Е баш ми е мило за новата група! Посебно се израдував за Боби, затоа што ептен ми беше криво што не продолжи. Можеби немаше најдобар глас, но имаше некоја посебна харизма и ептен си го сакав.
Од луѓето вчера... па што знам. Не можам некако да го прифатам тоа дека не поминаа Анита и Наталија, а продолжи Билјана (така се викаше да?

). Добра е, но вчерашниот настап и беше некако најнесигурен од сите до сега. Ни играњето и беше сигурно, ни гласот убав како претходно. Страшно ме иритира тоа што луѓето паѓаат на голо тело и на што почудни настапи, наместо на убави песни и одлични вокали.
Нико е во ред. Грев е човек да каже дека нема глас детето, но ќе се сложам со повеќето дека не треба да го заземе местото на некој поп пејач. Сепак ова шоу е за поп музика и пејач, а Нико колку и да се труди, не може да биде тоа што не е. И сам си го кажа тоа, нали

А Виктор ... ах Виктор! Јас спаѓам во таа група што паѓа на Виктор. Добро, не како сите. Јас би го земала во подрум, да го порастам и да не го пуштам од рака кога ќе стане прав човек. Шала на страна, детето е таман за ова шоу. Ми се свиѓа неговиот стил, глас, изглед и движење... мх мх мх. Да не забегам муабетот ми беше дека од машките поминаа токму тие што заслужија

Понатаму, покрај Виктор ќе си навивам и за Ивица. Не дека е од Струга, туку дека навистина знае да пее и точка! Од девојките за никоја. Испаднаа моите фаворити и никоја од останативе не ми изгледа доследна за една титула како Македонски идол. Се надевам дека нема на валкан начин токму девојка да победи.
