Што се дешава со лигава ?
Само слушам нешто, некои не играле, ќе менвеле претседател, ево сеа Работнички во втора лига ќе го пуштале да игра.
Во лигава чуда се дешаваат. Како ќе каже Партијата така се постапува. Едните се многу појаки моментално (на маса) и имаат контрола на Натпреварувачката комисија (составена од клубовите). Другите се многу послаби моментално, ама па тежат титулите на нивна страна. Не е баш лесно да ги исфрлиш надвор од кошарката. Не само заради реномето во јавноста туку и заради дел од фактите кои се на нивна страна.
Тоа со менување претседател е завршена приказна, актуелниот Даниел Димевски најави дека ќе се повлече, крајот на април ќе имало собрание.
Проблемот е друг. Иницијаторот на промените, клубот Карпош Соколи, не стигнал на време да направи трансформација во Акционерско друштво. Тоа е задолжително со законот за спорт. За да му прогледаат низ прсти (затоа што е нечие милениче) Натпреварувачката комисија го одложи мечот Куманово - Карпош Соколи се додека таа трансформација не се заврши !??? Дали смее така не знам, има правници во Федерацијата.
Трансформацијата заврши, мечот е презакажан, а сите други екипи си го изиграа прво коло. Според пропозициите на МКФ второ коло не смее да почне додека првото не заврши комплетно.
Арно ама Куманово не се согласи со тоа што мечот е празакажан и најави дека нема да игра против Карпош Соколи. Натпреварувачката комисија носи одлука дека Куманово губи службено 0:20.
На таа одлука Куманови упатил жалба до повисок орган, а тоа е Арбитражна комисија. Арбитражната комисија ја разгледува жалбата, нема одлука, а во меѓу време Натреварувачката комисија закажува второ коло. Дел од натпреварите се изиграа, а Работнички и Куманово не ги одиграа своите натпревари затоа што (според нив) првото коло сеуште немало целосна разрешница т.е. нема одлука од Арбитражната комисија.
Заради неодиграните натревари, Натпреварувачката комисија ги регистрира со службен резултат. Овој службен пораз на Работнички е втор оваа сезона (првиот против МЗТ) и според пропозициите на МКФ, за два злужбено изгубени натпревари автоматски следи префрлање во понизок ранг. т.е во Втора лига.
Ете, приказната за Лигата е многу едноставна.
Сложени се игрите што се водат надвор од салите. Кога ќе се спојат политика и спорт се добива многу килава ситуација што го уназадува спортот. За жал кај нас, особено во кошарката, ако Општината не даде пари, нема кој да даде ... ( можеби Кожуф е исклучок, не знам газдата со што се занимава). Луѓето што ги предводат Општините сакаат политичката борба да ја префрлат на паркетот. Ѓубриња се, од прв до последен