Македонска ракометна репрезентација - (жени)

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Што ни е државата крива што сме неспособни и недисциплинирани?
 
Не реков дека они немаат вина далеку од тоа ама има и други фактори кои се виновни за се ова што се случува.
Мене ме интересира еве ако имате да ми одговорите на неколку прашања.

Зашто се откажа Мирче?

Зашто Коцевска, Охоланга, Кресоја не сакаат да слушнат за репрезентацијата?

Зашто и од кого Николич/Портјанко не бееше испочитувана на последното ЕП на кое настапуваше она а и нашата репрезентација. Знам дека побарала буќет за збогум, а не доби ништо.

Ќе ја исцитирам Пецевска(Од кога освоивме 8мо место на ЕП кај нас):'' Премиере да не викневте и да не почастевте со едно бомбонче.'' Додека ракометарите освоија 11то место прво и имаше фешти и приеми кај претседател и премиер и драми.

Нема никаква почит прво кон оние што заслужиле за друго...
 
Бајрамовска се откажа оти долги години играше со ракометарки кои не можат да се квалификуваат ни како аматери...
Коцевска беше отпишана од некој, ама после заминувањето во Германија беше далеку од она што беше во Кометал, иако никогаш не беше нешто повеќе од просечна ракометарка.
Охоланга беше нонстоп повредена, последно мислам дека беше премногу здебелена...
Единствено Кресоја не откачи, ама кога ќе видиш, таа е Србинка, зошто да гине за туѓа земја и пак ќе кажам, да игра со ракометарки на кои и не им е којзнае колку до спорт, како некој да ги присилува да играат ракомет.
Не ја знам приказната со Портјанко, но колку што знам се повлече поради старост и премногу повреди, оправдано и не гледам зашто некој би ја критикувал.
Пецевска, не знам зошто би се бунела, женските секогаш имаа поддршка од целата јавност, вклучувајќи ги и сите претседатели и премиери. Има ли поголема бонбона од Европско првенство на домашен терен?
Кога ќе си признаеме дека е до нас и ќе превземе нешто да се промениме, дури тогаш ќе имаме некаков успех. Нашиот менталитет е таков, забава пред се, виде Трифун колку е часот и си избега на време. Во 2008 имавме млади и доста потенцијални ракометарки кои за жал никогаш не го искористија својот потенцијал. Да се надеваме дека во наредните години ќе се променат работите.
 
Охоланга јас знам дека осигурување не и беше платено кое требаше да го плати нашата репрезентација кога се повреди па после не и ги плати трошоците за операција иако мислам дека кога играше за репрезентација прво се повреди.

За Портјанко јас ти гарантирам дека рфм не си стоеја на збор и не го исполнија она што и го ветија.

Бајрамовска си отиде оти имаше многу аматери... па ние ги создававме тие аматери години години... се зимаа на квалификациони натпревари, на европски, светски, на пријателски... колку толку имаа искуство плус од другиве ама џабе формата ни грам не ја подигнаа.
Тоа е што е...

Ако планира во иднина да се вложува бар да се вложува во оние кои вистински планираат да се борат да напраат нешто и кои имаат потенцијал, а не џабе да се туркаат некои без желба и идеа.
Треба многу време да помине и многу работи да се променат.
 
Мики си замина од репрезентација затоа што ем има проблеми со коленото, ем само таа и Робертина се замараа. Зошто да си ризикува кариера девојката, ене сега си пуца во Крим гајле нема.

Нема објаснување како ги бираат ракометаркиве за репрезентација. Само кај нас може да се повикаат ракометарки а да немаме селектор. Каде е Белма Беба која секоја утакмица е најдобар стрелец за Салерно? Заслужува барем шанса ако ништо друго.
 
Прочитав негде коментар на Валентина Радулович веројатно на некој пост на фб имаше напишано ''Во спорт треба да работат луѓе кои се разбираат, а не луѓе кои научиле само што гледале натпревари на тв. ''
 
Maкедонија - Исланд во сабота од 17:45 на Кале.. влез бесплатен :)
Ја мислам дека треба да се паузира 1-2 години па од 0 да се почне вака само се брукаме,ги брукаме оние ракометарки кој нешто направија за женскиот ракомет во Македонија..
 
Зарем Трифун и Бојков имаа ракометно искуство? Што да кажува Радуловиќ, па таа беше главен иницијатор за промената на Савевски, првиот тренер кој имаше храброст да даде шанса на неколку млади домашни ракометарки. Баш после таа смена и повлекувањето на Трифун ни се случуваат овие катастрофи. Околу текстот на 24 ракомет, зошто раководството да сноси одговорност, нас во моментов ни Господ не не спасува. Ужасно сме слаби, единствено останува да се направи добра 5-10 годишна програма за бавно враќање на првенствата, па после да му ја мислиме за друго. Е ако не успеат во тоа, дури тогаш раководството треба да одговара.
 
Дури после 5-10години раководството ќе биде виновно на нешто што нема да постои за толку долг период .

Не знам зашто отворив 24ракомет.
Не ги знам, ги немам гледано ама сликава кога ја видов:mad::mad: Да соберевме девојчиња од средните школи што играат еднаш годишно верувам немаше да изгубат 10разлика од овие девојчиња а не толку години да тренираат и од овие да изгубат 10разлика па рацете и нозете да не им беа врзани.
Мора некој да сноси одговорност за постепеното убивање на женската репрезентација.

Island-640x360.jpg
 
симпатични се
 
Дури после 5-10години раководството ќе биде виновно на нешто што нема да постои за толку долг период .
Како раководството да сноси одговорност за репрезентацијата кога само една и пол година се на функција? Проблемот не е само до федерацијата, со сила ли да ги натераат девојките да тренираат?
 
Како раководството да сноси одговорност за репрезентацијата кога само една и пол година се на функција? Проблемот не е само до федерацијата, со сила ли да ги натераат девојките да тренираат?

Па не се само тие девојки...
Новово раководство(претседателот, знам дека беше нов само) баш ништо нема сменето... Донесоа тренер(Магдинчев) ги изостави сите од Вардар...(нит претседателот да гукне, као што е работава, ништо).На првата со Италија се избрукавме за сите пари.. на втората исто ете и со Исланд иста песна и се одиме со исти играчи, тренерот не чинел...сменивме и пак изгубивме 10разлика, а пази од дома тргаме со помисла да победиме со 10разлика кој резил.

Па донеси млади играчи ако гледаш дека во овие нема желба јас мислам дека од прва лига девојчиња можат 120% да дадат од себе на вакви утакмици и така се праат играчи. И онака немаше шанси со 10 разлика да победиме, ризикувај кога гледаш дека не иде, бар нешто да извлечиш(некој нов играч нешто)...џабе се иде со тие најдобри као и цело време акцентот на нив се става..кога ефектот е ист.
 
Најпрво проблемот е слабо првенство.Балканска лига не играат веќе Вардар и Металург, така да младиве нема каде да се пуштат да изиграат по некоја минута.
Втора работа е тоа што почнавме од нула буквално.Металург овие изминати години извади некоја постава ама тие не ни помирисаа ЛШ.
Сега сите се крстат во Вардар.Да извади некои нови играчи, но за тоа треба период и напорна работа.

Денес бев на Кале и прво полувреме изигравме релативно добро.
Благојче се потрудил малце во одбраната, но во нападот ги испретури сите играчи.

Кога би имале барем лидер во екипава и пред се добар шутер би биле многу поразлична екипа.Нешто како Бајрамовска дури и подобар.
И со еден екстра голман без проблеми ќе ги поминевме и двете екипи.

Исланд не беа нешто посебно.Толку грешки и на двете страни не сум видел до сега.Аматерски ракомет :facepalm:

Ѓорѓиевска кога сака може да изигра добра партија.Вади некои добри шутеви ама некад ќе ја усере за сите пари.
Мечевска секои 5 минути дрес мењава.Кога ќе даде гол цела сала урла заедно со неа.Можам да замислам што ќе направи ако освои ЛШ.Гола ќе се шета низ плоштад :D
Десподовска научила некои удари од под блок.Тоа е добро.Но и голем потрошувач на топки е.
Штериова е приказна за себе.Просечен играч е нема што многу да очекуваме од неа.
Крилава некои имаат потенцијал.
Пикериве топка не фатија.Гакидова влезе последни 5-6 минути ништо многу слабо.

Поминаа и овие квалификации.Се прошетаа до Италија и Исланд, сега нека одмараат малце.
Нека погледаат Европско за една недела почнува, па може нешто ќе поднаучат ;)
 
[DOUBLEPOST=1417910932][/DOUBLEPOST]

Ама битно си правеа Selfie во Исланд и Италија ...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom