Македонски Идол

  • Креатор на темата Креатор на темата darmon
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Official celebrity FB page... аууу у рангот на светска ѕвезда. Што е бе со децава, ќе добијат по две три илјади френд риквест на Фејсбук најчесто од недоквакани тинејџери и си мислат, готов јас сум ѕвезда. За грев, ништо не научија за тоа што бара сцената. А таа најмалку бара арогантност. Колку сака нека е талентирана, со среќа нека и е со овој надуен став. Ја никад не би слушала човек кој од старт делува арогантно.
 
Само една информација, таа фан страна и е од пред една година и е отворена зашто некои менаџери сакале да стапат во контакт со неа колку што ми објаснувала, значи нема врска со тоа што сега ја дале на тв, а што се однесува до пеењето, конкретно за Девана, може да испее најмалку 2 пати подобро од ова на тв, јас сум и братучед, сум ја слушал во живо како пее, има моќен глас, и не знам што ќе испадне со пеењево поп и такви видови музика, ама оперска пејачка не и бега.

Еве едно видео од кај Џорлев во емисија
 
Еве го, мојот школски другар.

[video]http://mesto.com.mk/video/MWDKAK86UKH5/Macedonian-Idol--%D0%95%D0%BC%D0%B8%D0%BB-%D0%A8%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8[/video]
Ја знаете приказната за Шопе? Да не се повторувам, ако некој ја кажувал, или може сите ја знаете?
 
Значи не мрсите за Девана. Се виде од аудицијата дека не е ни дигната ни уфилмана ни ништо. Баш си беше душиче. У поглед на пеењето се глеа дека има потрошено време на техника на пеење, знае да пее, има убава боја на гласот, за 2-3 год ќе пее уште поубоо таке да мојот фаворит е таа (:
 
Хм, па ја како што знам и сите во Штип како што кажуваат Шопе на времето бил јак човек. Го држел некој од најголемите кафичи во Скопје, во центарот, не знам кој беше дали некогашен Ало, Ало, не знам не ме фаќајте за збор и него го знаат и Игор и Тони. И човекот после прокоцкал се' и забегал малку, пие и денес по Штип е нон-стоп пијан без скршен денар и у секој кафич така го частат пијачки, поради името што тогаш бил и им е жал на луѓето што пропаднал и нон-стоп игра у секој кафич, т.е. на баш у секој у оние што му ја погодуваат музиката, рокер е у душа, главна ѕвезда е секаде. Затоа мислам и Калиопи рече, дека покрај се' се радува што постојат позитивни луѓе и што му се радуваат на животот и песната. Тоа е, коцката и алкохолот си го прават своето...
Мислам дека клипов веќе го имаше постирано некој, ама тука во конеткст со приказната.
 
Може видео од брачниот пар кога пееа? Девојката трудна што беше ?
 
Само една информација, таа фан страна и е од пред една година и е отворена зашто некои менаџери сакале да стапат во контакт со неа колку што ми објаснувала, значи нема врска со тоа што сега ја дале на тв, а што се однесува до пеењето, конкретно за Девана, може да испее најмалку 2 пати подобро од ова на тв, јас сум и братучед, сум ја слушал во живо како пее, има моќен глас, и не знам што ќе испадне со пеењево поп и такви видови музика, ама оперска пејачка не и бега.

Еве едно видео од кај Џорлев во емисија

ве читам што сте пишале за Девана се гледа дека пее убаво девојчето,некој го критикуваат дека била дигнатаа многу се понашала како којзнае која ама она мене супер ми беше на М2 и Идол
а на М2 ја примија или не?

инаку после коментариве ја прифатив за пријателка на Facebook и стварно интересни слики има девојчето е убаво фино а и талентирано

Како игра алал да му е :pos:
овој го имаше на Fashion stage ако ви текнува на шоуто на Сител за манекени и манекенки што беше овој ко жаба беше слаб па и уште наочариве како оние на очно што ти ги стават да проверат диоптер:pos2:
 
шо напрај џиџи во вториот круг??
 
Туу бре стопанката,како го испуштија Грнчаров,ептен ќеифот ми се ненаправи...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom