Јаневски: Не сум и свртел грб на Македонија
„Моето заминување беше од приватни причини. Во иднина нема да има проблеми да се вратам во мак - фудбалот, дали во репрезентацијата или во некој клуб“, истакна Јаневски
По точно една година откако си замина од местото селектор на нашата најдобра репрезентација Чеде Јаневски ексклузивно во емисијата „Во недела попладне“ на ТВ АЛФА, каде беше гостин, даде свое видување за причините за неговата оставка.
„Моето заминување беше од приватни причини. Познато е дека моето семејство живее во Бриж и морав да се вратам во Белгија. Немам никакви замерки кон никого, имав добра соработка со сите. Не се расправав со никого, можам да се пофалам дека имав поддршка од сите околу мене. Така да слободно можам да кажам дека сум горд што бев селектор на репрезентацијата на Македонија, што го дадов својот придонес, што помогнав колку што можев со својата работа. Верувајте дека никогаш не сум ѝ свртел грб на мојата земја“, посочи Јаневски.
СЕКОЈ СИ ОДГОВАРА ЗА ПОСТАПКИТЕ
Познато е дека Јаневски откако си замина од Македонија седна на клупата на Монс, последнопласираната екипа во шампионатот на Белгија. Но не успеа да ја извлече од најлошото и Монс се пресели во понизок ранг.
„Секој си одговара за постапките, за своите потези. Се виде дека тој мој потег со Монс беше погрешен, но сега од оваа временски дистанца тоа го знам“.
За квалификацискиот дуел со Шпанија не беше премногу расположен да коментира.
„Мораме да бидеме реални, се знае каков е квалитетот на Шпанија, така да не смее да не обесхрабри првиот неуспех во квалификациите“ посочи екс - селекторот.
НЕМА ПРИЧИНИ ДА НЕ СЕ ВРАТАМ
Јаневски ги запозна гледачите и со својата животна приказна, но и со фудбалската и тренерска кариера. На прашањето дали би се вратил во Македонија, во мак - фудбалот тој посочи...
„Нема причина да не се вратам. Во иднина нема никакви проблеми од моја страна да работам во мак - фудбалот. Без разлика дали во репрезентацијата или во некој друг клуб. Иако една година не престојував во земјата, сепак, ги следам настаните што се случуваат. Без разлика дали станува збор за фудбалот, спортот воопшто и др. Познато ми е дека во последната година во Вардар и Шкендија дојдоа големи спонзори кои инсистираат на најголеми дострели, кои имаат високи амбиции. Имаат големи буџети и секако дека тоа е за поздравување. Да има среќа и во другите наши прволигашки клубови да влезат така големи спонзори, секако дека ќе се подигне квалитетот, а со тоа и репрезентацијата ќе има поголем избор на квалитетни фудбалери на располагање“.[DOUBLEPOST=1410973653][/DOUBLEPOST]Пред некој ден баш го видов у Лептокарија. Ако Бошко не го тепа Луксембург, оставка му даваат 1 секунда после последниот свиреж на судијата. Чеде сега се гребе да се врати у репрезентација иако штета направи со откажувањето на Пандев и Новески.
У друг живот никад не би го примил назад ама реално според мене само он има капацитет да води. Штознам...
