Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
а шо демек не е во право?..зошто против Власта?..тој си ги кажва маките и реалната состојба на тажната македонска приказна а не навреди некој од членовите на ФФМ туку си е реален и си кажа што му смета..таман работа сите да ќутиме за некои луѓе што ја водат репрезентацијата не му е гаље воопшто за резултатите

во право е,не викам не,ама Илчо е дел од власта,патем со нивна помош дојде до местото претседател на ФФМ,т.е со помош на Грујо со кого како помали биле во ист клас во средно и добри другари.
Дека ќе смени нешто со тоа што го пишува не верувам.Место да дава пари од платата нека ги среди долговите на татко му и нека пише како татко му зема пари од деца за да играат во репрезентација.
Од корен треба да се чисти ФФМ веќе долго време,спас ни нема освен да лежат доживотен затвор сите и да се почне од нула.
 
И што има врска тоа со патувањето со нивниот неквалитет?
До кога бе вака, судии, патувања, замори... едноставно признај, не си доволно квалитетен.
Помалце зборување, повеќе тренирање.

нема никаква врска со неквалитетот туку со непрофесионализмот..неможи бе Португалија ете или другите европски репрезентации да имаат нормални услови што треба да се направат кога се работи за едно гостување,а кај нас се е некако аматерски и тоа влијае на резултатот без разлика на квалитетот..ставете се малце на позиција на фудбалерите..па тормозењето по ааеродромите и авионите е многу мачно и исцрпувачки , не е тоа исто како да седиш дома и да си гледаш телевизија[DOUBLEPOST=1394143680][/DOUBLEPOST]
во право е,не викам не,ама Илчо е дел од власта,патем со нивна помош дојде до местото претседател на ФФМ,т.е со помош на Грујо со кого како помали биле во ист клас во средно и добри другари.
Дека ќе смени нешто со тоа што го пишува не верувам.Место да дава пари од платата нека ги среди долговите на татко му и нека пише како татко му зема пари од деца за да играат во репрезентација.
Од корен треба да се чисти ФФМ веќе долго време,спас ни нема освен да лежат доживотен затвор сите и да се почне од нула.

бидејќи се е партиски и со врски..и други да дојдат ќе биди исто потполно..затоа ние обичните ќе седиме и ќе гледаме како македонскиот фудбал пропаѓа
 
бидејќи се е партиски и со врски..и други да дојдат ќе биди исто потполно..затоа ние обичните ќе седиме и ќе гледаме како македонскиот фудбал пропаѓа

само тоа и можеме,реално.
 
Талент од невидени рамки за нас, ама реално тоа што зборува многу не ми се допаѓа воопшто. Константно лелекање и исправување криви дрини. Многу мразам кога вака млади луѓе зборуваат со ваков тон. Веројатно дечкото е многу умислен и смета дека го гледаме ко Бог овде во Македонија, едно време и Славковски вака се однесуваше, па џам свитка еве. Повеќе потење газе, помалку дрдорење по социјалниве мрежи. Сто пати имам пишувано за него и неговите квалитети на терен, ама може да се огледа на светските фудбалски ѕвезди и да види како си биле мирни и тие кога биле на негова возраст.
Ова не дека ги бранам ФФМ, гнаси невидени се, ама ова можеше нив лично да им го прати, а не да привлекува без потреба внимание надвор од терен.
 
Кажи нешто против - "Уа, ќути си бе, што се умислуваш, ти најде да збориш!"
Не кажувај ништо - "Кај се сите да речат нешто? Сите ќутат! На никој не му е гајле! Никад нема да не бива вака!"


Ехх... Македонци мои...
 
Овој изгледа сака да му откажат кочниците од колата :icon_lol:
 
Кажи нешто против - "Уа, ќути си бе, што се умислуваш, ти најде да збориш!"
Не кажувај ништо - "Кај се сите да речат нешто? Сите ќутат! На никој не му е гајле! Никад нема да не бива вака!"


Ехх... Македонци мои...
Учи не, карај не како треба.

Ооо ти, учи не. :cuc:
 
Учи не, карај не како треба.

Ооо ти, учи не. :cuc:
Јас знам како треба, нејќам никој со сила да учам. Ако ти би сакал да научиш, само повели и прашај, све ќе ти објаснам, нема потреба од форсирање :)
 
Јес да малиов е научен на професионализам и остало, али седнал со татко му на ручек па да си попраат муабет каква е ситуацијата у ФФМ?
 
Мислам,Давид неправилно пљука за патувањето ... Беа ден,два пред натпревар таму,супер доволно време да се приспособат таму ... Ако му пречи шо немаме приватен авион или директна линија со Португалија,неоправдано пљука по Ффм .... Не сме толку богати како Франција,Австрија или било која богата земја да си дозволи авион,посебен третман или шо ... Директна линија нема,па се мораше преку друга земја со економичен нормален авион ... Ај да прашаме Афрканскиве нации или тие од далеку како Аргентина или Кореја,директно ден пред утакмица да играат со Романија или Грција, како пристигнаа ... со нормален авион .... поента за пљукање мислам не треба од Давид ... 18 години,ваљда пубертет :D
 
Ако сте тренирале барем малку фудбал ќе знаете колку се навистина напорни и тешки патувањата.
Искрено, толку мачење од авиони во авиони, од автобуси во автобуси па дури и 1 час пат до стадионот на крајот треба да бидат среќни сите што толку изгубивме.
Зарем се оставаат фудбалерите на милост и немилост? Изморени и утепани од патот, истоштени и после ќе бараат резултати од нив, неодморени и несконцентрирани.
Грешката е само во федерацијата во никој друг пошто тие се нели задолжени за менаџирањето и водењето на репрезентацијата.
Со вакви постапки и несериозно постапување на работата нема да издржат уште долго и далеку да стигнат.
 
Можеби и не е за овде мислењево ама морам да го напишам.
НАЈГЛУПАВ НАРОД СМЕ НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ !!!
Не мафтаат како сакаат одредена група на луѓе во сите свери од политика па се до спорт.
И нормално, никој ништо не превзема,сите си чмаат и лелекаат.И да дојдат другите на власт пак ќе биде исто.Едноставно тоа не може да се искорени.Друго ќе беше да се случуваја вакви срања во др држава.Ќе се направеја штрајкови ,нереди и сл срања со што ќе дојде до промена и ќе сносат одговорност тие што треба и дури тогаш се почнува од 0.Тогаш новите лица ќе се запрашаат што и како ќе прават, нема да се одлучат така лесно да прават како нивните претходници, и тогаш ќе може да тргне напред работата.Само кај нас се наредивме како што треба во државава па уште спортот остана? :facepalm:
Читам некој погоре пишал смена на ффм и почеток од нула.Кажав погоре дека не е тоа можно и објаснив зошто.Сакале вие да се сложите или не тоа е реалната слика.И тој што ќе дојде ќе го праве истото.ЗОшто?? Им се можее, нашле полабаво и ќе си го ладат курот како сакаат.
Кога ќе подразмислам подобро,можеби Љупчо-нашиот ни бивш бугарски ќустендилски премиер има до некаде право кога вели дека не сакаме нација,затоа што по постапките може мн лесно тоа да се увиди.
Незнам и зошто воопшто ја посетуваме темава.Ќе прочитам некои постови дека толку ни се можностите и дека добро сме изиграле и било супер,победа за самодоверба и слични гомнарии.И нормално ќе се изнервирам.Верувајте дека 90% од тие што го носат дресот ги заболе дали ќе победат или не, нас овде ни тежи мн повеќе секој ебан пораз.
После наместената утакмицата со Ерменија која заврши 2-2 , утакмиците ги гледам без нервози и едноставно ме заболе К што ќе направат.Се помирив со фактот дека сме банана држава во која што не се знае кој јаде а кој плаќа.Поради која причинаа мене да ме стега срцето после секој противнички напад а идиотите да местат утакмици?Поради кои причини да се стегам пред ТВ и да се нервирам затоа што сме ги заебале квалификациите? Во исто време, одговорните што треба да сносат одговорност за глупостите кои се случуваат, ни 1% од нивното време не го трошат да размислат за подобрување на ситуацијата.
 
Igor Filevski

David бидејќи тренираше со Тарзан, кој за мене е прав капитен, чисто информативно, мислам дека иако си мал по години, си поискусен од многумина со повеќе од твоите години, си со лидерски способности, посебно капитенски, борец за Вистината и Чесноста, како што реков пред малку. Ти предлагам да направиш еден СкајСелф семинар за сите капитени во сите спортови во Македонија и малку на едукација со тебе и Тарзан. Како треба да се бори за екипата и за идентитетот (за оние што не знаат бидејќи гледам овде неколку и кои не го разбираат фудбалот, Тарзан-се мисли на Пујол) и голем поздрав и до него, утре ... А где је печат?

Ja го мислев овој за кретен, сеа гледам дека е ретардиран кретен и куропушач на стари години. Фалело да му допише:

П.С Подметачи за колена ти ќе купиш или ја да си донесам?
 
Ja го мислев овој за кретен, сеа гледам дека е ретардиран кретен и куропушач на стари години. Фалело да му допише:

П.С Подметачи за колена ти ќе купиш или ја да си донесам?
Филе забега многу искрено периодов,ни да подржи нешто што е добро ни ништо од тоа ... Разбирам дека е потпарол на семејството Бабунски,но треба да биде реален во изнесувањето на критика,кога е позитивно во некоја работи да подржи,а кога негатиивно да испљука ... но он тоа и цело време баш тоа го прави,само пљука ... Пљукаше по Вугринец,пљукаше по ракомет,пљука по фудбалот,не сметајќи дека се има направено промени многу а се само една и пол година на должност .... Го запознав и лично,кога беше во Наше Такси ....[DOUBLEPOST=1394191364][/DOUBLEPOST]Еве лично од Бобан Бабунски,го негира син му .....

http://ekipa.mk/tatkoto-go-negira-sinot-imavme-organizatsija-na-najvisoko-nivo/
 
Последно уредено:
Многу го ценам Давид али ова е претерано. Португалија е каде каде поквалитетна од нас и треба спортски да се признае поразот а не веднаш да се бара вина во ФФМ кои не сакам да ги бранам но во овој случај вината е најмалку кај нив. Ајде да речеме ФФМ е крив за ова со Португалија, а тоа што изгубивме дома од Норвешка пред некое време и тука ли ФФМ крив?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom