Македонски феномен: Експерти за се

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
А што да прави де македонскиот народ? Нема работа, нема ни да најде, нема плата, нема пари и да не ви набројувам зошто си ги знаете домашните проблеми. Нашата држава е политички организирана и луѓето мора да се политички ориентирани.
Ако секој се грижи за своите проблеми до сега сите ќе умревме од инфаркт. Оставете народот нека си дискутира па макар бил и експерт. Мене не ми смета тоа што сите се паметни :).
Не е лошо сите да сме паметни. Ама лошо е јас да ти трубам тебе во секоја сфера од твојот живот тврдејќи дека само ја сум во право и дека твоето мислење едноставно не го бива.
Темата е за тие луѓе. Луѓето кои себеси се сметаат за експерти во секоја област притоа непочитувајќи го твоето мислење.
 
Не е лошо сите да сме паметни. Ама лошо е јас да ти трубам тебе во секоја сфера од твојот живот тврдејќи дека само ја сум во право и дека твоето мислење едноставно не го бива.
Темата е за тие луѓе. Луѓето кои себеси се сметаат за експерти во секоја област притоа непочитувајќи го твоето мислење.

Па што, имам и такви во околина... луѓето си имаат свои комплекси, нека зборат што сакаат, сите ги знаат какви се и никој не ги зема здраво за готово, мене не ми сметаат ни тие луѓе во спротивно немаше да го посетувам форумов, овде се сите експерти за се и сешто :icon_lol:.
 
Дали имаме преголемо его или преголем интерес да се замараме со се што е актуелно во моментот?

Целта на форумов е секој да си го каже своето мислење, исто и на фб. Оние кои имаат пристап до интернетот, а сега ретко кој нема, има можност да се зачлени и да си почне или да се вклучи во некоја дискусија. Како ќе се одвива дискусијата зависи од говорниците, нивното познавање од она што го говорат. Не се работи за его, туку секој човек е таков. Замисли какви би биле луѓето ако во ова време на интернет се ограничат само на една работа. Подобро е да згрешат - ќе научат, лошо е ако се повтори грешката. Не може човек да се дистанцира од сите случувања во опкружувањето.
Живееме во многу чувствително време, периодот е таков. После конфликтот западнавме во еден економски, па и воопшто целосен општествен мрак и затоа нивото на комуникација и темите не се како што треба. Проблемот е што сме многу нервозни и нетолерантни, па туѓото мислење веднаш го дочекуваме на нож. Проблемот не е секогаш во мислењето на другите, туку е и во нашата нетрпеливост. Како ќе му забраниш некому да се интересира за нешто кое го „бомбардираат“ со информации од сите страни?! Се` едно за тезата која ја застапува, човечки е да сака да се доискаже. Е, тука настанува проблемот кога некој ќе помисли дека не е сфатен... тогаш почнуваат сите маки од потребата да се доискаже...
 
Па со 30% невработеност и слободно време по цел ден нема што да прават се собира досада, кеш за шетање немаат и мора на интернет да плукаат :)

Причина -->Последица
 
Експертизамот им остана само, да се сите на работа, сите да земаат над 2000Е плата и 5 часа работен ден, на овие цени луѓето телевизор нема да вклучат, за партија и политика нема да спомнат и ќе читаат светски класици и слушаат се освен поп музика и турбо фолк.
Ама ете честа тој благодет го имаат малкумина во Македонија и тоа да не се партиски луѓе и чесно и поштено да се имаат изборено за тоа.
 
Хаха, алал да ти е за темава. Се почесто и се повеќе, налетувам на вакви луѓе. Веќе не се разговара со никого, сите се знаат...
 
Значи, кога има ракомет имаме многу експерти по ракомет. Кога има фудбал, имаме многу селектори по фудбал. Кога има кошарка имаме кошаркари. Кога има политичка ситуација, имаме многу аналитичари. Кога има криминал, имаме многу Хорацио и CSI форензичари, итн. итн.,

Поентата не е во тоа што имаат луѓето мислење, него ОДРЕДЕНА група тврдат со сигурност дека се знаат, дека се експерти, дека било вака или онака.

Најлесно е човек да е експерт со далечинското во рака или да се биде генерал после битка.

Кај нас потреба има МНОГУ лекари, музичари, режисери, експерти, политичари, фудбалери, па и астронаути.

Разбирам да изнесе човек свое мислење, треба секој да има свое мислење, макар и спротивно од останатите, ама не го разбирам моментот: Слушај ме ти мене, јас кога ти кажувам, ти врска си немаш со животот. Толку многу експерти, а сепак тапкаме во место за многу работи.

Дали имаме преголемо его или преголем интерес да се замараме со се што е актуелно во моментот?

Значи зборувам ИСКЛУЧИВО за оваа група на луѓе кои арогантно постојано сите ги убедуваат дека грешат, а дека тие се во право.
90% од луѓето кај нас се професионални мрчатори. Значи за се да се мрчи, се нешто не одговара, се чека можноста да се фати сеир. Знаете ли зошто? Фрустрација. Најчесто дури и кога ќе се случи нешто добро, ќе се јави некој што ќе го зафркне целото тоа со мрчење.

Тие „експерти“ уствари многу често се чистокрвни пропалици, кои врска немаат од ништо. Прав експерт си ќути и си седи на место, остава тоа што го направил да го промовира. А знате ли зошто е пак ова така? Секое знаење се плаќа. Ако знаеш нешто и си добар во тоа, никогаш не го прави бесплатно.

Отворете Твитер и читајте ја македонската твитер заедница. Отворете портал некој, читајте ги коментарите.

Тие што најжестоко коментираат и се прават стручњаци за се и сешто, што имаат постигнато во животот. Ништо.
 
Не ме заболе дали темава идела во канта или негде во неповрат ама ич.
Колку фраери и мангупи позади екран ги има, да се чудиш! Абе македонче глупо ко и секат, мудрува сегде и со секого и на секоја тема. Те било економија, религија, психологија, механика, политика, спорт, наука.
Абе СЕ начитани, образовани, паметни, а тонеме како говна во септичка јама.
Сите образовани а цела Македонија неписмена.
Сите со решенија а проблемот е тука.
Сите препаметни, а сите глупаци...

До кога бе македонче ќе патиш од комплекс на виша вредност???
 
Во исток постои една поговорка: "Those who know, do not say, those who say, do not know".

-НЕ ЗНАМ.
Ете толку просто, а светот би постанал подобро место за живеењееее.(y)
 
Во исток постои една поговорка: "Those who know, do not say, those who say, do not know".

-НЕ ЗНАМ.
Ете толку просто, а светот би постанал подобро место за живеењееее.(y)
Стварно, замисли Тесла и Ајнштајн да ќутеле.
 
People who think they know everything are really annoying to those of us who actually do.
 
Стварно, замисли Тесла и Ајнштајн да ќутеле.

Аааа неее, тие цело време правеле дрр дррррр дрррр.
Па нормално дека ќутеле. Да коментирале секоја работа во светот, ке беа баби оговарачки, не тоа што се.
 
Аааа неее, тие цело време правеле дрр дррррр дрррр.
Па нормално дека ќутеле. Да коментирале секоја работа во светот, ке беа баби оговарачки, не тоа што се.
Што збориш бе?

http://rescomp.stanford.edu/~cheshire/EinsteinQuotes.html

Еве ти коментари на Ајнштајн за секоја сфера од животот и случки во неговото време (филозофија, историја, географија, физика, религија....)
 
Кути,или кажи нешто подобро од ќутењето, рекол питагора. :D

До авторот на темата, гледај го филмот Tais toi! ( Ќути). Токму за твоите "херои" зборува.:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom