Милошевски на гол или Јане Николовски, десен бек Лазаревски, лев Попов или Петров, позади Игор Митревски, Седлоски, Николче Новевски, средина Аце Митревски, Јанчевски, Трајчев, Шумуликоски, Славчо Георгиевски, Шаќири, напред Илчо Наумовски, Мазнов, Пандев и Стојков.
Селектор: Сречко Катанец
Никогаш мислев дека нема ова да го кажам ама ми фали оваа репрезентација. Со Русија на Градски на старата север 2006 та Ноември, измрзнав како куче. Еее до кое дереџе стигнавме. Ко дете живеев за репрезентација, секоја утакмица патот до стадион со татко ми и дедо ми мислам дека до крај на живот ќе ми биде вмрежан патот до оној крш од стадион. Не сум учел за тест у школо од што сум мислел на утакмицата дека треба да одам на стадион. Ееејјј живеев за репрезентацијата. Плачев дома памтам кога Турците ни ја свртеа. Се дерев на тераса кога Ставревски им го збрца на Ирците за 1-1 на Градски. За ремито со Англија со татко ми запаливме кола со знамето качен на прозор 12г. дете бев, у Центар беше лом на Рекорд сите со коли излезени беа стоеа сите. Ги чувам картите од Чешка, Холандија, Романија... Прва утакмица што сум ја гледал во живо 1998 или 99 со Хрватска на север. Па со Јужна Кореа пријателската, Босна, Украина со Шевченко, Нигерија со Кану (кога снема струја на стадион), со Андора кога дојде Руслана на стадион беше -46 и уште памтам дека пижами носев одоздола да не ми е ладно (класика

). Чоече го немам истото чуство како тогаш. Па овие се дрва сите до еден бе. Како деца да сакаат мак клубови и репрезентација кога овие се живи пацери? Како? Престанав да си ја сакам репрезентацијава не ми се верува. Порано се знаеше. Џиџи го форсираше Чадиковски...удри по него. Исто и за Шумуликоски. Бог те мазо овие двајца го имаат измислено фудбалот за ова дрвава што се нарекуваат фудбалери бе? Игор Саша Николовски и Ставревски играа позади, средина Ѓузелов, Треневски, Тони Мицевски... Ееејј позади ни играат Шиков и Мојсов алооо?
Шчо напраивме кажал еден наш великан на времето и имал право. Сами сме си криви што ја упропастуваме кај нас една од најубавите работи на светот.