Баражот беше на 3тиот мал концерт, кога Виктор, Нико и Билјана влегоа во големите концерти преку вајлд карти од жирито.
Сериозен си? Ти што мислиш бе, дека на пејач од 20 години фанови треба да му бидат мажи и жени од 40 години??? Па нормално дека на почетокоток на кариерата на секој пејач фанови му се најмалите деца, кои најверојатно ќе останат со него до крај на неговата кариера (ако вреди пејачот, секако).
Земи го за пример Тоше Проески. Он кога почна со кариерата (исто ја почна многу млад), што мислиш, кои му беа фанови на почетокот? Потоа, како што растеше - растеа и неговите фанови, па на тие фанови се приклучуваа и нови 12-13 годишни девојчиња, за после 6-7 години Тоше да има прилично добра поддршка од публиката, бидејќи на неговите последни концерти имаше луѓе о 12-13, па до 27-28 години.
Веруј ми, тие дечиња што врискаат по него не се најголемата казна, туку баш спротивното - најголемиот дар што можеш да го добиеш како пејач. Бидејќи ти може да имаш миљон песни и исто толку спотови на телевизија, ама ако немаш фанови што те следат - џабе ти е. Овдека зборувам за многуте квази пејачи и пејачки што ги има кај нас.
Секако, имаше и големи хејтери спрема Тоше. И сега ги има за идоливе. Тоа е, таков ни е менталитетот. Се' мора да хејтаме.