Бронза за македонските ватерполисти
Ватерполо репрезентацијата на Македонија го освои бронзениот медал на Универзијадата што се одржа во Шенжен во Кина. Во натпревар за третото место го поразивме САД со 10:07.
Творци на победата на македонската селекција беа Саша Мишиќ и Урош Калиниќ, кои постигнаа по три гола, Мирослав Ранџиќ беше стрелец на два гола, а Милан Петровиќ и Ведран Чирковиќ по 1.
Натпреварот за бронзата одлично го почнавме и првата четвртина ја добивме со убедливи 4:1, а вторриот период со 03:02. Во третиот дел нашите надежи го контролираа резултатот и периодот заврши со мал број голови 1:1, додека последната четвртина им припадна на Американците со 03:02.
Златниот медал и припадна на селекцијата на Србија, која во финалето беше подобра од Русија со 11:08.
За потсетување нашите ватерполисти загубија во полуфиналето од Србија со 12:05, додека Русите ги поразија Американците со 11:10.
Ова е голем успех и прв медал за македонската студенска ватерполо репрезентација, а го остварија: Милош Маринковиќ, Кристијан Манасков, Саша Мишиќ, Димитар Димовски, Урош Калиниќ, Игор Милановиќ, Милан Петровиќ, Мартин Пулејковски, Мирослав Ранџиќ, Ведран Чирковиќ, Борис Летица, Марио Синадиновски, Бојан Јаневски. Селектор на репрезентацијата е Владимир Латковиќ, а негов помошник Боби Кузмановски.
Oн.нет
Честито за дечките
Зоте оти не кажа дека во исто време со мене ќе ја пишуваш веста?
