Околу дербито...
Заслужена победа на Пелистер, не дека создадовме поќе шанси од нив, ние игравме преку контри и прекини, додека Вардар имаше повеќе посет на топка (но, сите знаеме дека се бројат голови, а не посет на топка, корнери и ред други работи) ептен ја кљанкаа Вардар на средината на теренот со додавања околу центарот и немаја некој ветувачки акции за гол ! Два пати преку Костовски, но не беа толку силни ударите за да го совладаат Петровски...
Ние ја имавме шансата преку Христов во првото полувреме, но не го зафати баш добро волејот и Лазаревски кога доби топка од Главевски во празно овај сакаше со лоб удар да го совлада голманот на Вардар, но не ја зафати и тој добро топката.
Во првото полувреме немаше многу жар, затоа во второто само по 3 минути игра ПЕНАЛ за Пелистер, со рака играше Темелков, каде сигурен реализатор беше Илир Елмазовски (Бабата) Кошмар му стана на Вардар Бабата

Во Битола пред 4-5 години негде од слободен удар од 30 метри постигна евро гол, лани кога играше во Шкендија исто од слободен удар постигна гол против Вардар, еве сега пак гол од пенал против Вардар
Е после голот се отвори уште повеќе Вардар и имаше добар фудбал, се мислев дека Пелистер ќе се повлечи, ама напротив и ние игравме отворено, па имавме 2 контри преку Китановски и една од Степановски. Вардар повторно преку Костовски напаѓаше, па во игра влезе и Маневски кој имаше еден добар продор во шеснаесетник, но добро реагираја Драгарски и Лескароски

Двајцата за чиста 10ка беа !!!
Особено Лескароски последната во судиското продолжение шо ја исфрли со глава во корнер пред Костовски СЕКОЈА ЧЕСТ !!!

После тоа имавме уште една контра 3 на 2 каде Китановски ја пушти до Лазаревски и овај имаше празен простор наместо да шутира, додаде до Главевски кој беше во офсајд
На оваа утакмица имавме неколку измени во тимот, конечно на голот застана Петровски пред Коруновски каде оваа измена испадна праведна, па мислам од следната утакмица слободно можи Иљо да биди прв голман, многу киксој имаше Коруно до сега, редно е малку на клупа ! Китановски беше малку понапред на оваа утакмица, играше како крило, исто и Лазаревски беше понапред односно лево крило, Врапчето конечно изигра како шо треба, одличен беше, сега тој 1 утакмица игра убо а на наредните 3 го нема, така беше на претходната дома со Турново каде беше најслаб од сите 22 на теренот !!! Главевски не е во форма, треба да се проба со Чаки напред од нарендите утакмици заедно со Христов да бидат прва постава, другото е ОК !
Прва гостинска победа и во вистински момент против вечниот ривал, срамота ќе беше ако не ги тепавме Вардар кој игра бедно во втората полусезона.
На почетокот одличен пречек на Комити за Јохан !

Но единствена замерка имам тоа што требаше да се поздрави и со нашите фудбалери затоа што и нашите се МАКЕДОНЦИ ! После тоа имаше и одлична бакљада на Комити, навивањето првото полувреме му беше солидно, второто чорба, ама сосема друго ќе беше и ако ние одевме на гостување односно управата да не донесеше забрана тогаш на трибините ќе беше многу по јако ! Посетата на стадионот



остај тоа што Вардар е 1 место, плус вечерен термин и едвај 2000 и тоа поголемиот дел шо беа Комити...