Македонската кошарка!

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Sezona 2007-2008 Najdobra Sezona,Mnogu Timovi Se Zasilija,Ke Bide Uzivajne...Koj E Lubitel Na Kosarka Slobono Moze Da Glede Natprevari....Nogo Dobri Igrajaci ima :salut:
 
Нашата репрезантација под 20 години

Јас мислам оти оваа репрезантација сега има многу голем потенцијал!!! Имаат квалитетен тренер МАРЈАН ЛАЗОВСКИ!!Имаат некој стварно добри малди играчи како што се браката Дамјановски,Николовски,Караколев и еден играч кој не заслужува да биде во репрезантација,А тоа е КОСТОВСКИ!!!! ТИПОТ НЕМА БЛАГА ВЕЗА.
Очекувам ваши мислења:helou:
 
Костовски е ДРВО. Дечкото на утакмица од 45 обиди за 3 има погодено само 3 тројки. СРАМ!!!
 
Темата е споена со оваа...немора за се и сешто да се отвара нова тема:)
 
Селекторот на Естонија, Тит Сок, го објави списокот од 16 кандидати, на кои ќе смета за време на подготовките за квалификациските натпревари за ЕП 200 во ”Б” групата, во која играат против Македонија и Шведска. На списокот се истакнуваат имињата на искусниот центар Мартин Мурсеп и Јанар Талтс од Рајн Енерги Келн. Сите останати кошаркари се од домашните екипи Калев (осминафиналист во ФИБА Еврокупот сезонава), ТУ Рок и Далкија:

Валмо Криса (Калев)
Танел Сок (Калев)
Силвер Лепик (ТУ Рок)
Танел Тајн (ТУ Рок)
Грегор Арбет (Калев)
Герт Куламе (ТУ Рок)
Герт Дорбек (Далкија)
Тармо Киркепил (ТУ Рок)
Кристијан Кангур (Калев)
Марек Доронин (ТУ Рок)
Мартин Мурсеп (ТУ Рок)
Јанар Талтс (Рајн Енерги Келн)
Мартин Вијаск (ТУ Рок)
Вало Алингу (ТУ Рок)
Кристијан Маке (Далкија)
Вилјар Вески (Далкија).

Естонија на 13 август ја пречекува Македонија, а на 22 август гостува во нашата земја.

Izvor:http://www.basketball.org.mk/novost.asp?id=914
 
Еве сабајле читав,Боцевски не сака да игра за репрезентација страв му било од нови повреди,не сакал да екпериментира.
 
Повикани на подготовки за Македонија
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] На списокот се најдоа 29-мина кошаркари: Врбица Стефанов (Монтепаски), Владо Илиевски (Видивичи), Синиша Аврамовски, Димитар Мираковски (ЦСКА Софија), Ефтим Богоев, Тони Грнчаров, Дарко Соколов, Диме Тасовски, Слободанчо Хаџивасилев (Струмица), Александар Костоски, Огнен Стојановски, Бојан Трајковски (Фершпед Работнички), Ристе Стефанов (Лукоил Академик), Златко Гоцевски, Александар Димитровски, Марјан Ѓуров (Фени индустри), Перо Блажевски, Кирил Павловски (Вардар о.), Кирил Николовски, Јане Петровски (МЗТ Скопје), Тодор Гечевски (Задар), Душан Боцевски (Анвил), Перо Антиќ (Црвена звезда), Младен Ѓуроски (Сплит), Ѓорѓи Чековски (Черкаски мавпи), Рајан Стак (Олимпијакос), Предраг Самарџиски (ФМП Железник), Димитар Караџовски (Скалагримур) и Мајкл Вилкинсон (Арис).[/FONT]
 
Пола пошто се звезди уствари барем тие се сметаат за звезди(а не се) нема ни да се појават. а кај сум јас? ЛОЛ
 
"За мене, барем сега, нема подобро место на кое се чувствувам подобро, порелаксирано од она кога сум со колегите од репрезентацијата. Тогаш заборавам на сите проблеми"- вели популарниот Врба.
Јовица Арсиќ полека може да почне да ги составува коцките од мозаикот наречен "подготовките за дополнителните квалификации".

Долго чекаше новиот македонски селектор на едно место да го собере најдоброто од Македонија.

И се чини дека таа негова желба ќе му се исполни, барем во најголем дел, на вечерашниот тренинг во Виница.

