Не знам многу детали за работата на Димевски, и не сакам да го бранам. Ама изјавата на Димевски дека овие случувања имаат
политичка позадина ќе стане многу точна доколку Пеце дојде на чело на КФМ. Пеце Наумовски,
поранешен пратеник од ДПМНЕ, е
најполитизирана спортска личност во Македонија. Човекот има добиено неколку државни локации за градење на објекти, а голем дел од нив се во општина Аеродром. Со тоа, Пеце може да се смета за прв
бизнис партнер на Ивица Коневски. Од старт паѓаат во вода неговите изјави дека ќе застанел на чело на федерацијата за доброто на кошарката. Точно е дека Пеце беше име во Македонија додека беше кошаркар. После тоа сам си го
исполитизира името.
Претседател на федерација треба да е образована личност со менаџерски способности, а не човек што живее од тендери и јавни аукции што ги организира државата.
Верувам дека има многу причини да се смени Димевски, ама дека Пеце е тој што и треба на македонската кошарка не сум баш убеден. Неговата кандидатура и начинот на кој истата се спроведува само ми даваат право да мислам дека позади ова стои
политичка игра.
За крај би ја споделил фотографијата на „Одборот на промени“. Погледнете ги, како да се на комеморативна седница, а не на прес конференција за промени. Со ваква енергија ли ќе прават промени? Од изразот на лицата и на телото им се гледа дека се појавиле по нечија наредба, кажале тоа што им е напишано и толку. Пиончиња.
Многу е лесно кај нас, посебно во спортот, да се удри етикета ИСПОЛИТИЗИРАНО.
Впрочем такво ни е и целото општество, во сите пори, во све буквално е навлезена политиката.
Па затоа ниту една ваква ситуација не може да помине мирно и да не предизвика сомневање од таа политичка позадина.
Работата е јасна и едноставна , ако се работи добро, успешно и регуларно, на никој нема да му смета Димевски и да прашува кој е што е од кај е и слично.....
Иначе потполно се согласувам за минатото на Пеце во бизнисот и политиката. Но тоа е друга свера.
Кошарката е нешто сосема поинаку. Позната територија во која Пеце бил и те како успешен како играч. Нормално, не е никаква гаранција дека ќе биде подеднакво добар и како претседател, тренер, селектор или што и да е.(како Илчо сега во ФФМ или обратно како Трифун Костовски, затоа нема правила)
Но за воља на вистината, СИГУРНО гарнитурата со Пеце, Дејан Јовановски, Заре Марковски, понатака како што се најавува Врба, Марин, Гече, имаат поголемо
КОШАРКАРСКО познавање како треба да се води една кошаркарска федерација него ли овие опинциве.
И само мало потсетување ,ако те интересира, пошто го спомна минатот на Пеце како бизнисмен..
Дали знаеш дека Димевски исто така политизирано влегол на чело на МКФ, тогаш КФМ. Човек на Работнички ,заедно со Ико Мерџановски, и на Сдсм.
Дали знаеш дека Олимпискиот базен и хотелот што е во склоп на базенот му беа доделени нему од тогашната влада на сдсм? Дали знаеш во каква ситуација беше базенот и во каква Даниел го доведе? Знаеш ли ти каков криминал имаше со организацијата на младинските првенства во Б дивизии што се одржуваа во МК? Па колку пари испрал Димевски, толку јас и ти немаме испрано чорапи у животов...
Нека се седне на маса, машки, нека се согледаат фактите и нека одлучат клубовите кое е најдобро решение за
Македонската кошарка. Доста се препуцаваат и едните и другите по медиуми, соопштенија Фиба и остало. Нека свикаат Собрание и нека ОДЛУЧАТ. Дали Димевски да си остане или да дојде Пеце...simple as that