Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Грузијциве исто ко нас ќе бидат, со мешан тим, немаат ептен мотивација, ќе биде мачење и таа текма за двете екипи, а да не заборавиме дека Ерменија брка победа за да остане во борба за Лига Б така да..се е можно таму
Нас само победа на Ерменците ни гарантира дека и со нерешено во последно коло ќе сме први. Ако не ќе зависиме од мечот Естонија-Грузија. Така што најдобро да тепа Ерменија, па после ќе видиме што ќе биде. Бајги сме играчки осакатени, така што ќе биде мачно и тешко на Кипар.
 
Ајде што сите наши комшии нема да играат во ЕП..туку посмешно е тоа што ако случајно завршиме први, а Србија и Бугарија последни во групите во Б(како што се сега),Грција,Албанија и Косово го допираат дното во Ц:icon_lol:...тогаш следните квалификации ние ќе бидиме во Б...и сите наши комшии сложно во Ц :vozbud: ...какви времиња живееме...ние да бидиме репер за фудбал во Балканот:pos:.....

Реално Србија се појаки од нас фудбалски и ќе не шлапнат....ама многу сакав при ваква поставеност со овие играчи баш сега да се пробавме со Грција или Бугарија некако....како што се мизерни ништо чудно да ги шлапневме и да се израдвавме дополнително.
 
Сега најдобро Ерменија да тепа со Грузија па ние во последно коло и со нерешено сме први. Ако ги тепа Грузија двеве и ние со Ерменија може да се случи на гол разлика тие да одат. А колку се очај Естонија може и да ги наполнат во последно коло.
Доколку Ерменија денес победи, а ние во среда загубиме 1-0 од нив, тогаш Ерменија ќе биде прва .
 
Штета за Спировски и посебно Николов што добија глупи жолти картони. Средината ќе биде каша попара. Ај да се надеваме дека ќе успеат и последнава да ја извадат и ќе одиме во Б група.
 
има и страшен осет за гол,после утакмицава ништо чудно Мрме да почне прва постава да го игра.
Така и јас си викав после голот против Австрија, дека озбилно ќе планира да го игра прва постава, за на крај на клупа да го бетонира уште дополнително.
Автоматски споено мислење:

Иначе незгодни се Ерменците, доста поцврста екипа дури и од Грузијците, незнам како ќе играме против нив без пола тим.
 
во Среда дали ќе игра Алиовски ?... а ќе брани Димитриевски ?
 
Денеска најмногу потфрилија Спировски и Трајковски.

Првиот очекував сам да го контролира мечот ама беше премногу пасивен, скоро да немаше издриблано играч, премалку забележителен.

Трајковски освен тој шут што го извади, ништо не направи, Дориев за 15 минути направи повеќе од него.

За господинот Боби да не чујам лош збор, со 3 промили алкохол у крвта пак беше насекаде и го изора и теренот на Градски. Впрочем толку многу го изора што се сопна за шансата и се обрука. Заебанција настрана, немаше поента и од Мрме да го игра пак 90 минути, 40 километри има истрчано за овие две утакмици но веројатно и Тотре испаднал позитивен па мораше да игра Николов.

Ристовски и Бејтулаи беа добри, Даре и Муслиу исто. Несто стандард, кога игра Пандев барем е корисен затоа што покрива многу и му освојува простор, ама вака коа треба да е ударен... Стојановски уште во македонска лига кога беше се гледаше дека има опасен осет за позиционирање, ама шутрак е, можеше у Франција да напредне многу тој обратно фати.

Мрме нека го повика Мицевски за со Ерменија, ако не може Тотре и уште некој, па и Атанасов ако не е позитивен.

Реално и Најдовски и Тошевски ене кај е Тирана, може да дојдат да закрпат.
 
баш сега да се пробавме со Грција
Животна желба ми е да гледам меч на нашиве,ама сред Атина да е .... Јако ќе бидеееееееее
Автоматски споено мислење:

во Среда дали ќе игра Алиовски ?... а ќе брани Димитриевски ?
Си отидоа
 
Сепак Џани е поштеден и нема да игра со Ерменија. Само Елмас да е фит, да добиваат напаѓачиве некакви топки.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom