Македонски преводи на книги: Квалитетни или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата ACHQ
  • Време на започнување Време на започнување
Нешто „паклено“ на српски не значи буквално „пеколно“ на македонски. Оттука целиот проблем со преводот. Исто со тој "nadsat“ англо-руски јазик кој има доста скриени пораки на потсмев на двете тогашни доминантни општества - американското и руското.

Што значи паклено на српски?
 
Што значи паклено на српски?
Зависи како го дефинираат пеколно. Пошто пеколно значи и као bloody на англиски или па уште попрецизно - напорно. Мислам дека српскохрватскиот има повеќе дефиниции за „паклено“ отколку ние за пеколно. Кај нас освен за нешто што има превисока температура, друго и не знам.
 
Дајте некоја книга со лош превод, ама не мислам на скратен превод, туку на книга со погрешно преведени фрази. Ми треба за факс, а не читам многу на македонски. :нинџ:
10014714_10152491729469151_6162506802959583400_o.jpg


10448609_10152493311024151_6266159376131446487_o.jpg




Што се однесува на пеколен портокал, во преводот тоа пеколен најверојатно доаѓа од пеколна машина т.е. темпирана бомба, со оној тик-так механизам на одбројување.
А насловот е метафора и буквално преведување би било погрешно.
 
"Мислам дека типов можел да побара помош од некој поупатен, наместо да се резили и да пишува глупости. Многу географски и митски поими и имиња на одредени ликови од хебрејската, египетската, хеленската, бабилонската или асирската митологија се лошо преведени и неточно или недоволно објаснети. Можел да побара информации во некоја енциклопедија или речник.
Како стои овој со преводите на Шекспир? Баш ме интересира."

Што зборуваш, жив ти бога?!

Драги Михајловски е еден од тројцата најдобри преведувачи на/од англиски во Македонија во историјата. Само и исклучиво тој можел да го преведе Изгубениот рај, како и се' од Шекспир, па за да наоѓаш замерки на неговиот труд навистина треба да си поткован и да покажеш аргументи.

Драги Михајловски е професор по превод на Филолошки, (и тоа толку добар професор што кај него на предавања има луѓе кои не слушаат превод туку само доаѓаат зашто им е интересно), и теоретичар од областа на преводот кој пишува книги и учебници од кои преведувачите учат (и имаат што да научат).

„Како стои ОВОЈ со преводите на Шекспир“?! „Овој“ е реперот за превод на Шекспир, единица мерка спроти која се мерат сите други преводи.
Понеук суд досега на форум не сум видела.
Ај и јас да се повозам на Шекспир, ѕирнете ги моите препеви на сите негови 154 сонети во прикачената pdf. датотека :-)
 

Attachments

Дали имате забележано читајќи некој македонски превод на странска литература, самата литература делува незадоволувачки, особено ако ја имате прочитано во оргинален текст или англиски превод

Нормално не важи за сите книги ова, но имам забележано во преголем број на случаи неточно преведени зборови, а и самото читање на текстот кога е преведен на македонски не тече како што треба. Ова ми се нема случено кога читам англиски превод на некоја книга - или многу ретко

Затоа и избегнвам да купувам книги со македонски превод, не сакам повеќе да се разочарувам од квалитетот (освен ако не е напишано оргинално на македонски, но и онака не читам македонски книги од 21 век)

Да дадам еден пример (од премногу): пред година-две купив неколку книги од Х гркчки филозоф (не сакам да допрецизирам, да не се пронајде идиотот преведувач, па да се навреде) со македонски превод. Збор не се разбира. Преведувачот не знам што има правено. Со google translate да ги преведуваше поубаво ќе ги преведеше. Не, не е дека не разбирам филозофија, бидејќи читајќи ги книгите на англиски, содржината се разбира, за разлика од овде...

Не сум единствен кој што го има забележано ова, така?

Што е проблемот? Дали е случај дека македонските преведувачи не се држат ни на некој минимален стандард?
 
Јас искрено и не знам тие преведувачи колку реално се стручни, дали се со соодветен факултет и имаат соодветно искуство да преведуваат.
Конкретно имам приметено кај книгите од “Сакам книги“, многу се лошо преведени. Ако не се лажам преведувач е Деана Николовска и баш еве гледам дека не е по струка филолог. Затоа и не купувам веќе книги од таму :) Кај нас, се знае како идат тие работи. Рецензент може да е било кој, за пари. Исто како што и луѓе пишуваат дипломски и магистерски за пари.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom