Ааа, темава, ја немав видено претходно.
Почнуваме со СЛАВЕ, нај-по-ха-це ди-џеј у ем-кеј. Врти се живо-диво иако основата му е рап. Колку пати добро изненадувал со Мирко Митрески и Јонче Христовски
Одличен скречер, гостувал кај скоро сите што им бил потребен скреч, освен кај САФ бидејќи тие си го имаат Гоце. Инаку добро знае да се снајде и во други правци. На неколкуте манџи на кои бев цело време со Трајо правеа бек-ту-бек.
Ди-Џеј Панчо a.k.a. Shoty P
Ако не знаете кои рап песни се на врвот на топ листите, ојдете кај Панчо на жур, ќе ги сврти сите

Со една другарка се каравме за неделите во Хард Рок кај што пушта Панчо и неделите во Кастро на „Манџа“. На другарка ми и кажав дека не идам у хард рок на бути шејкин’-мани мејкин’ и таа се изгази од смеење.
Според мене најдобар drum&bass ди-џеј е Иљче. Најверојатно затоа што кога се заразував со оваа музика тој беше чест пуштач на музика

Неговите сетови беа цела една приказна. За жал одамна нема вртено грамофони пред многу народ.
Дарко Степич, познат по својот агресивен стил на пуштање, беше повикан да биде
ворм-ап ди-џеј на Продиџи кога беа во Скопје по втор пат. Пушташе музика и на еден од првите грејтест хитс настани. Неколку дена после тој настан читав на MJM форум коментар на еден од џанглистите
Ми приоѓа мало дете и ме прашува: Која е оваа музика, како може да се најде?
И јас му викам: Ќе пишеш на гугл најдобра музика на свет
Од транс ди-џеите Бушава Азбука е, верувам ќе се сложат со мене поголем дел од форумџиите, најдобриот македонски ди-џеј. Знае да пушта поширок спектар правци на електронската музика. Свири тапани во „Д Далтонс“. Престанав да бројам колку пати кичма сум оставил кога тој пуштал музика.
Вања исто ми правеше многу ќејф со неговите психоделични сетови кога правеше журки во Белви далечната 2003-2004.
Бај д веј, имаме ди-џеи и на форумов

Сателајт, другарче на Бушава Азбука, сакам негови сетови, поштуем.
Babsy, хех, ќе стане глумица наскоро, памтам на првиот жур кога ја слушавме со vodkamixx истера цел сет сосема поштено БЕЗ СЛУШАЛКИ.

dj Bocka, хаус ди-џеј, никако да и ојдам на жур

АК-47, ааа ѕвер, интересен човек, исто така пушта хаус, зависи како е расположен за пуштање, знае да пушти и фино сетче, знае и да ја тапи работата
Ајт толку сеа за сеа, предолг испадна текстов
