Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Сеа ми е јасно зошто имаме играчи од типот на Жута во репрезентација да направат глу фаул за да можат Шпанциве полесно да ни збрцаат гол.
 
Moментално ќе набројам тројца шо вредат повеќе од одредени избраници-говеда во репрезентацијава.

Алтипармаковски
Несторовски
Зоран Даноски

(третиов имаше една повреда на колено мислам, шо се случи не знам, но до пред година две си грмеше кога беше максимално во форма)

Мило ми е за Радески, пошто го знам детето од мало отскокнуваше, дури тренирав, беше во тимот помлади во фудбалската школа Тони. Од некое од локалните села беше, мислам Беровци. Со татко му идеше на тренинзи секој ден, напорно си тренираше, а знаете колку е зафркнато секој ден од село в град да се војва човек за сатипол работа. Голем талент е и убеден сум дека ќе се доразвива допрва.
 
каде со несторо бе брат
Па во 2013-та имаше поприлично многу постигнато голови, еве на википедија вели 48 во 64 натпревари и знам дека имаше некое официјално признание..........Шипон шо го утна некни пеналон поарен да не е? :)

Мора да се менува нешто. Па и да се ризикува. Оти од моменталниве се видело.....
 
Абе др е втора лига хрватска др е репрезентација.Се виде него колку го бидува во словачко каде даде еден ебан гол во 2-3 години. А и металург кога го вратија за никаде играше.
 
Абе др е втора лига хрватска др е репрезентација.Се виде него колку го бидува во словачко каде даде еден ебан гол во 2-3 години. А и металург кога го вратија за никаде играше.
Јас сум изреволтиран од моменталниот состав кој за онакво не го бива. И сакам само да се направи некаква промена, по цена на неуспех, тој ризик нека доведи до неуспех но нека се проба. Ионака веќе години наназад навикнавме на неуспех, а и знаеме одредени поединци како играа (земи го детево нека трчкара таму).

Не сум доволно запознаен со младинците, генерацијата на Радески. Но знам дека во времето кога и јас тренирав, Караорман имаа страшен тим моја генерација од кој 7 души некаде играа за репрезентација. Ораа децата по терен. Ама жално е што фудбалот во Македонија е заминат одамна у курац од тие врски и форсирања на некои глупаци, пропаѓаат талентите.
 
Еден текст кој е напишан од поодамна кој го покажува проблемот со кој се соочуваме со македонската репрезентацијата.

Инаку текстот е напишан од Панче Ќумбев.

"Болен ми лежи македонскиот фудбал"

Може да ме разберете и вака и онака, може некој ќе се налути, ќе ми замери, ама едноставно морам да дадам свое мислење за најважната споредна работа...

Нормално повод е последниот резултат на нашата репрезентација... изгубивме од Луксембург Да, изгубивме и затоа спортот е интересен... Секој секого може да победи и секој од секого може да изгуби. И некој ќе рече боли да изгубиш од Луксембург. Боли точно е тоа, мене ме боли како фудбалер. Ама во што сме ние подобри од нив, од Андора, Лихтенштајн, Сан Марино на фудбалски план? Само во две работи, во талентираните дечиња и во спортските гени кои ги носи секој балканец. Во се друго сме 100 години во рикверц.

Некој ќе рече дека не сум во право, меѓутоа еве ке се потрудам да објаснам. Па кој како ме разбере ќе видиме.

Зошто 90% кај нас мислат дека гореспоменативе репрезентации се аматерски а ние не сме? Дали мислите дека нивните лиги се поаматерски од нашата? Да почнам со ред.

Нашата прва фудбалска лига брои 14 "професионални" екипи. Дали знаете колку од нив се стварно професионални,колку од нив ги исполнуваат и најосновните услови за натпреварување? Можеби 2-3, нека бидат и 3-4. Повеќе не се со гаранција. Да почнам со ред.

1. Услови за работа(помошни терени,опрема,медицински тим,соблекувални,стручен тим)

Како што напоменав само 3-4 екипи ги имаат овие услови. Да не играм со имиња да не ми се налути некој. Знаете ли дека нашите играчи носат опрема стара по 10-15 години, само 3-4 екипи имаат помошен терен, за теретана да не зборувам. По клубовите нема доктори, масери, нема кој да ти даде апче ако те боли глава. Нашите играчи незнаат што се витамини, минерали, спортска исхрана. Со јадење ајвар и маргарин фудбалер не се станува. Знаете ли дека во Тетово во собелкувалната нема вода, нема струја, нема тоалет? А Тетово ги даде последните 2 шампиона на Македонија. Знаете ли дека во Кичево наместо закачалки има клинци, и дека наместо тоалет шолја има дупка среде купатило? Знаете ли дека гостинската соблекувална во Кратово, Прилеп и Штип е голема дури 3 метри квадратни, и мора да се соблекуваат играчите на групи оти нема место за сите. Знаете ли каде тренираат младите таленти во Македонија? По парковите со парталави топки голи и боси. Секоја чест за ретки исклучоци.

А какви се во аматерските земји може само да замислите. Секоја од нив има спортски комплекси, со помошни терени, со терени со вештачка трева, со сауни, со теретани со нова опрема. И кој е аматер тука??? Ние или они?

2. Професионалноста??

Знаете ли дека во Македонија 70% од фубалерите се аматери. Знаете ли дека на 70 % проценти од нив не им се плаќаат придонеси, осигурување здраствено и пензиско? Знаете ли дека ако не дај боже се повреди кај нас фудбалер може да го избркаат од клубот и да не му платат операција, лекување, рехабилитација? Знате ли дека пола лига кај нас играчите земаат плата од 150 до 200 евра и тоа нередовно?

3. Квалитетот на лигата.

Искрено и без лажни скромности сигурно сме меѓу последните 3-4 во европа за жал по квалитет или уште полошо меѓу првите 3-4 по неквалитет. Зборам за квалитет на лигата не на играчите. Кај нас може да се случи да ти влезат во соблекувална со пиштол и да ти речат дека мора да изгубиш денеска. Да така е, за жал. Кај нас може да се случи да го истепаат судијата оти досудил пенал или поништил гол, да ги истепаат гостинските играчи оти не им пуштиле на домашните. Кај нас се случува судијата да ти каже извини ама денеска мора да изгубите. И можам да редам до недоглед ама доста е.

4. Репрезентација

За секој играч е светост, чест и гордост да се игра за националниот тим. Само кај нас националниот тим е менаџерски полигон за играчи. Само кај нас постои она познатото"мора да игра". Само кај нас кога се оди на гостување авионот е исполнет со 20 играчи, 10 членови на стручниот штаб и 70 членови на така наречена "Јагнешка бригада" кои единствен контакт со фудбалската топка имале на час по физичко и тоа по грешка кога некоја залутана ги удрила по глава додека со девојчињата играле ластико. Знам дека ви се чини смешно и многу критично меѓутоа за жал така е. Знаете ли дека пола репрезентативци не ја знаат нашата химна, дека пола репрезентација не знае Македонски јазик? И некој ќе рече тие се играчите,нема други??? Молам? Нема други??? Ајде да прашам отворено, каде е најдобриот стрелец во нашето првенство Филип Ивановски? Каде се Влатко Гроздановски, Златко Таневски, Благојче Тодоровски, Крсте Велкоски, Борче Маневски, Миле Крстев, Димитрија Лазаревски, Баже Илијоски, Бобан Грнчаров, Александар Бајевски, Зоран Балдовалиев, Стојан Игњатов и да не ги редам сега ги има многу? Дали гореспоменативе не заслужуваат повик? Заслужуват и тоа како, само не се во шемите на одредени луѓе. Сите гореспоменати се стандардни во своите клубови и имаат континуитет на натпревари, што не е случај со пола репрезентација.

5. Селектор

Секоја чест на новиот селектор меѓутоа нас ни треба домашна рака, и тоа авторитетна и да не подлегнува на притисоци од типот мора да игра, или не мора да игра. Каде се Ѓоре Јовановски, Чеде Јаневски, Милко Ѓуровски, Ѓоко Хаџиевски, Џиџи Илиевски, Влатко Костов, Илчо Георгиевски, Драги Канатларовски, Зоран Смилевски и ред други?

6. Раководство

Само едно ќе кажам овде. Каде се нашите асови Дарко Панчев, Илија Најдоски, Саша Чирич, Ѓорѓи Христов, Тони Мицески, Митко Стојкоски, браќата Ѓуровски, Гоце Седлоски, Артим Шаќири? Далеку од фудбалот за жал.

И уште многу мисли ми се мотаат низ глава и уште многу работи имам да кажам меѓутоа поентата ми е една. Ние сме аматери, и тоа од највисок ранг. Затоа не се нервирајте кога ке дојде Ерменија и ќе ни акне 4-5 парчиња, кога ке дојде Луксембург и ќе ни ја сврти од два во кец. И без оправдување меѓутоа фудбалерите се најмалку виновни за оваа ситуација, за ова тонење на фудбалот кај нас.

Толку...

Се надевам на подобри денови во мак фудбалот, надежта последна умира.


Мое мислење со погоре кое го осетив на своја кожа. Јас кога бранев во вардар се погоди времето кога немаше ни денар кога си замина трифун клубот немаше пари за да плати што се вика за струја а најинтересно беше што немаше пари ни за топки нови да се купат. Затоа јас како и останатите кои бевме моравме од свој џеб да даваме пари за превоз секако кога одевме на утакмици тука спаѓаа и останатите работи кои мораш сам да си ги купуваш и едноставно месечно излегуваше да мораш да трошиш најмалку 200 евра за да играш за своја желба а да добиеш пари беше исто како да сонуваш. На мојот тренер Мутобариќ баш тогаш паметам му должеа најмалку 3 плати а што беше со останатите? Потоа откако заедно се префрлив со Муто во работнички игравме на трева која искрено на мојот плац имаше подобра трева а за соблекувалните да не правиме моабет ама ај тоа беше одамна ама како и да е и сега не е ништо сменето освен кога бев во Еуромилк кога беше во трета лига па ние го имавме најдобриот терен и соблекувална кој да не вложеше Јане птица пари во теренот и се останатото ќе беше тим со соблекувална од на перу од трета лига. Малку се вложија пари сега во Фудбалот али како и да е она најважното репрезентацијата ни е катастрофа се вкупно. Порано кога се играше фудбал на градски паметам имаше публика над 5,000 секој викенд посебно кога играше Вардар тоа беа деновите кога гледав вистински македонски фудбал сега катастрофа.
Како тоа последни два шампиони од Тетово? Или барем пиши од кога е текстов. Иначе не се сложувам дека играат за 150 евра
 
Како тоа последни два шампиони од Тетово? Или барем пиши од кога е текстов. Иначе не се сложувам дека играат за 150 евра
текстов е од пред 3 години максимум. Инаку да не играаат за 150 евра ама не играат и за 1,000 евра. Инаку читав дека минимална плата за тренер е 500 евра сега. Ако го најдам текстот кај што пишуваше кој тренер и кои играчи колку зимаат сега баш ќе го постирам тука.[DOUBLEPOST=1441750675][/DOUBLEPOST]
Како тоа последни два шампиони од Тетово? Или барем пиши од кога е текстов. Иначе не се сложувам дека играат за 150 евра
Еве го текстот

Според најновите правилници на тренерската организација, ниту еден прволигашки тренер не смее да биде платен под 500 евра месечно

Миодраг Мицковиќ

Колку заработуваат македонските тренери и спортисти, кои спортови се најплатени, дали во фудбалот се вртат големи пари. Колку тренери имаат соодветно образование за да можат да ги водат клубовите? Зошто голем број доктори по физичка култура, кои докторирале на Факултетот за физичка култура во Скопје, не се ангажирани да работат во клубовите, во нашите репрезентативни селекции? Многу прашања на кои ќе се обидеме да дадеме одговор, иако е многу тешко да се најдат податоците, особено околу заработувачките бидејќи тие се кријат како најголеми тајни и тешко се доаѓа до нив.

И додека во другите држави, платите на тренерите и играчите не се тајна, достапни се на сајтот на секој клуб, доволно е само да се притисне копчето на компјутерот и сите податоци се тука, речиси на дланка, кај нас таков „филм не се гледа“.

Се обидовме најпрвин да ги дознаеме платите на нашите прволигашки тренери, да видиме колку заработуваат фудбалерите во Првата лига - и веднаш наидовме на ѕид од молчење, на една бариера, бидејќи никој не сака да каже колку е месечна плата на еден тренер или на најдобриот фудбалер.

Според најновите усвоени правилници на тренерската организација на Фудбалскиот сојуз на Македонија, со цел да се заштитат тренерите од клупските моќници, секој клуб мора да потпише договор со својот тренер. Тој договор најпрвин се потпишува во тренерската организација, потоа се заверува во Фудбалската федерација кај регистрационата комисија. Најмала сума за месечна плата на еден прволигашки тренер не смее да биде под 500 евра (30.000 денари). Доколку се раскине договорот на штета на тренерот и добие отказ, клубот мора да му ја надомести таа сума до крајот на договорот. Доколку тоа не го стори, не може да ангажира друг тренер.

Како што дознаваме, речиси сите тренери ги потпишуваат договорите на 500 евра, практично на своја штета, а примаат месечна плата многу поголема за да не плаќаат поголем годишен данок на приходи.

Пред сите тренери во Македонија е селекторот на репрезентацијата Мирсад Јонуз. Според оние податоци што ги имаме тој месечно заработува 5.000 евра. Тоа е огромна плата во однос на примањата на другите тренери, но е двојно помала од онаа на неговиот претходник, Словенецот Среќко Катанец.

Не е тајна дека најплатен тренер во Првата фудбалска лига е шефот на Стручниот штаб на Работнички, Зоран Стратев, кој неофицијално има плата од 2.500 евра. Работнички, Македонија, Металург, Ренова и Шкендија, тука сега спаѓа и Хоризонт, се клубовите кои можат добро да ги платат тренерите. Останатите мака мачат за да обезбедат средства за плати.

Меѓу најплатените тренери се Жикица Тасевски (Металург), Едмонд Миха (Шкендија) кои имаат по 1.500 евра месечна плата, Неџат Шабани

(Ренова) и Шефки Арифовски (Хоризонт) по 1.000 евра.

Блиску до таа сума е и тренерот на Напредок, Драган Бочевски, кој добива околу 1.000 евра заедно со одделен живот и патувањата на релацијата Охрид - Кичево.

Во фудбалските кулоари познати се и платите на останатите тренери: Тони Јакимовски (Тетекс), 800 евра, Ане Андоновски (Силекс) и Никола Кузманов (Брегалница) по 700.

Шефот на Стручниот штаб на Скопје, Љупчо Марковски, кој е наедно и директор на клубот, според потпишаниот договор има плата од 500 евра, но често се случува тој да посегне во џебот за да ги плати судиите бидејќи Скопје се бори со голема беспарица. Токму и затоа е тешко да се сознае колку тој заработува месечно.

Што да кажеме за тренерите на Вардар Ѓорѓи Тодоровски и на Пелистер до пред пет-шест дена Наумче Љамчевски, сега Неџат Хусеин. Тешко е да се поверува дека Тодоровски прима плата од 500 евра, нема кој да му ги плати тие пари. Во ништо подобра положба не беше и Наумче Љамчевски. Според битолските извори новиот претседател на клубот Ванчо Атанасов сепак му плаќал извесна сума месечно на Љамчевски, но каква е сега положбата со новиот тренер Неџат Хусеин на кој клубот се' уште му должи пари од претходниот договор кога беше тренер на Пелистер, не дознавме. Битолскиот прволигаш се' уште му го нема исплатено долгот на поранешниот тренер Алекса Мацков така што Љамчевски не можеше да седи на клупата и да го води тимот, туку тоа го правеше од трибините.

Тренерите покрај месечната плата учествуваат и во премирањето за победите. Тоа се дополнителни средства што зависи од постигнатите резултати.

Фудбалерите немаат плати како тренерите, но некои од нив добро заработуваат. Најголема плата на фудбалер во Работнички е 1.500 евра, но кој добива толку, тоа го знае само благајникот и спонзорот. Неколку од нив земаат по 1.000 евра, но и тоа е клупска тајна. Најплатен фудбалер во Металург е Мирослав Вајс. Колку добива месечно, исто така, е табу тема.

Сите овие суми за заработувачката на тренерите и фудбалерите се неофицијални, за нив се зборува во фудбалските кругови, но не се далеку од вистината, иако можеби се и поголеми од оние кои ние ги напишавме.

Според најновиот правилник, што го усвои тренерската организација на Македонија, озаконет и од Управниот одбор на ФФМ, почнувајќи од сезоната 2011/12, значи од наредната година, секој прволигашки клуб мора да има тренер со Про лиценца. Без неа ниту еден тренер не може да седи на клупата во Првата лига.

Засега во Македонија има 11 тренери со Про лиценца, највисока во тренерската организација што ја признава ФИФА и УЕФА. Тоа се Мирсад Јонуз (селектор), Влатко Костов (асистент на Јонуз), Бобан Бабунски (селектор на младата репрезентација до 21 година), Гордан Здравков, Борче Христов, Ѓоре Јовановски (тренер на ЦСКА од Софија), Шефки Арифовски (Хоризонт), Боби Стојановски (тренер во Тетекс), Ѓорѓи Јовановски (тренер во Кореја). И толку.

Сегашните тренери во Првата лига: Зоран Стратев (Работнички), Жикица Тасевски (Металург), Тони Јакимовски (Тетекс), Неџат Шабани (Ренова), Едмонд Миха (Шкендија), Ѓорѓи Тодоровски (Вардар), Неџат Хусеин (Пелистер), Драган Бочевски (Напредок), Ане Андовски (Силекс), Никола Кузманов (Брегалница) и Љупчо Марковски (Скопје), доколку не добијат Про лиценца од идната сезона не ќе можат да бидат тренери на прволигашките клубови.

Некои од нив, како Стратев и Тасевски, се пред добивање на Про лиценца бидејќи им останува уште дипломски труд да го одбранат пред комисијата за добивање на лиценци. Меѓу нив се и нашиот најтрофеен тренер Ѓоко Хаџиевски, потоа Милко Ѓуровски, Тони Савевски, Горазд Михајлов, кој веќе подолго време работи како тренер во Исланд, Илчо Георгиевски, Југослав Тренчевски, Артим Шакири, селекторот на младата репрезентација до 17 години Менсур Јакупи...

Сите овие ги имаат минато предвидените часови и тестови за добивање на Про лиценца, останува само финален испит.

Дознаваме дека за третата селекција за полагање и добивање звање тренер со Про лиценца веќе се имаат пријавено Едмон Миха, Неџат Шабани, Ане Андовски, Драган Бочевски, Љупчо Марковски, Тони Јакимовски, свесни дека без таа лиценца можат само да сонуваат за тренер на Првата лига.

Инаку, секој второлигашки клуб мора да има тренер со А лиценца, тоа се однесува и за тренерите на подмладокот, пионерите и кадетите во Првата и Втората лига, додека тренерите во Третите лиги мораат да имаат Б лиценца.

Наjскапите тренери во светот

Луис Фелипе Сколари Бунјодкор, Узбекистан 16,6 млн. Е

Жозо Мурињо 11млн Е

Фабио Капело Англија 11млн. Е

Алекс Фергусон Манчестер Ј. 7млн. Е

Роберто Манчини Манчестер С 6 млнЕ

Карло Анчелоти Челзи 6 млн.Е

Луис ван Гал Баерн 5,2 млн. Е

Гус Хидинк Русија 5 млн. Е

Арсен Венгер Арсенал 4,8 млн.Е

Сите примања се неофицијални и се на месечно ниво

Мирсад Јонуз Селектор на Македонија 5.000 Е

Зоран Стратев Работнички 2.500 Е

Жикица Тасевски Металург 1.500 Е

Едмонд Миха Шкендија 1.500 Е

Неџат Шабани Ренова 1.000 Е

Драган Бочевски Напредок 1.000 Е

Тони Јакимовски Тетекс 800 Е

Ане Андоновски Силекс 700 Е

Никола Кузманов Брегалница 700 Е

Љупчо Марковски Скопје 500 Е
 
Последно уредено:
Времеплов стана темава..
Среќа празник ни беше па куртуливме..
 
Слабо нешто да коментирате,после Луксембург 12912904129 страни се напишаа,кој од кој покреативен. Денес можам да кажам само едно огромно браво за залагањето на сите играчи,почнувајќи од Брдаровски кој го провоцираше цела утакмица Диего Коста,па се до Мирко Ивановски кој имаше исто неколку блиски дуели со Рам(б)ос и Пике. Позитивна сум изненаден од Радевски и Брдаровски,одлично функционираа и се надополнуваа а и реално многу истрчаа(и сите други,освен Пачовски...ама ајде,ќе му се опрости една лоша утакмица,надокнадувал со добри одбрани пред тоа). Уште еднаш,секоја чест за залагањето,баш ме интересира зошто не играат секоја утакмица вака...

Edit и од Мики Петровиќ сум позитивно изненаден,најмногу истрча од цел состав,сигурно прекина 10-тина акции на Шпанците
 
Последно уредено:
Слабо нешто да коментирате,после Луксембург 12912904129 страни се напишаа,кој од кој покреативен. Денес можам да кажам само едно огромно браво за залагањето на сите играчи,почнувајќи од Брдаровски кој го провоцираше цела утакмица Диего Коста,па се до Мирко Ивановски кој имаше исто неколку блиски дуели со Рам(б)ос и Пике. Позитивна сум изненаден од Радевски и Брдаровски,одлично функционираа и се надополнуваа а и реално многу истрчаа(и сите други,освен Пачовски...ама ајде,ќе му се опрости една лоша утакмица,надокнадувал со добри одбрани пред тоа). Уште еднаш,секоја чест за залагањето,баш ме интересира зошто не играат секоја утакмица вака...
Јас па се мислам дека изигравме колку што Шпанија ни дозволи да изиграме... :icon_mrgr:
 
Некоја шанса освен слободниот на Хасани имавме ?
Не ја глеав многу поише на баскет бев сконцентриран, али кога и да се свртев нашиве 10 души у наша половина беа трчаа ко муви без глави по Шпанците...
И незнам шо е чудно што биле плукани претходно, кога изгубија од факинг Луксембург... Голем ташак минимално ако изгубиле од Шпанија, ако ни е утеха што не не напуниле... Боље 7 гола да примевме сега а да тепавме пред некој ден, бар од Шпанија колку и да изгубиш не е срамота.
 
Јас па се мислам дека изигравме колку што Шпанија ни дозволи да изиграме... :icon_mrgr:
Абе..тој ни е капацитетот реално,нема шо да се лутиме. Џабе се лупаме у гради ние вака,ние така кога погледни го составот колку играчи ни играат јаки утакмици у јаки лиги? Колку наши екипи играле у Европа? Направивме 2 шанси,едната ни ја блокираа во последна секунда а беше опасна ситуација другата незнам кој не ја зафати со глава најдобро+слободниот удар..Немаа мотив шпанците и то је то
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom