Значи, кога има ракомет имаме 2 милиона експерти по ракомет. Кога има фудбал, имаме 2 милиона селектори по фудбал. Кога има кошарка имаме 2 милиона кошаркарти. Кога има политичка ситуација, имаме 2 милиони аналитичари. Кога има криминал, имаме 2 милиона Хорацио и CSI форензичари, итн. итн.,
Поентата не е во тоа што имаат луѓето мислење, него сите 2 милиона тврдат со сигурност дека знаат, дека се експерти, дека било вака или онака.
Најлесно е човек да е експерт со далечинското во рака или да се биде генерал после битка.
Кај нас потреба сите се лекари, музичари, режисери, експерти, политичари, фудбалери, па и астронаути.
Разбирам да изнесе човек свое мислење, треба секој да има свое мислење, макар и спротивно од останатите, ама не го разбирам моментот: Слушај ме ти мене, јас кога ти кажувам, ти врска си немаш со животот. Толку многу експерти, а сепак тапкаме во место за многу работи.
Дали имаме преголемо его или преголем интерес да се замараме со се што е актуелно во моментот?