Малце помош околу неколку ствари?!

  • Креатор на темата Креатор на темата Crypter
  • Време на започнување Време на започнување

Crypter

Апла Зелен...
Член од
6 јуни 2010
Мислења
131
Поени од реакции
48
Се работи за средување на оние ружни сини/црвени линии што се јавуваат кај местата со големи контрасти како гранка од дрво и небо во позадина. Дајте некое порационално решение за средување на проблемов, или барем негово намалување.

Друга ствар ми е проблемот со спојување на панорамава. Веќе неколку пати ја пре фотографирам и никако неможам да извадам добро спојување. Не користам сталак при фотографирање. Погледнете го долниот дел од панорамата и ќе ви стане јасно. Клик на сликата за подобар преглед.


Трета ствар е што обично фотографиите ми се по замачкани накај ќошињата и страните, ова навистина не ми е јасно зашто се дешава, не е ваљда до толку лошо створење да е фотоапаратов. Ова е не чепната фотографија. Споредете ги зградите лево и зградите во центарот на сликата, разликата е драматична. Клик на сликата за вистинската големина.


Ако нешто помага користам Nikon L110 со 5-75mm Wide Angle не променливи леќи и 12 Mега Px CCD сензор. Претпоставувате дека фотоапаратчето е идиотче.
 
bump
До толку ли се комплицирни проблемиве што никој не се најде до сеа?
 
Вака...
1. Имаш панорама 360 степени. Проста физика не ти дозволува да го споиш ова и да изгледа мазно. Додуша можеби може доколку фотографираш во портрет мод на 25-35 мм со СЛР фото-апарат. За твојот не знам кој зум трба да го одбереш за кога потоа ќе спојуваш да излезе мазно сето тоа.

2. Фокусот ти е на објектот на пошта или на камениот мост, не можам да видам најдобро. Ефтин сензор не може да извади бистра фотографија на фул зум. Е зградите што ти се лево и десно се некои 200 метри пред точката на фокусирање, што значи дека се надвор од фокус. Не видов со која бленда ти е фотографирано, ама за да ги имаш релативно бистри потребно е фиксен објектив и бленда 16 ор самтинг. Е сеа фиксните пејзажни објективи се ѓавол и пол скапи, така да... неврмајнд.
 
За спојување на панорамата претпоставувам дека си пробал со намалување/зголемување/поместување на сликите на фотошоп. Пробај со перспектива дали нешто ќе биде. Или пак примени една од наброените операци (намалување/зголемување/перспектива) но само на дел од слика (за линиите долу да се спојат, а да не се изместат оние коишто горе се се споени ко што треба).
 
Chromatic aberration ти се тоа сини/црвени линии и тешко дека можеш да ги средиш во пост.Таква е оптиката на апаратчето.За да немаш(или да имаш ама помалку :) ) такви сини/црвени линии :
1.позајми dSLR од другар ( или пак од некој што продава на оглас,стави твоја картичка и речи му да го пробаме :) ) или
2.Земи си Canon :P
Колку шо можам да видам од 5 фотки ти е напраена панорамава.Ако е така,гледам дека 2рата фотка е проблемот кој можи да се реши со еден хируршки зафат во фото.Шоп.
 
Со што ја спојуваш панорамата?
 
@Eddie_rebel & Tonchie

Панорамата ја спојував со све само во фотошоп не. Од сите можни програми кои постојат на планетава земја Hugin не можеше да ги препознае фотографиите и да им ги пронајде точките за спојување, па следниот подобар беше Microsoft composite image editor кој ја направи не баш толку добро и најдобар од сите беше Panorama Maker 5 Pro што ми доаѓа со никонот, останатите направиja 100% с*ање. Не ја пуштив во фотошоп пошто знаејки колку време им требаше на професионални програми за оваа намена да спојат околу 12-тина 12-мегапикселни фотографии од 5 мегабајти секоја, фотошопот ќе ми го прегореше компјутерот (читај: ќе му требаа 2 дена да се справи).
Еве ви подетални информации околу фотографиите кои се направени за панорамата. Сите фотографии се правени со исти подесувања.
info1302336234.png


@Tonchie
При толкави должини и нема разлика и 200 метра да се вон фокусот, пак ќе биде исто мање више. Да се работи за 20 метра фокус, ќе се познаваше заматено на 15-тиот метар веќе што не е работата со случајов.
@xeqtrmkd
Што е поентата со канонот? Не вадат голема хроматска аберација или?
 
Еве еден туторијал на којшто случајно налетав, а може да ти користи доколку се решиш да пробаш да ги споиш со фотошоп.
 
Еве еден туторијал на којшто случајно налетав, а може да ти користи доколку се решиш да пробаш да ги споиш со фотошоп.

Ова дур го направам на 13 слики посебно има да ми треба цела година човече, ова е корисно до највеќе 4 фотографии.
 
фотошоп со content awarenes healing brush ќе ти среди работа
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom