Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Не сме грешка, Пандев го постигна голот под пречка, за истата утакмица зборуваме со ALoTt. Ти за друга зборуваш. Колку што памтам имаме барем 4 пријателски со Босна, 2 кај нас и 2 таму.[DOUBLEPOST=1412230280][/DOUBLEPOST]Го најдов конечно на Вики страницата на Пандев. Натпреварот е одигран на 18 фебруари 2004.

P.S.
Срамота е што скоро ништо од голови на репрезентација не е зачувано на youtube, исто како што никогаш не се објави ДВД со голови на постарите генерации на Вардар. Другите клубови во бившата лига убаво си архивираа се, а кај нас веројатно скапуваат во некој подрум во МРТВ.
Аууу тоталка сум помешал, како прво знаев дека не мислам на Серафимовски, туки мислев на Ставревски и мислев на мечот со Украина кој се одиграл месец дена подоцна, а потоа загубивме на пријателска со Хрватска :D
Тогаш Ставревски ја закуца после еден корнер за победа над Украина, а не над Босна. Искрено голот на Пандев не го паметам, ама го паметам ладното време и смрзнувачката :D
 
Потопло беше со Украина, и тогаш беше полн стадион, Милан Стојановски кога му ги скрши забите на Шевченко без потреба. Тоа беше можеби последно што игравме добар фудбал.
 
Паметен потег на ФФМ, по Кајмак ќе дојдат сите малотнички што автоматски значи покана за сите педофили да дојдат на Градски. Старо и младо навива за Макдонија, о је бејби.:cool:
 
Паметен потег на ФФМ, по Кајмак ќе дојдат сите малотнички што автоматски значи покана за сите педофили да дојдат на Градски. Старо и младо навива за Макдонија, о је бејби.:cool:

на стадион слободен влез да направеле немало да има повеќе од 5к, катастрофа репрезентација Алијовски и Цуцули доминација по левата страна :cool:
 
Па исполепиле у City Mall на влезните врати за мечов со Луксембург мислиш играме со Германија. :facepalm: Од старната кај Play Caffe ставиле кукли и десовите нови од светски позантиот дизајнер на спортска опрема ''Јако''. Ги ставиле куклите у стакло случајно да не им ги земат дресовите.
Цц на улица да оставиш дрес од т.н. фудбалска репрезентација наша нема никој да го земе. Па флаери делеше една теткица за утакмицава. Ееејј за со Луксембург. Дуел на репрезентации што се со Јако опрема. Ние 112 они 127-ми. Ќе биде јако :D :facepalm:.
 
Се сеќава ли некој од постарите како се викаше оној тренер на Вардар што ги тераше играчите на Вардар да трчат угоре низ Водно со ранец полн камења? Е таков селектор им треба на нашите репрезентативци, а не после пола саат не можат ни да одат по теренот, а камоли гол да дадат. На последниве 5 средби имаат гол разлика 1:9. И тој гол што го дадоа, го дадоа од пенал. После мечот со Луксембург, ако не победат, нека скокнат во истоимената река и нека се удават.
 
Се сеќава ли некој од постарите како се викаше он тренер на Вардар што ги тераше играчите на Вардар да трчат угоре низ Водно со ранец полн камења? Е таков селектор им треба на нашите репрезентативци, а не после пола саат не можат ни да одат по теренот, а камоли гол да дадат. На последниве 5 средби имаат гол разлика 1:9. И тој гол што го дадоа, го дадоа од пенал. После мечот со Луксембург, ако не победат, нека скокнат во истоимената река и нека се удават.
Кондицијата не е проблем,туку тактиката е голем кошмар.Спореди ги Чедомир Јаневски и Бошко Ѓуро . Кој беш поефикасен и кој имаше далеку подобри резултати.Тоа е Јаневски.Скоро секој натпревар дававме по еден гол.Одлични резултати против Данска,Словенија,Србија итн. 3-0 против Данска со фул нивни состав. Значи тактички сме бедни.Гледм шо и двајцата тераа на тренинг.Чеде скоро цело време меѓу себе воигрување,а Бошко истегнување :)
 
Можда има напишано поназад на страниве ама да не барам ме мрзи...кај се продаваат картиве и по која цена се?
 
Можда има напишано поназад на страниве ама да не барам ме мрзи...кај се продаваат картиве и по која цена се?

Цените се 100,150,200
http://www.mktickets.mk[DOUBLEPOST=1412593052][/DOUBLEPOST]Цените се ОК, ама не ми е јасен терминот 20:45? Зошто? Кога ќе заврши напреварот ќе биде 22:40. Овие од ФФМ мислат дека сите гледачи имаат кола и со кола ќе одат на стадион (а и за тоа нема доволно паркинг)

Како ќе си одат дома луѓето што сакаат да гледаат од приградските населби?
Не ми се јасни ФФМ, стварно. Да е во август натпреварот ќе можам да ги разберам, ама вака не.

Капак на се, денес објавуваат

Фудбалската федерација на Македонија овозможува бесплатен влез за ученици од прво до деветто одделение, за деца без родители и од социјално ранливи категории

НЕ СЕ НОРМАЛНИ. Тие деца треба да спијат во 22:30, а не да мрзнат на стадиони.
 
Цените се 100,150,200
http://www.mktickets.mk[DOUBLEPOST=1412593052][/DOUBLEPOST]Цените се ОК, ама не ми е јасен терминот 20:45? Зошто? Кога ќе заврши напреварот ќе биде 22:40. Овие од ФФМ мислат дека сите гледачи имаат кола и со кола ќе одат на стадион (а и за тоа нема доволно паркинг)

Како ќе си одат дома луѓето што сакаат да гледаат од приградските населби?
Не ми се јасни ФФМ, стварно. Да е во август натпреварот ќе можам да ги разберам, ама вака не.

Капак на се, денес објавуваат

Фудбалската федерација на Македонија овозможува бесплатен влез за ученици од прво до деветто одделение, за деца без родители и од социјално ранливи категории

НЕ СЕ НОРМАЛНИ. Тие деца треба да спијат во 22:30, а не да мрзнат на стадиони.
Па сите квалификациони натпревари се играат од 20.45, ако сте од приградска соберете се другари и со кола, да не треба и за тоа ФФМ да ви берe гајле :D
 
Па сите квалификациони натпревари се играат од 20.45, ако сте од приградска соберете се другари и со кола, да не треба и за тоа ФФМ да ви берe гајле :D

Очигледно има некој и во ФФМ што размислува како тебе.

Без разлика дали си од приградска населба, или од Лисиче или од Ѓорче, Радишани, Маџари, Драчево, Кисела вода сигурно полноќ ќе те фати додека дојдеш дома. Ако си прошетал низ Скопје ќе видиш дека околу стадион нема каде да оставиш кола.
Плус работен ден е. Ако треба следниот ден да станеш во 07:00, двапати ќе се замислиш дали ќе одиш на стадион. Кога ќе собереш се на едно место, ќе видиш дека на едвај 1000 луѓе им одговара сето тоа (можда ти си еден од нив)

И наместо ФФМ да залажува 10годишни деца со бесплатен влез и со настап на Даниел Кајмакоски, треба да стават прст на чело и да размислат како обичниот човек да дојде на стадион без да прави посебни планови за доаѓање и враќање.
Среќа картите се по нормална цена инаку ќе беше врв.
 
И ја сум против гомнава у ФФМ, ама не претерујте. Да не сакате и вечера да ви направат, зошто може некој гладен дошол на стадион?
Има луѓе што се до 7-8 на работа, зошто не мислиш дека можеби и тие сакаат* да одат на утакмица?

* Све ова е хипотетички земено, зошто не знам кој би сакал моментално да иде и да ја гледа Македонија.
 
Последно уредено:
Во моментов и бесплатен влез е премногу за гледање на репрезентацијата.
Да ми дадат 300 денари за да си подмирам трошоци и да си купам пиво, пак би размислил дали ќе дојдам на стадион. Ама сериозен сум, бар мене ми е таков филингот. Не дека нема да ги гледам на ТВ, ама овие квалификации не ја правам истата грешка како и сите изминати. Освен фатено грло, главоболка од тапа фудбал и евентуално понижување од противникот, нема никаква корист од одење на стадион. Неее бе, ова се гледа не ТВ. Во сала од сега ќе ги гледам само РК Вардар.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom