Македонска Kошаркарска Лига - Сезона 2014/15

  • Креатор на темата Креатор на темата Yeezus
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Работнички -

Гоце Делчев

25.10.14

МЗТ Скопје А. -

Водњански Лисици

29.10.14

Струмица

( Слободен )



Кожув -

Фени Индустри

25.10.14

Карпош Соколи -

Куманово

25.10.14


3-то коло ... Мислења и предикции ?
 
Работнички -

Гоце Делчев

25.10.14

МЗТ Скопје А. -

Водњански Лисици

29.10.14

Струмица

( Слободен )



Кожув -

Фени Индустри

25.10.14

Карпош Соколи -

Куманово

25.10.14


3-то коло ... Мислења и предикции ?
Работнички и МЗТ рутински, кај јужниве ќе биде белким Фени, го фати залетот. Карпош-Куманово ќе биде тесно, ама па на кумановци им се вклопи играта и ќе имаат донекаде предност.
 
Koја глупост е ова со предниов рок кај нас. Бркаш играчи и носиш нови кога сакаш.

Екипа со буџет 150.000 евра може да се килави за влез во супер лига. Таму за 2 месеца ке донесе уште 3 играчи за 100.000 евра и ќе ти се прошета до титула или у барем ќе ти направи проблем.
Клубовите немаат никаква потреба од план и концепција за работа. Не ти треба правилно селектирање на играчите за баланс на тимот и атмосфера во соблекувалната. Не ти треба ни знаење и визија, само пари.
Како што е случајот со Ивица.
 
Последно уредено:
Koја глупост е ова со предниов рок кај нас. Бркаш играчи и носиш нови кога сакаш.

Екипа со буџет 150.000 евра може да се килави за влез во супер лига. Таму за 2 месеца ке донесе уште 3 играчи за 100.000 евра и ќе ти се прошета до титула или у барем ќе ти направи проблем.
Клубовите немаат никаква потреба од план и концепција за работа. Не ти треба правилно селектирање на играчите за баланс на тимот и атмосфера во соблекувалната. Не ти треба ни знаење и визија, само пари.
Како што е случајот со Ивица.
Што збориш бе, колку играчи сменија претходниве 3 сезони МЗТ?
Само оваа сезона е турбулентна со играчи каде што скоро и од корен да се направија промени, а претходните 2 години само се надополнуваа.

Него да не бидам сфатен погрешно, не викам дека Ивица работи со некаква си визија и зацртана цел, далеку од тоа. Катастрофален е на тоа поле. Во интерес се само перење пари на ваков или онаков начин, како и со сите македонски тимови во сите спортови,али додека тимот за кој навивам е топ, што сакаат нека прават во позадина. Нивна работа.
 
МЗТ менува најмногу. Она што го сака Ивица е успех веднаш. Клубот нема никаква стабилност и иднина иако е еден од трите спортски колективи во државава кои имаат најголеми услови за такво нешто (и огромна поддршка) на ниво на европските. Јас ти гарантирам дека сите клубови во прва лига да почнат со ист буџет, МЗТ нема да биде ни во топ 6.
Она што го кажа Змаго е потполно во право, искрено, без влакна на јазикот и никој од МЗТ не може да му се лути за тоа. Тоа е таа реалност за МЗТ.

Доколу МЗТ во текот на првенството забележи 2-3 слаби резултати во серија на меѓународен или домашен план, Врбица ќе биде избркан. На негово место ќе биде донесен нов тренер, трет во неполна сезона.
Тоа е одраз на нестабилен клуб, односно клуб со нестабилна управа, без визија за работа и трпение.

Али добро, не ми беше тоа поентата да го критикувам МЗТ, само направив споредба со Ивица. Тоа е нивна политика на функционирање и тоа е тоа.
Моите критики се на адреса на КФМ.
Она што не ми се допаѓа и не можам да го разберам е со промената на играчите на сред сезона. Зошто КФМ воопшто дозволува такво нешто? Тоа не му дава неизвеснот на првенството, туку напротив работите се знаат однапред. На еден тим потребни се многу коцки да се наредат за да се стигне до успех. Потребни се финансиски средства, стабилна управа, тренер, играчи, атмосфера, навивачи, подготовки, тренажен баланс, среќа, доктори итн. . .
Во нашава ситуација потребно ти е само она првото, финансиски средства.

На што личеше она минатата сезона? Ајде оваа постои некоја неизвесност, тимовите се горе долу израмнети. И затоа оваа година има голем интерес кај неутралната публика.
Минатата уште пред да почне првенството сите знеавме кој ќе се бори за опстанок, кој ќе биде шампион, кој ќе игра финале и кој ќе биде у средина на табела. Ти идеш на утакмица знаејќи дека МЗТ ќе го здроби било кој противник. Нема некоја емоција, радост да (до одредено ниво), тага ич, постојана емоционална монотонија. Но сега не е така. Затоа сега лигата го привлекува вниманието на целата јавност. Неизвесно е, има мотив кај сите навивачи да се даде поддршка за својот тим, затоа што на ниеден тим однапред не му е пресудено. Тоа е тоа што го сакаме сите, да му дадеш причина на секој тим да се бори.


 
РАБОТНИЧКИ - МЗТ 05.11.2014 (МРТ)

=====================

КК КУМАНОВО 2009 - ФЕНИ ИНД. 07.11.2014 (МРТ)

МЗТ - ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

СТРУМИЦА - РАБОТНИЧКИ

КОЖУВ - ВОД. ЛИСИЦИ

=

КАРПОШ СОК. *слободен тим

???
 
РАБОТНИЧКИ - МЗТ 05.11.2014 (МРТ)

=====================

КК КУМАНОВО 2009 - ФЕНИ ИНД. 07.11.2014 (МРТ)

МЗТ - ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

СТРУМИЦА - РАБОТНИЧКИ

КОЖУВ - ВОД. ЛИСИЦИ

=

КАРПОШ СОК. *слободен тим

???
Петто коло ќе тепаат МЗТ Аеродром, Работнички и Кожув. Во дербито на колото предност му давам на Куманово.
 
Врбица е изгубен во свемирот, жално. После утакмицата пак ќе си даде оставка убеден сум :).
Само ме интересира што изговор ќе бара сеа, беше у репрезентација не му одговарала функцијата, у Мзт у младинските школи се праеше пишман аџија, излезе со изјави за младите кошаркари кај нас дека немаат никаква желба што потполно е во право, пред некој ден после поразот од Цедевита пак си даваше оставка па пак се врати на клупата.
Имам многу високо мислење за него, ама со постапките после играчката кариера да не знае што да мисли човек за него, ќе излезе дека Антич за многу работи е во право...:)
 
ЦПБ вечни шупаци. Видоа дека МЗТ се доближува резултатски и одма фрлаат предмети. Што ќе ми е мило да се доигра пред празни трибини мечов и да тепа МЗТ. Па нека се курчат ЦПБ после колку сакаат.[DOUBLEPOST=1415217822][/DOUBLEPOST]
Од ова што може да се забележи преку ТВ јас стварно не видов ни 1 причина заради која што би имало услови за прекин на мечот.Двете екипи скоро цело време беа на клупата,потоа излегоа на теренот да се загреваат без никакви пречки,а судииве уште седат во соблекувална.Имало утакмици на кои што се правеле глупости заради кои што и двете групи заслужувале асален ќотек па не се прекинувала утакмицата,а сега од не знам кои причини има скоро 1 саат прекин.Да не се навраќаме многу назад...лани во Борис кога беше нападнат обичен фан на МЗТ и кога дојде до пресметка помеѓу полицијата и ЦПБ и меѓусебна пресметка помеѓу ЦПБ немаше толкав прекин колку што е овој,а да не збориме за опција - празнење на сала.
А не ли мислиш дека е време да се престане со селско навивање? Да, точно, во минатото имало натпревари кои се играле во димна завеса од факели, се фрлале еден куп предмети, судиите јаделе туш секоја утакмица, но време е веќе да престане тоа. Ти да беше судија ќе сакаше да судиш во таква атмосфера? На кошаркарите мислиш убаво им е?
 
Последно уредено:
ЦПБ вечни шупаци. Видоа дека МЗТ се доближува резултатски и одма фрлаат предмети. Што ќе ми е мило да се доигра пред празни трибини мечов и да тепа МЗТ. Па нека се курчат ЦПБ после колку сакаат.[DOUBLEPOST=1415217822][/DOUBLEPOST]
А не ли мислиш дека е време да се престане со селско навивање? Да, точно, во минатото имало натпревари кои се играле во димна завеса од факели, се фрлале еден куп предмети, судиите јаделе туш секоја утакмица, но време е веќе да престане тоа. Ти да беше судија ќе сакаше да судиш во таква атмосфера? На кошаркарите мислиш убаво им е?

Навивањето пред да биде прекината утакмицата колку што јас слушнав беше типично за дербито кое што се игра веќе по 125 пат.
 
Се фрлаа предмети на терен. Затоа е прекинат натреварот. Дебели казни ке јаде Работнички ради ова.
 
„Ова е скандал од невиден размер. Бламажа каква што се нема случено во македонската кошарка. Шокирани сме од одлуката за празнење на трибините, а уште повеќе од решението навивачката група на МЗТ да остане во салата. Вчудоневидени сме!“, изјави Геровски.

:pos::pos::pos: Не знам колку време е типов во Работнички, али очигледно врска нема од животот а не па од кошарката.
До сега никогаш во историјата не се случило гостинска навивачка група да остане да навива а домаќинските да бидат избацени. :vozbud::vozbud:

На крај ќе испадне ова е фарса на МЗТ и Конески, тоа е јакото. Исто и како МЗТ беа прегазени... бла бла бла.... се до следното дерби.
 
Навивањето пред да биде прекината утакмицата колку што јас слушнав беше типично за дербито кое што се игра веќе по 125 пат.
И редно е веќе да се сменат некои работи.
 
„Екипа која самоволно го напушти теренот пред крајот на натпреварот или во текот на натпреварот и не се врати на повик на Првиот судија, ќе се исклучи од тековното натпреварување и во следната сезона ќе се префрли во најнизок степен на натпреварување“, се вели во членот.

Ај ај ај, како ли ќе ги спасат сега?
 
Официјално Работнички одбиле да продолжат да играат и МЗТ го добива мечот со службени 0-10!

Моментот што тек сега го приметив е дека судијата наредил да се испразни делот кај што се ЦПБ, а на трибина да останат само ФА :вонзем:
Досега ваква одлука немам чуено и ја разбирам одлуката на Работнички да не го довршат овој меч...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom