Водителите се добри.Ама епик феил им се оние кратките видеа кои ги даваат на почетокот.:pos2:
Жирито ме разочара.Посебно Калиопи.Сите три вечери.Па 10 години и повеќе е на сцената, неможе она да ми критикува за стајлинг.Тони-стандардно.Тресне некоја зелена, а она другото го повторува од останатите двајца.Игор понекогаш каже нешто паметно, ама и за него се сите „топ“ и не згрешило жирито што ги одбрало.
Сега натпреварувачите.
Денис отсекогаш не ми бил симпатичен.Просечно испеа.
Мрежата и кукличката беа многу голем феил.Исто како и публиката кога фрлаше конфети кон Лаура.:pos2:
Лаура незнам од каде толку ја пофалија.На неа и беше поважен чадорот и додека го вртеше него микрофонот 2-3 пати и избега од устата.Наталија стварно добро пее, ама се сложувам дека однесувањето мора да го поправи.
Виктор испеа супер и ми падна чудно тоа што не влезе минатиот пат.Билјанчето нема некаков посебен глас,ама дека може да направи шоу и да се однесува на сцената, може.
И сега Нико.:music3:
Уште еднаш докажа дека таков лигло како Христијан Тодоровски не заслужи да влезе наместо тебе.Толку.
П.С Гласав 3 пати за Билјана и по еднаш за Нико и за Виктор.
--- надополнето ---
А што е финтава со однесувањево на Наталија, се испонашала нешто или?
Во принцип таа секогаш се однесува малку арогантно.