Tрета лига?
Шо збориш бе?
Дај да видам Лирија да ја деградираат у еден, а не у 2 ранга подоле. Комедии. Ебати банана држава.
За местење не е казната вака ригорозна.
Све упропастија, све им ебам...
казната е пропишана за конкретниот случај далеку пред да се игра натпреварот, не е доделена така од ѓутур.
инаку вака, мое гледиште. неутрално, не ги есапам ни двете екипи. иако е градско дерби, сепак е маалско дерби. по 2000 луѓе у сала, три реда навијачи...џанам ел-класико се игра. нејсе, тоа не е битно. дерби е, двете најдобри екипи. штета е да се исфрли во трета лига работнички, но мора да се признае ќе бев разочаран дури и повеќе ако не се испочитуваше правилникот. едноставно сакам општество со правила и систем, и да се почитува 100%. бидејќи од такви кои не ги почитуваат правилата страдаме во сите сфери и системот се распаѓа.
навивачите се поголем авторитет од судија, играчите се поголем авторитет од делегат, и се така со ред обратно. затоа доаѓаме до ова.
тодор гечески како кошаркаска легенда го почитувам за целиот негов придонес каде и да играл, особено репрезентација, ама и тежок простотилук е да се изјави: нека дојде судијата сам во сала да видиме кој ќе дојде за него. тоа е аргумент? нека оди тодор нека игра баскет во маало без судии, ако така му одговара, а во контекст на неговиот коментар.
судија дали проценува лошо и дали прави грешки не е на марин, или на мзт или на тошо да проценува, може да протестира, ама да продложи по одлуките. во маало е дозволено една екипа да се налути, и да не игра. за да не биде играта маалска, баш, воведени се вакви правила.
исто така не е аргумент, дека порано се плукало по 50 пати, а сега плукнале само 10. порано имало 30 упаљачи, а сега 12. судијата на слика му се цеди шлајм позади на маицата... ма тоа било ок? па секаде го имало? па не било прв пат..
жими се, не се само албанците племе на балканов. сите сме подеднакво гнасни племиња. локигата за невионста на работинички (навивачи, управа, играчи) во целиот овој случај ми е еднаква на логиката на албаницте со дронот.
одлуката да се испразни делот со СПБ, а фемили да остане, и мене не ми се допаѓа, ама секако проценката на судијата мора да се почитува, на страна информацијата дека поради безбедносни причини не било дозволено во исто време двете групи да ја напуштат салата, плус колку е и тоа точно, не навлагам, како така, грешно или исправно, еве ако сакате и политички нека биде (иако тоа ми е и крајно дебилно) официјалните лица така одлучиле. да се доиграат 12-13 минути, без СПБ, е неприфатливо за работнички иако свесно го прават тоа (ваљда не биле пијани, па изгубиле контрола) знаејќи дека тоа значи префрлање во трета лига, за после да има ука-бука, реакции, проблеми, жалења, конфликти... како што реков погоре, ништо повеќе од "дрон" логика.
албанија го загуби службено мечот, бидејќи одбија да продложат со утакмицата, по наредба на официјалните лица, резултатот е тој - без никакво зимање во предвид на аргументите зошто тие не сакале да го продложат мечот. зошто би било сега поразлино? мечот било одлучено да продолжи, работичнички одбиле. казната е однапред пропишана, се надевам рабонички како сериозен клуб ги познаваат прописите на КФМ.
во ваква една ситуација, колку и да навивам работиничи да не биде префрлен во трета лига, едноставно прописите се тие.
некој ја спомнува лирија, не сум запознаен со тој случај, под кои околности, и како. обично ретко читам објективни мислење поткрепени со аргументи и непристрасни, така да искрено тешко ми е за верување кога било кој слободно си толкува како му одговара од негова позиција. но и тој случај да бил скандалозен, сепак не дава за право да се прогледа низ прсти овде. реков зошто така мислам, тогаш системот паѓа во вода.
посакувам арбитражата со подршка на сите клубови да донесе одлука работнички да остане во прва лига, ама денешната одлука да биде пример за понатака дека секој мора да игра по правила, без разлика дали ти се допаѓаат или не. доколку одлуката остане, спред мене, работинчки ќе си бидат самите виновни за тоа и пример за тежок непрофесинализам.
малку на страна од темата, дербито работнички-мзт гледано низ очите на центарци и аеродромци, им припаѓа само нив, секој надвор од таа средина е нешто помалку, сељак, провинциалец, недобродојден. но кога ќе дојде до ваква ситуација, ондак губела цела македонија, страдале сите љубители на кошарката, изгубил спортот и треба сите да сочуствуваме за нивните големи клубови, но сепак маалски. гледаќи дерби, се што можете да заклучите е дека населбите на двете групи им се побитни од клубовите. ако сте од влае, и сакате да навивате за мзт, ќе мора пола утакица да навивате за населбата аеродром, иако немате никаков мотив ни нагон за такво нешто. и обратно, ако сте од драчево, а навивате за работнички, ќе мора да пеете колку центар е по-кул од селото аеродром.
затоа конфликтот нивни центар-аердодром мене не ме дира на ниеден начин, јас сум вардарец, но ми е криво клубови како мзт и работнички да страдаат од непрофесионални луѓе инволвирани во клубот, и недозреани самобендисани навивачи.