Која контрадикторност. Малиов соли памет, а татко му го демантира. Ако се толку очајни условите што не му се побуни на татко му, татко му што не излезе јавно и да се оградува дека поразот е ради немање услови. Ете постариот вика дека седеле во хотел со 4 звезди, со 30 минути до терен. Се случува ете ради х причини и да трае подолго превозот до стадион. Барса одеше да игра против Интер со автобус до Милано во ЛШ и не се побуна ниту еден од играчите и не бараа оправдување во тоа за поразот тогаш, овај се пува демек Меси е. Професионализам 0. Реално има квалитет и потенцијал да напредува, ама од вакво филмање уште од оваа возраст искрено многу не му оди во корист. Се мисли дека овде ќе биде фудбалски бог и дека ќе биде третиран како Меси зошто доаѓа од школа на Барса и има можност на подобро место да го надоградува својот талент и потенцијал, но според мене има доста фурни леб да јади. Пак зборува за корупција еј...за корупцијата во ФФМ каде неговиот татко е селектор и другото е се познато.
Ете, можеби и да има вистина во ова што го говори, но ете има можност тоа да се случи уште од младата репрезентација каде неговиот татко е селектор. Ако сака да предизвика револуција од промени на подобро нека му соли памет него како треба да селектира играчи и да тргне кон подобро. Ако структурите на ФФМ се толку замешани и корумпирани, А селекцијата исто, ете неговиот татко има можност да биде предводник на тие промени на подобро почнувајќи од младата селекција. Нека биде пример младата селекција па потоа ако вроди плод да има причина за плукање, ама јас не гледам подобар случај на работа во младата репрезентација. Гледам дека се селектира и по полош метод од А селекцијата. Искрено од вакви лиглиња ми е преку глава...сега плукаат, а утре ќе лижат по тоа што имаат плукано. Од земање сила по статус за внимание, до превземање на конкретни мерки против одредени структури има голема разлика. Ако е толку силен нека собери група играчи, група луѓе кои работат во структурите на ФФМ кои сакаат промени кон подобро, може тогаш да има тоа објективен карактер на бунт против нешто што не функционира добро. И селекторите ни се млитави, нема некој цврст карактер кој е принципелен и арогантен на нашиот менталитет. Како пример ќе го наведам Ќиро Блажевиќ кој сигурно беше човекот кој предизвика најголем пресврт во фудбалот во Босна. И тогашното раководство на нивната федерација не беше кој знае што, но Ќиро беше тоа што предизвика бура од промени, па се до раковоството на федерацијата. Памтам играчи кои не им се свиаѓаше таквиот режим беа тотално отстранети од репрезентацијата. Еден Сергеј Барбарез кој беше алфа и омега за цела репрезентација беше на клоци избркан и не доби уште еден настап повторно. Можеше Ќиро да ни заврши голема работа нас, ама ние се одлучивме за Чеде кој не остави на пола пат и тоа што го градеше полека да го сруши со еден потег.
Не викам дека ФФМ функционира сјајно, иако ова раководство прави некои реформи кои се доста ситни и не воочливи на краток рок, но можеби да се доста плодни на долг рок. Иако резултатски не е имплементирано сега во моментов, тоа не значи дека ќе биде слично во периодот во наредните 5 до 10 години најмалку. Од поинаквиот третман на младите категории, се гледа дека се работи на нешто за во иднина. Доста деца се на проби во добри клубови, доста млади таленти играат во младинските состави во подобри клубови. Единствен проблем е слабото првенство од кое не излегува играч кој може да го купи клуб од странство во периодот на неговиот развој (18 до 22/3 години). Зборувам за клубови од топ 5/6 лигите во Европа, нешто што се случува со србите и хрватите во моментов. Тоа е најголем проблем и кој сака да биде на чело на ФФМ мора како прво и есенцијално да го реши ова во некој период од х години. Сепак треба и финансиски сили да имаат и клубовите за да дојде до тоа ниво, но никој не би вложил во нешто доколку условите околу него се очајни. Но исто така да не се лажеме. И федерација како федерација не е секогаш клучна за успех на една селекција. Пример нека бидат ракометните и кошаркарските репрезентации кои со полоши услови и лоши федерации направија резултат.