Континуитетот учества на големите натпревари Македонската ватерполо репрезентација ќе го продолжи со вториот настап во Светската лига.
Противници на Македонија во новата сезона се Србија, Шпанија и Германија. Натпреварите ќе ги почнеме против Шпанија во Скопје на 7-ми декември.
Претходно, на 21-ви ноември не очекува уште еден дуел со Шпанците, но во квалификациите за Европското првенство во 2012-та.
Пливачката федерација на Македонија ќе прави напори да ги помести термините и да направи двомеч со Шпанија во една недела.
Според Стефан Пулејковски, генералниот секретар во ПФМ, Србија е неспорен фаворит во групата, но Шпанија и Германија можат да бидат шанса за нашата селекција имајќи ги предвид досегашниот биланс на Македонија со нив.
Во втората група од Светската лига ќе играат Црна Гора, Турција, Русија и Романија, во третата, Хрватска, Холандија, Грција и Италија.