Македонски филмови

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување
“Ecumenical Jury Award”
“Guild Film Prize”
Придавката „престижни“ во ист пасус со овие две награди некако не иде. Ecumenial Jury во Берлин е жири составено од религиозни (католички и протестантски) фанатици и даваат награда на филм (па макар и да е најлошиот на светот) во кој постои макар трошка нешто кое филмот го поврзува со христијанството, Библијата, со Евангелијата... А нормално, нели, во Петрунија имаме фрлање и фаќање крст.
Вторава награда е од кино-салите во Германија и е креирана пред 2-3 години. Кога стана престижна?

Со среќа вечер, btw.
 
Не е мој текстот, копиран од фб страната на филмот
 
Македонска премиера на Медена земја дури на лето т.е. во август на Македокс. Што значи во другите градови во септември/октомври. Во Битола претпоставувам на Браќа Манаки. Незнам зошто толку да се чека ама нивно право е.

https://smart.sdk.mk/naslovna/makedonskata-premiera-na-medena-zemja-naleto-na-makedoks/
 
Линк за ругање со Христос некој?
Луѓе филмот нема шест месеци кај што е излезен вие одма барате пиратерија. Посебно македонските филмови вообичаено 1-2 години им треба да излезат на интернет. Ругање со Христос на 28.02, 02 и 03 март во Кино Битола
 
Од Кинотека на Македонија по Љубиша Георгиевски и Столе Попов, ги реставрирале и филмовите на Кирил Ценевски. Во месец март ќе има ревија на негови филмови, меѓу кои и Оловна бригада, еден од 5-те наши кои не можат никаде да се најдат за да се гледаат, па кој е за, бујрум, ќе се договориме да одиме.

Исто така, во март ќе има ревија филмови со неодамна починатиот Бруно Ганц. Меѓѓу ффилмовите е и нашиот Сведок на Митко Панов, од 2018, кого никој никаде не успеавме да го видиме. Ќе има две проекции, па исто и за него, кој сака...

Целата програма: http://kinoteka.mk/програма-март-2019/

Сведок е на 15.03 и 16.03 од 18:00

од Кирил Ценевски:

Црно семе на 22.03 во 18:00
Јад на 22.03 во 20:00
Оловна бригада на 23.03 во 18:00
Јазол на 23.03 во 20:00

а има уште 2 наши, независни:

Копање на 01.03 во 18:00 и 04.03 во 20:00
Hey! на 15.03 во 20:00
 
Последно уредено:
Ајде за Оловна бригада, Јазол, Копање и Хеј да се збереме. Јазол го имам гледано на крш снимка (фан факт и Милчо Манчевски има епизодна улога).

Сведок го гледав, лош филм.
 
Имам три карти за Петрунија во петок, премиерата на 15-ти во 20 часот.
Во Милениум.

Мене ми излезе друга работа и нема да бидам во можност да одам.

Кој сака карти, нека ми пише во порака.

300 сите три, 150 ден у ќар :)
 
Почнува да се снима новиот филм на Игор Иванов Изи. Насловен е Хомо.
http://www.cooltura.mk/kulturni_nastani/startuva-snimaneto-na-makedonskiot-film-homo/
Разочаран сум од актерската екипа. Повторно Игор Ангелов, зошто го форсират со комедиите, како кретен се понаша. Со вакви глумци да не му испадне како нискобуџетен филм.
 
Нели лани во мај ќе почнеше Шеќерното дете да се снима. Што стана со тој проект?
 
Нели лани во мај ќе почнеше Шеќерното дете да се снима. Што стана со тој проект?
Мислам дека го повлекоа тој проект и средствата ги пренаменија на овој новиот што сега влезе во продукција.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom