Македонска Kошаркарска Лига - Сезона 2014/15

  • Креатор на темата Креатор на темата Yeezus
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Апсолутно се слагам со постов, само реагирав пошо имаше пишано дека МЗТ носел играчи само за да освојува титули, алудирајќи на Младеновски и Арсовски, па и Стајиќ, а уствари МЗТ е клуб со најдобри услови во моментов... :toe:

Иначе за Мекиќ да, ништо не покажува до сега, ама апсолутно ништо. Кога тепаше МЗТ прошлиот викенд 1 разлика во првенство, Мекиќ имаше фантастични 100 бунари од чиста позиција за тројка.

Иначе овој Андреј е ваљда Патак, бар ја по тој надимак го знам. Океј играч е, само знае да себичи и многу често прави чекори на тргање. Коси искубаа тренериве на младинците со тие негови чекори.

Косоварот е Имами Кораб, играше пред едно 4-5 години. Од кај го ископа Панта (тогаш беше тренер на Вардар) само еден Господ знае.
И вчера направи неколку бунари Мекиќ, ама не беше единствен. Лазаревски ја закова таблата со утките од тројка, ама сепак најлегендарен став за игра и шутеви има тој Бешлиовски од Вардар.
Со таква поставеност на нозете при шутирање, може уште 300 пати да шутне и никогаш нема да погоди тројка.
Битно му здрви бокс во рамо на Младеновски во еден дуел при крај на натпреварот :D
Од никаква ситуација се разгореа страстите во тој момент :icon_mrgr:

Вчера мене највеќе ме разочара Ивановиќ, сигурен сум дека никогаш волку лоша шутерска вечер немал. Дечкото има доста прецизен шут, а вчера скоро ништо не можеше да погоди. Слично важи и за Нацевски...
Другите во рамките на можностите.

Иначе Андреј мислам дека Цветановски се презива или Цветковски :icon_mrgr:
МЗТ може има најдобри услови, ама прв потег поради кој претпоставувам дека нема да имате којзнае какви резултати е носењето на Влатче за тренер. Да не испадне дека го серам, долги години беше во Вардар и сите викаат дека многу го сакал клубот, ама човече далеку е од сериозен тренер. Повеќе нервоза има во него, отколку знаење. Жими се да му бев вчера противник на тренеерска позиција, ќе го победев и со тој состав што го имаше Вардар. Ако ги знае сите играчи на Вардар, ако ги тренирал сто години...
Не дека јас се разбирам којзнае колку во кошарка, ама ми се чини дека сто пати подобро би водел еден клуб отколку сите што се тренери во Вардар (вклучувајќи го и Мирковски).
Друга работа е што не можам да сфатам како некои играчи толку време играат и пак се очајни. Човече, јас со маалски баскет имам измислен шут за овие бе, барем обрачот го погаѓам :D
Дечкото од МЗТ со број 5 или 15, кога извади еден шут за тројка, типичен гаѓа шут, топката од гаќи ја извади. Ќе ја искршеше таблата.
Од Вардар тој па еден а фрлаше десет метра топката во вис, и на крај бунар. Мекиќ направи бунар од слободно, Лазаревски го погоди долниот страничен дел од таблата од слободно.
 
Ја да напраам бунар од слободно не играм веќе кошарка, најозбилно ти викам. :D Ова за бековите го зборам.
Тој со број 6 се степа со Младеновски, е сеа како се презиваше не успеав да видам од тоа цефките што се пред семафорот. :D
За Влатче да, се слагам до негде. Не го знам многу многу ко тренер али ко што чув муабети се поклопуваат со твојот. Инаку дечкото што ги води Вардар моментално, е мнооооооооооооооооооогу добар тренер, верувај ми. Никако не можам името да му го запомнам, абе 100 години игравме утакмици против Вардар и никако не успеав да го запамтам. Еве прашај било кое од децава што играат у Вардар ќе ти дадат само пофални зборови за него. Многу знаење има, ѕвер е.

Имаше у Вардар еден со број 15 ако не се лажам, напраи едно 3-4 бунари у второ полувреме, ама онака БУНАРИ со по пола метро далеку од обрачот. :pos:
 
6-ката е Бешлиовски, тој што го споменав :D

Тој 15-ката е еден од помладите, Шутаров се презива и тој е тој што го споменав дека шутираше фрлајќи ја топката 10 метри во вис. Ама сепак, рано е за него, има време да се оправи. Он игра и за Вардар во трета лига... :D

Тренерот на Вардар се вика Дарко Крстиќ. Искрено не знам какво знаење има, ама вчера некако слабо го водеше клубот и доста доцнеше со некои замени, иако со Стајиќ на теренот немаше што многу да се направи. И други ми го имаат фалено, викаат дека сите досегашни успеси се негова вина :D
 
Супер е Крстиќ. (го научив конечно :D)
Претходните години кога Андриевски беше прв тренер овој му беше помошник. Да видиш само какви индивидуални им држеше Крстиќ на децата, алал нека му е. Дури и во поголемиот дел од случаите он ги водеше тренинзите на младинците, а Бране на утакмиците беше прв тренер. :D
Инаку во право си, како изгубен беше против МЗТ, можда и беше помирен со поразот кога видел дека Стајиќ ќе игра, а кај вас не игра тој центарот... Има едно мноооооогу добро дете во Вардар, мислам со број 23 игра, шутер е и 97 годиште е. Страшно е детето, на претходната утакмица што ја играа во Дупка он го врати Вардар во игра со три тројки по ред.
 
Тој е Дамјан Робев, игра и за тимот во трета лига и добива се повеќе шанса :)
Доста мек шут има, а во неделата покажа дека може и добри влезови да прави, како ги измести при крајот во една ситуација, ептен ќеиф ми направи :D
 
Си праат што си сакаат

Соопштение од Соколи:

Управата на кошаркарскиот прволигаш Карпош Соколи со соопштение ја информира спортска јавност за проблемите кои ги има со предводниците на македонската кошарка, за нивната селективна правда, грешки и проблеми во работењето, поради што од останатите клубови бара да им се придружат во барањето за организација на Вонредно собрание на МКФ.

Со ова, „соколите“ им се приклучија на челниците на МЗТ Скопје, кои пред извесно време јавно, на седница на Здружението на прволигашите, исто така побараа расправа за промена на врвот во МКФ.

„Со неприсуството на ниедно одржано годишно собрание, јасно го искажуваме нашето несогласување со незаконското работење на Димевски и ги повикуваме сите клубови кои се директно или индиректно оштетени од неговите селективни политики да ни се приклучат на иницијативата за свикување вонредно собрание“, се вели во заклучокот на соопштението на „соколите“.

Како објаснување на своите барања, луѓето од Карпош ги наведуваат работите кои тие ги сметаат како грешни и проблематични во работата на првиот човек на МКФ. Главен акцент се става на фактот што, според нив, Федерацијата работи како приватна фирма.

„Основната причина за хаосот кој владее во организацијата на македонската кошарка, е лоциран во самата регистрација а субјекот кој ‘de facto’ управува со македонската кошарка. Работењето на МКФ е превземено од трговско друштво со организационен облик ДОО (Друштво со ограничена одговорност) во кое еден од основачите е самиот Димевски. Сите средства од спонзорски договори, од лиценци за играчи од сите категории, приходи од организација на првенства, и слично, всушност се сливаат во приватната фирма на Даниел Димевски.

Т.Д. МКФ Спорт ДОО Скопје, кое работи под превезот на МКФ, е профитна организација, која работи противзаконски, единствено фокусирана во оние сегменти каде може да се остварат лични профити. Затоа целиот хаос во кој сме сите ние е всушност совршена хармонија за остварување на бизнис интерсите на оној кој што свесно го создава – Даниел Димевски“, тврдат од управата на К. Соколи.

Во продолжени, „соколите“ наведуваат низа други сериозни обвинувања на сметка на првиот човек на МКФ.

„Погрешните политики на Димевски резултираа и со катастрофални резултати на младинските селекции, особено последниве 5-6 години, кога речиси без исклучок, нашите селекции претставуваат ‘топовско месо’ дури и на првенствата од Б-девизијата. Една од причините е и начинот на кој се поставуваат селектори на националните тимови, најчесто без консултација со стручните фактори, со голема доза на непотизам. Речиси секое лето се појавуваа негативни коментари за правењето нестручна и клубски ориентирана селекција, во која се фаворизираат помалку квалитетните, кои имаат подобри ‘врски’ во МКФ. Поврзано со погубните резултати на младинските селекции е и хаосот во натреварувањата во помладите категории, каде владее башибозук, диригиран од центар кој повеќе се грижи за своите бизнис интереси отколку за спортските резултати“, дополнуваат „соколите“.

Управата на прволигашот реагира и на одлуката на органите во кошарката за суспензијата на нивниот кошаркар Димче Тасовски во период од три меча, која не беше намалена по жалбата до Арбитража. А, за речиси идентичен прекршок, центарот на Кожув, Слободан Божовиќ, доби намалување на казната на само еден меч, а Тодор Гечевски, воопшто и не бeше казнет. К. Соколи реагира и на големата казна на претседателот на овој клуб, Огнен Дедиќ и неажурноста на второстепените органи во врска со овој случај.

„Штетата која Димевски на нанесе на нашиот клуб со овој случај, кој беше и медиумски публикуван, е многу повисока и од репутациски, но, пред сѐ и од финансиски аспект, бидејќи, беше единствената причина да ни биде раскинат еден спонзорски договор, по уплата на само една рата од договорот, а со кои средства беше планирано да се обезбедат финансии за новите странски засилувања на клубот

Но, ние сме само една од жртвите на погрешните политики на Димевски, кои во континуитет резултираа со откажување на спонзори и згаснување на рекорден број клубови (во мандатот на Димевски се згаснати повеќе квалитетни клубови отколку во целиот период од осамостојување на РМ). Секој новопојавен спонзор во македонската кошарка, Димевски го ставаше ‘под свое крило’, ветувајќи му брда и долини, перфидно злоупотребувајќи го неговиот ентузијазам“, завршуваат „соколите“ во своето соопштение до јавноста.

http://sportmedia.mk/karposh-sokoli-daniel-dimevski-sozdava-haos-vo-makedonskata-kosharka/#1
 
Што е работава, зошто фени-куманово не е на тв?:confused:
 
Почнуваат политички игри и у МКФ,клубовите бараат оставка од Димевски(незнам како ова дојде преку ноќ),а МЗТ даваат јавна поддршка на Пеце Наумоски...Ако се знае колку дилови има со Коневски во Аеродром и дека беше пратеник од ВМРО не треба да се биде којзнае колку паметен за да се разбере дека почнуваат политиките и у кошарката :toe:. Далеку од тоа дека тврдам дека МЗТ ќе бидат фаворизирани или незнам што,напротив имаат најквалитетен состав со новите засилувања и се апсолутно фаворити :)
 
Уште кога Соколи поднесоа барање реков што е работа. Како преку ноќ им смета Димевски...
 
Соколи се втор тим на МЗТ, пошто Гревче е минион на Ивица на политички план. Го пикнаа пак на власт, сега мора да ги возвраќа услугите.
МЗТ води војна со Димевски, па да не испадне директно дека тие напаѓаат, Соколи ја предводи нивната битка. Уште од сега најавуваат дека би го поддржале Наумовски за претседател, човек кој е наша кошаркарска легенда, ама по завршувањето на кариерата покажа дека е партиски човек и работи за партијата и за полнење на својот џеб и дека не го интересира никаков напредок на кошарката во Македонија.
Кога ќе се види кои екипи го поддржале Димевски, а кои го напаѓаат, одма се гледа дека е партиска битка. Екипите спонзорирани од градоначалници на ВМРО напаѓаат, екипите спонзорирани од градоначалници на СДСМ (Работнички, Струмица и Куманово) ќутат.
Најсмешното во целава ситуација е што вината за ужасната сезона, Коневски ја бара надвор од своите редови. Демек Димевски му е крив, што сменија 50 тренери и 200 играчи и пак ништо не можат да направат. Димевски да не им е крив што фрлија толку пари за купот и на крај испаднаа уште во полуфинале. Судиските грешки за кои се бунеа беа комедија жива...

Димевски не го бива, има основа да се бунат против него, ама не да се меша политика и да има бунт само за да се стави нивен човек.

Од друга страна јас едно нешто не можам да сфатам. Има ли преоден рок за трансфери во лигава бре?
Што е ова кој како сака си потпишува играчи, сигурно пред финале може целосено нова постава да си купи еден тим и да освои лига.
 
Уште кога Соколи поднесоа барање реков што е работа. Како преку ноќ им смета Димевски...

Па далеку од тоа дека е преку ноќ, само некој што не ги следи работите не знае или можеби не се сеќава.

1. Дозволата на Работнички да игра во сала што не е по прописи.
2. Помилувањето на Работнички да не оди во трета лига, иако по сите прописи и правилници од Федерација тоа беше крајниот резултат. И кога веќе беа помилувани, казната им беше одземање на 1 бод :D.
3. Тоа што Димче Тасовски (поранешен репрезентативец) му беше изречена суспензија од 3 натпревари и жалбата за помилување одбиена. Божович од Кожув имаше идентичен удар со лакт врз Аврамович од Куманово, беше суспендиран 3 натпревари но подоцна помилуван на 1.
4. Лактот на Гечевски во купот, кој не беше воопшто санкциониран.
5. Казната од 100.000 денари и суспензијата на претседателот на клубот Дедич 9 месеци.
6. Серија проблеми од младинската лига, во фајнал форот од минатата сезона кои се провлекоа и оваа сезона.

И купишта криминал во Федерацијата, случајот Николов, блокираната сметка на федерацијата во износ од 300.000 евра и уште многу други работи. Овие работи се наталожени од поодамна.
Затоа е револтот и барањето за негова смена.
 
Другар твоете мислење ми е исто како некој од штаб на ВМРО да ми објаснува за бомбиве.
Ти си некој близок на Соколи и твое мислење е кажано у нивното соопштение нема потреба да ни објаснуваш јасно е дека ова има политичка позадина.
Лани кога Куманово се бунеше за смена на правила преку ноќ сите ќутеа сега одеднаш ај да го мењаме.
Не дека го сакам и дека е добарама ова е поради фрустрација на Конески кој не гледа дека у него е проблем.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom