Македонски филмови

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување
Излезе трејлер од Здивот на ангелот/ Исмевање на Христос на Јани Бојаџи.
 
Искрено да ви кажам го гледав трејлерот ама се измешано (ми) е многу различни приказни и настани, збунува. Конфликтот со албанците, па во Грција, па некоја семејна приказна за некој Лазар кој умрел, па со поповите... А и можеби е малку подолг трејлерот скоро 4 мин.Далеку од тоа дека тврдам дека филмот е лош има позитивни работи кои се гледаат во трејлерот: има некои добри глумци, гледам сниман е и надвор од Македонија итн. Ме радува што македонската кинематографија влегува во нов период со нови филмски автори.
 
Не очекувам ништо од филмов, али добро изгледа визуелно.

А тоа што трејлерот е 4 минути е ради тоа што филмот е долг 152 минути. По До балчак ова е втор најдолг филм во МК кинематографија.
 
Екипо, дали може да се гледа онлајн или да се спушти документарецот "Avec l'amour" ?
 
500 денари во Југотон или книжарницата Култура на плоштад. Ко воли, нек изволи. 20180716_120747.jpg
 
500 денари во Југотон или книжарницата Култура на плоштад. Ко воли, нек изволи. Прегледај го приврзокот 194059

јас го барав во Битола го нема, можеби ќе го нарачам по некој ама искрено многу е 500 ден. Прво филмот не е некој wow, нема никаква важна награда добиено а не па Оскар за да е толку пари. Ниту режисерот ниту нешто друго би додало вредност
 
Дечки, Златна Петорка за гледање на нет (торент, онлајн)?

Поздрав
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom