Македонски феномен: Експерти за се

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Во превод :

Балкански менталитет

Поправилно би било да се рече можеби само за државите од Ex-Yu. Многу од луѓето на нашите простори се' знаат, а всушност ништо не знаат. Но што доколку личноста вас ви каже, т.е. се обидува да се прави паметен и дека е добро информиран во сите области кога не може да се докаже кога ќе треба, затоа државата ни е на ова ниво.
Ова се случува и во другите земји, не е дека само во Македонија и останатите членки на бивша Југославија, туку е во многу помал интензитет. Луѓето во другите земји се на различен начин образувани, социјализирани и добар дел од нив се стремат да станат експерти за она што сакаат, а не за СЕ' и на крајот да не биде ништо. Затоа тие се фокусираат на едно нешто и на крајот голема е веројатноста да успеат во тоа, но да си експерт во се', тоа мора да си Македонец,Србин,Хрват,Босанец,Црногорец или Словенец, ма да Словенија е далеку поразлична од останатите 5 Ex-Yu држави.
 
а богами и вие сте експерти за површна анализа на толку народ. А богами и експерти за оговарање сте станале.
 
Crazy in Love по твоите 16.395 мислења не верувам дека и ти не си некој експерт .Ти си ултра експерт:facepalm:

Јас на форумов дискутирам. 5 и кусур години сум дел од форумов и дискутирам на различни теми, но многу ретко или воопшто не настапувам со тезата: Јас сум секогаш во право. Кога ме демантирале сум признавала грешка, наспроти “експертите“ кои настапуваат со арогантен став дека секогаш се во право дури кога теориите им се невозможни. Јасна ти е разликата? Или пак не сфаќате за што се работи?

а богами и вие сте експерти за површна анализа на толку народ. А богами и експерти за оговарање сте станале.

Значи под сите и два милиона народ, не мислев буквално на сите, туку на групата ’експерти’ која е таква. Толку да сте буквалисти...
 
Ау да, обожавам колку експерти има во секоја област. Уште појше обожавам колку луѓе се експерти во сите области истовремено.
Ист човек ми кажува каква музика да слушам, кои филмови да ги гледам, за кој тим треба да бидам ако некогаш се решам да гледам фудбал, шо треба да ми е официјален став во однос името на Македонија.
Обожавам како се наоѓаат некои компетентни посебно да ми глумат експерти во областа во која сум се решил професионално да се развивам, а максимално шо виделе од таа област е книга од средно, 3та година.

Не е работата до интересот. До егото е. Ако имаш интернет, прво се едуцираш, читаш, истражуваш, споредуваш мислења, слушаш туѓи мислења и прифаќаш кога некој ќе каже нешто поиздржано од тебе.
Кај нас пример е егото на виделина. Или ќе биде ја ко шо ќе кажам и замислам, пошо сум најпаметен или нема да биде никако поинаку. Односно ќе те вреѓам, омаловажувам, плукам и уште што ти таму не.

Треба секој да е свесен за своите можности и соодветно на нив да функционира во заедницата во која се наоѓа.
 
Не се согласувам. Темите кои ги наведе беа/се актуелни и најнормално е луѓето да полемизираат за истите. Јас стварно не гледам што е лошо или чудно во тоа да се даде своја анализа за настаните и фала богу дека сите мислења не можат да бидат исти и не е нормално да бидат исти. И не е ова некој си македонско балкански менталитет туку најнормална ствар worldwide.
 
Ете не може вака да се изрази несогласување?
Мораше одма со клизачи и остри стартови?
Извини што те цитирам, само да дадам пример дека и на друг начин може да се изрази несогласување.
 
љубопитноста е во природата на човекот ., имате против обратете се кај бог или кај (ништото)
 
љубопитноста е во природата на човекот ., имате против обратете се кај бог или кај (ништото)
Немаме против, темава е отворена за секакви мислења. :)
 
Еј тролови утре ако падне метеор на земјата немој да сте зборнале еј, експертите само го имаат тоа право знаете
 
Еј тролови утре ако падне метеор на земјата немој да сте зборнале еј, експертите само го имаат тоа право знаете

Упорно се правиш дека не ме разбираш, али ок, секој има право да збори што сака, колку и арогантно да настапува. ;)
 
Еј тролови утре ако падне метеор на земјата немој да сте зборнале еј, експертите само го имаат тоа право знаете
Да имав 4 раце сеа со сите 4 ќе ти ракоплескав на коментаров.
Не е работата да не коментираш. Проблемот е да земеш да ме убедуваш дека ти си во право.
 
Да имав 4 раце сеа со сите 4 ќе ти ракоплескав на коментаров.
Не е работата да не коментираш. Проблемот е да земеш да ме убедуваш дека ти си во право.
затоа имаш разум и твое е дали ќе прифатиш
--- надополнето: 16 април 2012 во 21:27 ---
Македонски феномен: Хејтери за се, посебно за својот народ
свака част
 
Македонски феномен: Хејтери за се, посебно за својот народ

А бре не е хејт, воопшто. Темата беше за таа група на луѓе. Исклучиво таа група на луѓе. Ете ќе го сменам првиот пост и ќе го тргнам тоа 2 милиони ако толку ви смета. Ако си ме читал низ форумов, ќе знаеш дека воопшто не го хејтам македонскиот народ.
 
А што да прави де македонскиот народ? Нема работа, нема ни да најде, нема плата, нема пари и да не ви набројувам зошто си ги знаете домашните проблеми. Нашата држава е политички организирана и луѓето мора да се политички ориентирани.
Ако секој се грижи за своите проблеми до сега сите ќе умревме од инфаркт. Оставете народот нека си дискутира па макар бил и експерт. Мене не ми смета тоа што сите се паметни :).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom