Ете смe назад на темата

Лека полека екипите се враќаат во тренажен процес, а притоа се случија бајаги промени.
Вардар имаше целосна промена на стручниот птаб. Највеојатно градот полека ќе замине и ќе биде претставен новиот спонзор, а тоа е некоја Италијанска компанија. Тоа што е официјално е дека Никола Илиевски Џиџи е нов тренер на клубот, а Милевски заминува во историјата.
Засега нови играчи нема. Симјановски од Напредок е прв на пикот од нашава лига, додека сега се најавуваат многу поквалитетни засилувања.
Гроздановски тренира со Вардар, а проговорите со него се веќе почнати. Баже Илиоски ако не најде клуб во странство ќе дојде во Вардар. Поради повредите на голманите се бараше и голман. Маџовски иако требаше да дојде во Работнички, сепак изгледа ќе заврши во Вардар.
Шкендија остана без најдобриот играч Ндерим Неџипи. Се шпекулира дека преговара со Дебрецин, но некои викаат дека има шанси да дојде во Вардар.
Дека Вардар станува посериозен се гледа од тоа дека први почнаа со подготовки, и имаат закажано солидни средби за во Анталија. Најважно е дека никој не го напушти тимот, а знаеме дека во минатото секогаш некој не напуштал. Костовски беше пред потпис во Корона, но одбил огромна сума за да остане во Вардар.
Шкендија покрај Неџипи остана и без Демири... И двајцата заминале незадоволни од тоа што им должеле пари, мада којзнае која е правата причина. Демири е блиску до Тетекс, т.е. скоро официјално е дека ќе потпише за нив. Колку што знам Шкендија не купи ниту еден играч досега.
Со Тетекс нема веќе забанции. Сериозно се засилуваат на секоја пзоиција, и од се срце се надевам дека ќе се спасат

Засега дојдоа Филип Петковски од Турново, Генц Исени од Работнички, Александар Крстевски од Дрита, Златко Ристов од Еуромилк и Дарко Мицевски кој доаѓа на позајмица од Работнички.
Покрај Демири кој можеби веќе потпишал, се шпеулира сдека и Ерсен Сали е пред потпис со Тетекс.
Тетекс го напуштија Ристо Митревски кој отиде во Металург, Душко Трајчевски на кого ради некои луѓе од Тетекс му пропадна трансферот во Хајдук, за на крај да заврши во Работнички, и Кире Трајковски кој незнам дали нашол клуб.
За Сали е заинтересирана и Ренова. Ренова ги отпушти повеќето постари играчи, како Вулнет Емини, Бобан Јанчевски, Исмаил Исмаили, додека Муарем Бајрами веќе потпиша за Белоруски Гомел. Ренова планирале подмладување на составот, ќе видиме уште колку ќе тераат вака.
Ренова засега има три засилувања. Тоа се Менсур Идризи од Дрита, Бурим Садику и Висар Муслиу.
Активен на пазарот беше и Металург. Си го вратија Марко Симоновски од Напред најдобриот млад играч на оваа полусезона, а во спротивна насока во Напредок отиде Христијан Димоски кој не се снајде баш во Металург иако во Охрид беше одличен.
Како што кажав претходно Металург го зема и Ристе Митревски од Тетекс.
Работнички решиле да играат со млади сили и искрено незнам колку ќе им се исплати тоа. Останаа безнајдобриот играч, нешто што може да биде погубно за нив. Крсте Велковски отиде во еден тим од Кореја, а нивниот друг напаѓач Исени отиде во Тетекс. Откако им отпадна можноста да го земат Христијан Кировски, во моментов незнам како мислат да играат со постоечките опции во нападот. Они имаа добар пплан да се засилат со Маџовски, Лазаревски и Кировски ама на крај останаа само на Димитрија. Како што реков Маџовски е блиску до Вардар, а ако не дојде во Вардар, тогаш може да оди во Работнички. Кировски отпадна, а извесно е дека Димитрија Лазаревски ќе ги засили.
Дрита истотака остана без неколку играчи. Тимот го напуштија Крстевски, Идризи, а и голманот Баснарков им бил на проба во некој Албански тим.
Дрита најверојатно ќе се засили со тие што беа ослободени од Ренова, мислам дека Вулнет Емини веќе потпиша за Дрита.
Во Пелистер има подобри времиња во најава. Засега трансфери немаат, туку беа насочени кон наоѓањето нов тренер. Мене искрено не ми се допадна изборот. Гордан Здравков екс тренер на повбеќе екипи од лигата, тренер кој нигде не останал подолго време. Ќе видиме како ќе пазарат.
Напредок беше хит во првава полусезона ама остана без неколку свои најдобри играчи.
Симоновски се врати во Металург, Никанчевски истотака го напушти составот дека не бил задоволен од статусот откако се вратил по повредата, а одврзани раце доби и Најдоски. Беше блиску до Вардар али работата се изјалови. Последната информација беше дека Тетекс бил запален да го доведе. Симјановски истотака е на портите на Вардар, додека порано имаше гласини дека Куштрим Балажи ќе замине во Шкендија ама незнам што бидна... Ристе Марковски дефинитивно останува во Напредок, а го доведоа само Димоски кој сепак им е големо засилување, а најавбија засилување и на стоперската позиција.
Турново како најголем хит во првенството е статус кво по ова прашање. Клубот го напушти Филип Петковски, а не купија ниту еден играч. За нив е најдобро што го задржаа Блажевски.
И во Кратово е мирно. Според последната статија на нивниот локален протал Аберџија, единствен играч кој го напуштил тимот е Влада Радовановиќ. Нови имиња нема.
Нов тренер доби и Брегалница, а тоа е добро познатиот Влатко Костов. Во клубот мислам дека нема промени на играчки план. Позитивно е што им останаа подобрите играчи иако имале понуди од Локо Пловдив (таму им замина претходниот тренер), но Илиев и Вучетиќ останале верни на Штипјани.
Добро е што подобрите играчи остануваат во лигава, не си отидоа уште одма. Ќе имаме израмнета битка за опстанок, и за сите сдруги позиции. Ама ако Вардар се засили како што се најавува, мислам дека битката за титулата е веќе јасна
