Можда е патриот, можда дедо му бил прв подкастер, ама не значи дека и он е добар. Кринџ дечко што кога ќе ми излезе некое негово видео, повраќам. Едноставно не го бива за инфлуенсер, како што кажаа погоре - познат е само затоа што е другар на Лазаров.
Се обидува да пробие со работи што биле актуелни пред 5-6 години.
Стана тренд на Балканов, особено Србија и Бугарија, секој што е инфлуенсер да има и подкаст. Навлегува и кај нас тоа. Е не може бе пријателе подкаст да водиш а да не можеш да сврзеш две сложни реченици. Треба речник и општа култура.
Инаку веќе се што вклучува гостин и човек што прави интервју се нарекува подкаст. Грешно е според мене. Подкаст е да седнат повеќе од двајца луѓе и да се води нормален разговор, на маса. Не да го убие од прашања. Пример тоа на Ефтов не е подкаст, туку класична емисија каде што новинар испрашува гостин, исто и кај Ландов.
Пример за подкаст што стварно е подкаст е подкастот на Џо Роган, седнуваат двајца-тројца и се води дискусија, се раскажуваат обострани истории (секако со акцент на гостинот).