Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Што е финтава со овој Кајмаковски што го мешаат со ФФМ? што изиграва Илчо незнам, па и во Валенсија го однесоа.

.

И ја не знам, мешаат дечко шо победи со еден куп лузеришта. :icon_lol:
 
Фудбалот ќе ни биде добар, тогаш кога ќе престанеме да се надеваме и ќе сфатиме дека од нас свирче не бидува, а не фудбалска репрезентација.
Ај уживајте малку, сега Луксембург ќе не тресне и пак “јово на ново“, ќе има уште едно “подмладување“ на репрезентација.
 
Знае се од дека се почнува ако сакаме да мрднеме од дното на кое сме...се почнува од стадионите т.е поточно игралиштата...па не можеш да очекуваш некој да стане играч на вакви треви бре...топката скока насекаде од тие дупки не се контролира...видете ги стадионо на Металург на пример...класична нива
Кога ќе се среде тревата тогаш треба да се почне со работа...
 
Чоек сеа видов дека Луксембург немаат 1 пораз годинава, дури и со Италија кога им гостувале нерешено извадиле, овие лом ќе не направат бе лол
 
Навивачите на Наполи имаат помешани чувства околу заминувањето на Горан Пандев од нивните редови во Галатасарај. И додека едни го поздравија таквиот потег на управата и го окарактеризираа како исправен, сега други почнаа да жалат по него и велат дека нивниот тим подобро фунцкионирал со него во нападот, отколку сезонава кога го нема Македонецот во тимот.

http://sportmedia.mk/navivachite-na...go-prodadovme-san-goran-za-michu-neverojatno/
 
мене баш ме интересира да видиме овој Адеми од Динамо Загреб како ќе се покаже и дали воопшто ќе заигра, да не му се деси уше некоја "повреда" пред да дојде :) и стварно не знам зошто тераат инает со Бабунски :D
 
мене баш ме интересира да видиме овој Адеми од Динамо Загреб како ќе се покаже и дали воопшто ќе заигра, да не му се деси уше некоја "повреда" пред да дојде :) и стварно не знам зошто тераат инает со Бабунски :D
Адеми позитивно се изјави на повикот на Бошко,што значи сигурно настапува против Луксе . Бабунски е повикан за у21 репрезантацијата ,Милевски изјави дека разговарале и дека се согласил да дојде да игра против Романија(пријателска).
 
и стварно не знам зошто тераат инает со Бабунски :D
Чоек што тераат инает, смачено ми е и од медиумите и од сите вака кога замараат и само што јадат г... за ФФМ (ова не е реакција лично до тебе туку генерално на ваквите критики околу неповикувањето на Бабунски). Не дека ги бранам од ФФМ ама искрено крајно коректен им е ставот за случајов, Давид е тој што тера инает. Му имаат кажано дека планираат на него и дека е иднината на нашиот фудбал, но со оглед на тоа што во последниве 3-4 месеца има одиграно вкупно 20-30 минути за својот клуб се решија да не го повикуваат, и сега сите се чудат што терале инает, зашо не го викале...? А зашо па мора да биде повикан некој што со месеци нема играно во втора шпанска лига, од кај тоа дека греач на клупа во втор тим во втора лига мора кај нас по дифолт да биде стандарден во А репрезентација???

И второ, ете за У21 2 месеци го канат да игра (оти како што кажав, со оглед на неговава „ненатпреварувачка“ форма во клубот не е за во А репрезентација), он НЕ САКАЛ, премногу ниско ниво му било тоа (!!!). Па ако е толку себичен и само за свој интерес гледа која репрезентација му е од корист, и ако не го боли к.. за тоа во која репрезентација државата најголем корист има од него и каде е најпотребен, ондак нека не се ни замара да игра. И после уште вика „он само за интерес на Македонија играл и за никој друг, од љубов кон својата земја“. Па шо не игра тогаш за У21, не он се прави фаца, ниско ниво му била, он само за А репрезентација бил, а со месеци нема топка допрено. И уште вика Ѓуровски лажго бил, му викал дека рачуна на него а сега не го повикал, и измислувал прикаски на пресот дека Давид не играл за својот клуб, а он во последниве месеци дури на еден пријателски натпревар против Индонезија У19 настапи, и после Ѓуро ке кажувал не играл :facepalm: Малце ептен се залетува, кај што мава корпа за У21 оти само свој интерес си гледа од која репрезентација има корист, и кај што од ФФМ ништо не го казнуваат за тоа, и кај што јасно му кажал Ѓуровски во очи дека рачуна на него и дека не се откажува на него, и кај што со право сега не е повикан оти со месеци нема играно за својот клуб, сега уште ги напаѓа како смеел да не добие повик и како смееле да кажат дека не игра, шо се замислува он, дека ако грее клупа за вториот тим на Барселона мора кај нас прва ѕвезда да биде, и дека не смее некој да се осмели да каже дека не игра, и дека ако изјави такво нешто ондак он е лажго??
 
Има играно и претходно неколку пријателски со Барса Б . Проблемот е Еузебио,неговиот тренер, страв ми е Давид да не стане следниот Хави Еспиноза ,жртвено јагне кој не го ни игра ни ништо,го маргинализира и не му остава простор да заигра . Давид е очигледно мега талент , одлично се склопува дури и со првотимците , одлично физички подготвен дури и од повеќето на Барса Б . Читај извештај на TotalBarca . На крај на мај ,дава извештај за Бабунски дека не му се дава доволно време на игра,и кога му се дава,тоа е едно 15 минути и тоа на негова неприродна позиција , како крили или напаѓач,а Давид е средина ,апсолутно бледо покажување . При крај на сезона,Еузебио го шифта на средина и одма покажува резултати со голови и постојан перфоманс . Ако се земе цела слика ,зошто Давид не игра,не дека Давид е виновен , крив е неговиот тренер , го маргинализира,најголем дел од настапите му се како замена влез и влегува во криза . Оваа година е клучна за него зошто има 20 години и сега е моментот кога ќе се тестира дали е за прв тим на Барса . Но засега има индикации дека Еузебио инсистира да стои на клупа ,затоа и го спомнав Хави Еспиноза ,многу е можно да ја следи неговата судбина . Затоа е многу добар потег на ФФМ што го изостанува од А селекција ,му остава простор да нема пристисок врз него .
 
да не трошам зборови и да не го дрвам јас за џабе :vozbud:
http://off.net.mk/bavchi/batman/kajmakoski-majstore-ti-si-panchev
Не, требаше другарчето негово со посебни потреби Лешоски да го земат. Али коа ти ја краде некој „славата“ кај тинејџерите, си лечиш фрустрации со тоа што плукаш некој во кој се препознаваш. Нека го остават и тој и Лешоски кајмакот, тој барем со ѕидање по 12 саата и со микрофон се снајде, не со гнасни пари од невладини кои пропагираат некој нивен вид на соживот и правење досетки за Ангел.

Тричко легендо (y) Да бевме репрезентација што сака да се крене од бездната ќе беше отпишан засекогаш. Цуцули Муцули, Спиро, Митре , Трајко у репрезентација (y) нема поголема желба моја од тоа да не тресне Луксембург.
 
а овие шо се повикани сите се стандардни во своите клубови така и имаат топка допрено ?? да не испадни дека го бранам Бабунски ама барем тој е во Барселона макар била и Барселона Б и шо се вика доволно е самото тоа шо тренира таму во однос на овие шо играат во трета лига во Швајцарија или во втора лига во Кипар, а се повикани и ќе се сигурно и стартери :) двојни аршини другарче.. и ако веќе се вика дека се прави помладување на репрезентацијата не се прави тоа со 26-27 годишни играчи :) тоа не е помладување... јас мислам дека Бабунски заедно со Велковски од Работнички, Радески од Металург, Адеми и овој Нафиу шо е во Хамбургер треба да се иднината на репрезентацијата во тој проблематичен среден ред.. ама треба да им се даде шанса...
 
а овие шо се повикани сите се стандардни во своите клубови така и имаат топка допрено ?? да не испадни дека го бранам Бабунски ама барем тој е во Барселона макар била и Барселона Б и шо се вика доволно е самото тоа шо тренира таму во однос на овие шо играат во трета лига во Швајцарија или во втора лига во Кипар, а се повикани и ќе се сигурно и стартери :) двојни аршини другарче.. и ако веќе се вика дека се прави помладување на репрезентацијата не се прави тоа со 26-27 годишни играчи :) тоа не е помладување... јас мислам дека Бабунски заедно со Велковски од Работнички, Радески од Металург, Адеми и овој Нафиу шо е во Хамбургер треба да се иднината на репрезентацијата во тој проблематичен среден ред.. ама треба да им се даде шанса...
Димитриевски,Дамчевски,Зајков,Аврамовски,Дориан Бабунски,Сулејманов,Асани итн ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom