Bratot
Стоик и Машкртник!
Од политичка гледна точка овој прелог не само што би бил поволен за Македонија туку е и во вистинско време. Тука нема дилема. Какво е тоа православје кога и покрај тоа што сме малку плус омразени кај католиците, не се признаваме едни со други. Ама...јас сакам да потенцирам дека омразата на католиците спрема православните во многу прилики дошла до израз. До израз дошла и омразата во обратен смер... Да те потсетам дека во 2001 во Тетово не се бореа против тебе србски доброволци тука хрватски, и останати кои не се бореа против националното туку против верското. Зато кај народот ова ќе биди сватено како предавство. Во секоја смисла поблиски сме со Србите и Бугарите отколку со Гермаците. Да не бидам погрешно сватен
Не се работи за омраза, незнам дали си бил во некоја Католичка земја и си осетил омраза од католиците па вака збориш?
Јас можам од сопствено искуство да зборам, дека напротив има огромна почит и восхитување на православието, на нашите цркви, фрески икони и традицијата.
За да биде апсурдот поголем, поголема почит добиваме од католиците отколку самите себе.
Конфликтот се јавува повторно во желбата за доминација, влијание на Истокот и Западот.
И кажи ми, која е негативноста на Хрватска или Полска во однос на нивната Ватиканска определба?
Од погрешна логика се водиш, бидејќи Грција е православна земја. Би требало врз таа основа да имаме најмногу заедничко, но наместо тоа македонските натписи во нашите цркви се бришени, заменувани со Грчки, единствената причина поради која се осеќаме отфрлени од православниот свет е Грчкиот интерес, индиректно поддржан од Рускиот и Српскиот.
И сега многу поблиска ми е Хрватска отколку Грција или Србија,Бугарија.
За жал, приликите се такви.
А слепа подреденост и лојалност не треба да се има кон никого, освен сопствените интереси.
Сепак, сите сме Христијани како што сме и луѓе, па така се делиме на Македонци, Германци, Шпанци, Полјаци, Бугари или Грци.
Но да не навлегуваме во религиска расправа, бидејќи уште на почетокот напоменав кој е основниот елемент кон што тежнееме.
Многу силна поддршка ќе добиеме, а ќе тргнеме од плеќи една душманска негација преку која ни се оспорува идентификацијата.
Само да се надоврзам за календарите... кои впрочем и се исти и со нивно спојување т.е прифаќање на грегорјанскиот календар ние ништо не би изгубиле... и онака по "старо" нашиот Божик е на 25ти декември.
Свесно или несвесно веќе го имаме прифатено Грегоријанскиот календар.
Или можеби некој ќе ми каже која дата сме денес според Јулијанскиот календар?