акедонија ја совлада Унгарија, и тоа со убедливи, помалку и неочекувани плус 30 поени (86:56). Прва победа по четири убедливи порази, која ја остава нашата младинска репрезентација во битката за опстанок во елитната " А" Дивизија.
Победа за враќање на помалку загубената самодоверба по оние четири тешки загуби на "црвено-жолтите".
Победа која доаѓа во вистински момент, во моментите на одлука, оние кои се крстат "да се биде или не".
Победа извојувана со една фантастично одиграна трета четвртина и две неверојатни серии за неполни седум минути. Првата 16-2, а веднаш потоа и 14-2 за вкупни 30:4. Поточно од плус девет поени (42:33), прво дојдовме до 58:35, а потоа, на неполни две минути пред крајот на тој трет период и до 72:35 по кои беше јасно дека Македонија ја исфрли Унгарија од ова друштво, а в петок (16.15 часот) во дуелот со Летонија ќе решава директно за својата судбина.
Она што го посакуваше селекторот Марјан Лазовски, конечно, почна да се реализира, и тоа токму во таа трета четвртина.
Проработе шутот, особено на капитенот Александар Костоски, но и на Дамјан Стојановски, кои го "избомбардираа" противничкиот кош во тие победнички десетина минути.
Овој наш тандем искомбинира точно 50 поени, речиси колку сите на противникот. Погоди 11 "тројки" од 18 обиди со кои го исправи лошиот ефект од првото полувреме, кога повторно бевме на "нула" кога е во прашање шутот за три поени.
А почнавме одлично, поточно со стартни 9-0, што беше најава дека нашите надежи се подготвени да стават крај на лошите претстави. Тоа убаво "отворање" траеше до моментот кога водевме со 21-9, поточно во 7. минута од играта.
Беше убаво додека "траеше", ама не за долго. Влеговме во некоја фаза на "самозадоволство", момент што нејакиот противник знаеше да го искористи.
Опасно ни се приближија Унгарците двапати. По серијата од 11-0 , дојдоа до 20-21, потоа и до 23-24. Но ништо повеќе од тоа. Со серија од 10-4 која ја иницираше токму Костоски се одвоивме на двоцифрена разлика (38:27) со која екипите отидоа на одмор.
МАРЈАН ЛАЗОВСКИ:
Победа која многу значи
"Реков и пред овој натпревар дека мошне битно ќе биде да го најдеме шутот. Иако имавме проблеми во првиот дел, с$ некако дојде на свое место по онаа одлично одиграна трета четвртина. Тоа впрочем е и нашата игра. Знаеме каде имаме предност, знаевме и да ја искористиме. Не се залажуваме со оваа победа која многу ни значи на сите нас овде. Напротив, го покачи нивото на самодоверба до максимум.
Сега имаме уште еден ден за одмор и исто толку време за формирање на сликата за Летонците и оној пресуден меч. Ќе истренираме добро и се надевам дека ќе го најдеме потребното за таа толку важна победа од која зависи опстанокот во 'А' дивизијата"- вели задоволно по првиот тримф на првенството селекторот Лазовски
.
http://www.sport.com.mk/?ItemID=17456FB978DA0D40AC2A06444EDF3DFE