Дуел 1: И Ристе од Припор да се најде во дуел против Џеј Џеј, за Ристета ќе гласам. Чили Вили, нараВно!
Дуел 2: Тежок дуел. String Forces се едни од моите најомилени бендови кои некогаш се појавиле кај нас. Но, мислам дека тоа место кај мене го заслужија со албумот Изохронија, од кој има еден куп нумери на изборов. Од другата страна, ова е една од најдобрите песни на Ламбе, која каква-таква, беше голем хит. Бидејќи треба да изберам помеѓу една од најубавите на Ламбе и една од помалку убавите на String Forces, одлучуваат нијанси. Можеби пресудно е тоа што за String Forces ќе имам можност и друг пат да гласам, ама за Ламбе тешко (освен можеби за Да не те љубев). Затоа - Море од солзи од мене!
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.