Тренинг на кој , така барем најавува, ќе се појави и капитенот на нашиот национален тим, Врбица Стефанов.

Стефанов во друштво на уште неколку колеги од репрезентацијата вчера ги помина оние задолжителни "контроли" на Институтот за физиологија, по што е подготвен да почне со тренажниот процес.

"Мислам дека е се во најдобар ред и дека медицинската контрола само ќе го потврди тоа. Значи подготвен да ги почнам подготовките пред оние исклучително значајни натпревари во дополнителниот квалификациски циклус" - вели Стефанов на ден пред тргнување за Виница каде е "базата" на "црвено-жолтите" во овие десетина дена.

Дека популарниот Врба е подготвен кажуваат и неговите следни зборови.
E69400453127D141816CC643632D456A.JPG
"За мене, барем сега во овие моменти, нема подобро место на кое се чувствувам подобро, порелаксирано од она кога сум со колегите од репрезентацијата. Тогаш заборавам на сите проблеми. Убаво е кога по една долга временска пауза повторно ќе се сретнеме, ќе се дружиме со една заедничка цел. Да дојдеме до тоа ЕП во Шпанија"- дополнува Стефанов.

Нема да им биде лесно на нашите кошаркари, особено што во оваа втора фаза треба да минене две пречки. Прво, оние дополнителни квалификации, а потоа и оној квалификациски турнир на трите најдобри во натпреварите по групи.

"Очекувам да бидеме комплетни и тоа што е најмногу можно. Тоа е доста битен елемент, составен дел на оваа приказна. Разговарав со добар дел од соиграчите, ветија дека ќе го дадат својот максимум. Проблеми има, не е дека ги нема. А кој и ги нема во овие времиња. Тешко е да се состават најдобрите, но убеден сум дека во овој период кој е пред нас ќе дадеме се од себе во остварување на целта"- смета капитенот на нашиот сениорски состав.

Б. Радуловиќ
Не размислувам за друг ангажман

Искрен како и секогаш е Стефанов кога се во прашање, прашањата, што и како понатаму во кариерата.

"Не размислувам за ништо друго сема за репрезентацијата. И не ме интересира такво нешто. Во преден план се подготовките и настапите во квалификациите. Кога тие ќе завршат, се надевам успешно, можеме да зборуваме за други теми, па и онаа поврзана со моето играње во следната сезона" - појаснува Врбица.
"Свежа крв" во Виница

Кој чека, тој и ќе дочека. Тоа изгледа дека важи и во случајот на Јовица Арсиќ.

Нашиот нов селектор долго време се мачеше на тренинг да собере барем две петорки. Често и не успеваше во тоа, секако не по своја вина, поради повредите на неколку кошаркари (Трајковски, Стојановски, Мираковски, Богоев).

Но, од денеска се очекува Арсиќ да има на располагање барем три петорки.

Синоќа во Виница пристигнаа неколку кандидати за "црвено-жолтиот"дрес.

Во прв план белградскиот тандем од Црвена Звезда и ФМП и "стандардните" Перо Антиќ и Предраг Самарџиски, а потоа и "дебитантите" во ова друштво Кирил Павловски и Енес Хаџибулиќ.

По дополнителниот преглед, се очекува во Виница да допатува и Александар Димитровски, а по средувањето на некои приватни работи, последен во "базата" ќе дојде и капитенот Врбица Стефанов.

Извесно е дека ќе доцни Ристе Стефанов кој треба да ја решава "ситуацијата" со Лукоил Академик, веројатно и Димитар Мираковски кој не ја санирал повредата на препоните.

Затоа пак крајно неизвесно е и дали и кога на подготовките ќе им се врати Огнен Стојановски кој ја обнови повредата на скочниот зголб на левата нога.
http://www.sport.com.mk/?ItemID=6E6122615A64FD4C98A3E8094306FC01
 
Епа тава е оти се ѕвезди .:uvo:


TOA!!!

И не дека се ѕвезди, Чековски сега правеше операција и никој не ни очекуваше да биде спремен да игра.

А договорот на Стак му истече уште лани и иако изјави дека ке продолжи да игра за Македонија и после тоа, изгледа ништо од работата. А и кога ке се размисли, човекот има 33-34 години, старо магаре е имаше напорна сезона и летово му е потребен одмор а не да почнува со подготовки на неполн месец од како му заврши сезоната.


:ban?: :ban?: :ban?:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom