
Се потврди мојот став дека 24% се православни , значи неопределените од пописот не се Албанци како што сакаше да наведе puno. Целиот фалсификат се увиде во резултатите од пописот во делот на религија.Етничката карта во Албанија е слична(мултиетничка) како во Македонија само што таму има две поголеми малцинства -влашко и грчко додека во Македонија има поголемо албанско малцинство.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom